Контакт

Забава

Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг

Објавено пред

Рене Зелвегер се враќа, буквално и фигуративно, со новиот проект The Back Nine.

51-годишната двократна добитничка на „Оскар“ се потпиша да глуми во комедијата за голф од режисерот и косценарист Мајкл Патрик Кинг, дознава „Холивуд репортер“.

Ова ќе биде нејзин прв филмски проект по „Џуди“ од 2019 година кога го доби својот втор „Оскар“ за портретирање на култната Џуди Гарланд.

Зелвегер ќе глуми поранешна голферка, која се откажува од сопствените аспирации за да ја поддржи професионалната кариера на нејзиниот сопруг и да биде блиску до нивниот син.

Откако нејзиниот брак и семеен живот почнуваат да тонат, таа одлучува да ги оствари своите соништа да стане професионален играч на голф.

Мајкл Патрик Кинг ќе го режира филмот по сценариото што го напиша заедно со Џони Марчинко и Криста Смит.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Само еден хороскопски знак може да се согласи со сите

Објавено пред

Овој знак на Зодијакот се согласува со сите други без драма, тие се одлични и лојални пријатели, забавни се кога излегуваат, а многумина ги сакаат како колеги на работа.

Зборуваме за риби. Овој променлив воден знак е насочен кон емоциите и нивната емпатија е на многу високо ниво. Рибите буквално можат да се „стават во чевлите на сите“.

Рибите како пријатели

Како пријатели, рибите се крајно реални и сигурни. Со нивната 11-та куќа управувана од Сатурн, планетата на правила и одговорности, тие ги сфаќаат пријателствата и општеството многу сериозно. Откако рибите ќе станат ваши пријатели, очекувајте дека ќе биде „на долги патеки“. Тие често заземаат водечки позиции на училиште и на работа. Земјените знаци честопати ги сметаат рибите за нивен најдобар пријател.

Рибите како членови на семејство

Рибите се последниот знак на Зодијакот и поради тоа тие честопати се однесуваат како да имаат ‘стара душа’ и мудрост што ги надминува нивните години. Како деца, на семејни собири, често може да се забележат како разговараат со постари членови на семејството, наместо да трчаат низ дворот со други деца. Кога ќе пораснат, ова се менува и тие добиваат повеќе детски квалитети и секогаш тие се оние кои поттикнуваат забава и игра.

Рибите на љубовни состаноци


Рибите сакаат љубов. Иако се познати како интроверти и тешко се отвораат, откако ќе излезат на состанок, тие се вистинско задоволство. Со нивниот сектор на романса и задоволство управува Месечината, планетата на задоволството и животот во сегашноста. Рибите интуитивно знаат што да прават и каде да одат. Во романтичните врски, тие најдобро одат со други водени знаци.

Рибите како колеги на работа


Иако имаат репутација дека живеат „во облаци“, рибите всушност многу добро ги решаваат проблемите во канцеларијата. Бидејќи нивниот деловен сектор е управуван од Сонцето, понекогаш плашливите риби лесно можат да преземат контрола врз состаноците и проектите. Покрај тоа, тие се многу лојални и ќе се борат до крај за колега кој треба да добие покачување на платата. Секој ги сака во својот тим. Огнените знаци особено ги ценат како колеги.

Прикажи повеќе...

Забава

Амброзио се релаксира на плажа во Малибу

Објавено пред

Алесандра Амброзио  ја истакнува својата младешка фигура во бикини додека игра одбојка на плажа во Малибу.

40-годишниот супермодел се чини дека максимално го користи своето слободно време на крајбрежјето, играјќи неколку рунди одбојка и впивајќи ги зраците на златното калифорниско сонце во средата попладне.

Кусиот одмор на иконата на модните писти е неколку дена пред да замине во Њујорк за да заврши некои работни обврски.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Вилијам и Кејт го честитаа роденденот на Арчи

Објавено пред

Британските медиуми ги пренесуваат кралските почести што го одбележаа вториот роденден на Арчи и потсетуваат дека синот на војводата и војвотката од Сасекс со седиште во Монтесито ќе стане постар брат ова лето.

Арчи Маунтбатен-Виндзор во четвртокот (6 Мај) наполни две години.

И додека родителите на малиот Арчи го славеа овој посебен ден, пристигнаа бројни кралските почести од другата страна на океанот. Кралицата, Кларенс Хаус, војводата и војвотката од Кембриџ и други членови на монархијата споделија роденденски желби на социјалните мрежи заедно со емотивни семејни фотографии – главно направени непосредно по неговото раѓање кога двојката живееше во Велика Британија.

По стапките на кралицата и на таткото на принцот Хари, кои први го честитаа роденденот преку кралскиот профил на Твитер, така и принцот Вилијам и Кејт, војводата и војвотката од Кембриџ, споделија честитка и фотографија – семеен портрет направен при неговото крштевање со присутните војводата и војвотката од Корнвол, и мајката на Меган, Дорија Рагланд.

Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор е роден на 6 мај 2019 година во болницата Портланд во Лондон. Тој во моментов е седми во редот за тронот, зад неговиот татко Хари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ4 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија4 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет5 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија5 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија18 часа

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија22 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија22 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија23 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија1 ден

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет1 ден

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија1 ден

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион1 ден

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет1 ден

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија2 дена

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Досие