Забава
Реакции по одлуката за „Оскари“ без зум-апликација

Одлуката да нема видеоповици преку зум-апликација на овогодишната церемонија на доделување „Оскари“ предизвикува главоболка кај повеќе номинирани лица кои живеат надвор од САД и кои сè уште се наоѓаат под ограничувања за патување среде пандемија, тврдат холивудските медиуми.
„Варајети“ и „Дедлајн Холивуд“ во средата објавија дека публицисти и некои директори на студија се пожалиле на Филмската академија во врска со логистиката, трошоците и карантинот предизвикани од одлуката на номинираните да им се забрани далечинско учество на церемонијата (со користење на апликацијата „Зум“).
Академијата за филмска уметност и наука, која е организатор на церемонијата, не одговори на барањето за коментар на извештаите.
Поради пандемијата на коронавирус, шоуто за доделување на највисоки почести во филмската индустрија ќе се одржи на две локации – Јунион стејшн во центарот на Лос Анџелес и Долби театарот во Холивуд, традиционалниот дом на „Оскарите“ – на 25 април.
Продуцентите минатата недела соопштија дека нема да има опција за видеојавување и ги охрабрија номинираните да присуствуваат лично.
Најмалку девет номинирани, вклучително и режисерот на „Надежна млада жена“ Емералд Фенел и sвездата Кери Мулиган, живеат во Британија. Се очекува Англија следната недела да забрани неважни меѓународни патувања до средината на мај.
Претставници на пет меѓународни долгометражни филмови – поднесени од Данска, Хонгконг, Романија, Тунис и Босна – исто така може да се соочат со пречки да стигнат до Лос Анџелес, пишуваат „Варајети“ и „Дедлајн“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Германски парк за птици стана дом на штотуку изведени морски орли

Два џиновски морски орли се изведоа пред неколку дена во познатиот парк за птици Weltvogelpark Walsrode во Германија.
Има уште еден, кој сè уште е во јајцето, а другите два веќе го истражуваат надворешниот свет.
Морски или белоглав орел е граблива птица во Северна Америка, позната како национална птица и симбол на САД.
Белоглавиот орел е голема птица, со должината на телото од 70 до 102 сантиметри, распон на крилја до 2,44 метри и маса од 2,5 – 7 килограми, женката е за 25 проценти поголема од мажјакот.
Забава
Високи војнички чизми – хит на пролетта, дури и кога ќе биде потопло

Многу брендови ги гледаат своите модни додатоци како армиски детали, а меѓу креациите се издвојуваат модели на високи чизми чија форма е гломазна и обложена со пластифициран водоотпорен слој.
На скала од маслинестозелена до сива боја се идеалните тонови на новите чизми за оваа пролет.
Иако потоплите денови се симбол на полесни чевли, овој моден додаток пристигнува како хит на сезоната која штотуку започна.
Ќе се носат не само со тренерки, туку и со малку покласични парчиња како што се костуми и палта.
Кожените јакни и војничкиот стил имаат посебна модна симбиоза.
Забава
Моден детокс предизвик: Можете ли да издржите 10 недели без шопинг?

Универзитетот во Глазгов објави истражување според кое кога купуваме помалку, се менува нашата перцепција и почнуваме да го цениме и носиме повеќе она што го имаме во плакарот.
Академиците од Каледонскиот универзитет во Глазгов (Glasgow Caledonian University – GCU) ги повикуваат потрошувачите да учествуваат во нивниот предизвик за модна детоксикација и да не купуваат нова облека најмалку десет недели.
Имено, нивното истражување покажало дека оние кои се воздржуваат од прекумерно купување развиваат поздрави, поодржливи ставови за она што го поседуваат во сопствената гардероба.
Истражувањето било меѓународно, а испитаниците биле од Велика Британија, Канада, САД и Австралија. Тие морале да се откажат од купувањето десет недели, по што тим од шкотскиот универзитет ги проучувал нивните емотивни реакции.
„Имено, купувањето нова облека не носи трајна среќа и задоволство, затоа мора да најдеме начини луѓето да купуваат помалку“, вели Ема Кид, истражувач за одржливост при Универзитетот во Глазгов
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?