Забава
Редок виски на Трамп продаден за шест илјади фунти
Ретко шише виски кое на себе го носи името и потписот на Доналд Трамп е продадено на наддавање во Глазгов за шест илјади британски фунти.
Станува збор за виски „GlenDronach“ стар 26 години а наточен во шише во 2012 година по повод отворањето на голф теренот на Доналд Трамп во Абердиншир.
Купувачот од Канада платил двојно повеќе од првично проценетата цена, за да биде сигурен дека вискито ќе заврши кај него, пишува BBC.
Експертите од аукциската куќа велат дека имало огромен интерес за тоа шише, додавајќи дека се извонредно задоволни од постигнатата цена која е неколкупати повисока од претходните за кои се продавале шишињата со етикетата на Доналд Трамп.
„GlenDronach самиот посебе е исклучителен виски, но врската со Трамп му даде на тоа шише претседателски поттик“, вели експертката Лори Блек од аукциската куќа „McTear’s“/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
