Контакт

Естрада

Рекорден број нови композиции за 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Објавено пред

За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5 до 7 септември годинава, доставени се рекорден број нови песни.

На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалку двесте демо снимки.

Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот.

„Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на ‘Охрид Фест – Охридски трубадури’“, истакнува Копров.

Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.

Естрада

„Игра на тронови“ ја освои главната награда на 71. доделување на „Еми“

Објавено пред

Британска инвазија се случи на 71. доделување на наградите „Еми“ – американските телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите.

На доделувањето во „Мајкрософт театарот“ во Лос Анџелес осмата сезона на култната „Игра на тронови“, која имаше вкупно 32 номинации, ја понесе главната награда, за најдобра телевизиска драма.

Серијата „Флибег“ со Фиби Волер Бриџ, пак, ги собра повеќето награди во делот за комични серии.

Покрај неа, најдобар актер во комедија е Бил Хедер („Бери“).

За најдобар актер во жанрот драма е прогласен Били Портер („Поус“), а за за најдобра актерка – Џоди Комер („Килинг Ив“).

Најдобра мини-серија е „Чернобил”.

Целосната листа на победници може да ја погледнете ја тука.

Прикажи повеќе...

Естрада

Почина масерот кој го обвини Кевин Спејси за сексуално малтретирање

Објавено пред

Човекот кој го обвини актерот Кевин Спејси за сексуален напад почина пред случајот да стигне на суд.

Иако идентитетот на лицето е непознат за јавноста, медиумите пренесуваат дека се работи за физиотерапевт кој тврдел дека Спејси без дозвола го допирал по телото во куќа во Малибу, Калифорнија, пред три години.

Физиотерапевтот го тужел актерот за сексуален напад, родово насилство, физичко насилство и намерно предизвикување емоционален стрес.

Спејси ги негираше овие обвиненија, а набргу потоа беше објавена и веста за смртта на тужителот откако адвокатите на Спејси доставиле документи на суд.

Идентитетот на физиотерапевтот не е наведен во случајот, а според документите доставени во судот, не е наведена ниту причината за смртта.

Адвокатот на лицето, Џини Харисон, го обвини правниот тим кој го застапува Спејси дека се обидува да го прикрие случајот.

„Известувањето кое беше испратено вчера беше непотребно и за презир. Но, не ме изненадува дека Спејси го испратил известувањето порано со цел да добие предност во случајот“, изјави Харисон.

Во изјавата на адвокатот, починатиот е опишан како достоинствен, добар, средовечен маж кој бил истрауматизиран од наводниот напад. Харисон додава дека покрај физиотерапевтот, таа примила жалби и од други лица кои го обвинуваат Спејси за сексуално насилство.

„Неговата борба за правда сè уште живее“, вели адвокатката.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тони Цетински не е виновен за несреќата во која почина човек

Објавено пред

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински е ослободен денес од судот во Пазин од обвинението дека предизвикал сообраќајна несреќа во која почина Ибрахим Кевљанин (62) од Ровињ.

Несреќата се случила на 3 ноември 2017 година во Ровињ. Познатиот пејач со својот „мерцедес“ налетал на човек кој лежел на патот, го прегазил и сето тоа завршило со смртта на Кевљанин.

Двајца судски вештаци дадоа мислење на судењето и беше утврдено дека Тони не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата.

Речиси сите испитани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна и непрегледна, особено завојот каде што се случила несреќата, дека во моментот на несреќата немало знак за ограничување на брзината и дека е инсталиран неодамна со ограничување на брзината од 20 километри на час.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање на датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа валст,...

Македонија42 минути

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Македонија49 минути

Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, објави...

Европа2 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ3 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет4 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет5 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа6 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет17 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион19 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија20 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет21 час

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион22 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија22 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија24 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија24 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ1 ден

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија1 ден

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Досие