Забава
„Реплек“ ве повикува на тотален РЕсет – вежбај на отворено со Елена Бубало во Паркот на франкофонијата во Скопје
За добро здравје и поголема виталност, важна е физичката активност. Реплек во рамките на програмата „РЕсет“ ги повикува сите кои сакаат да вежбаат, да дојдат во Паркот на Франкофонијата, на 15-ти септември во 10:30 часот. Активностите се под водство на познатата искусна фитнес инструкторка Елена Бубало. Заради големиот интерес за присуство на настанот, Реплек обезбеди и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк https://rb.gy/2nmqtm. Во рамките на програмата „РЕсет“ Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.
Ова е втор настан од ваков вид, во јуни годинава на истата локација под водство на Елена Бубало, вежбаа околу 70 љубители на физичката активност.
Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, во првата половина на годината Реплек започна нова платформа „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба. „РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“.
Програмата РЕсет беше домаќин и на едукативната работилница со Илина Арсова, а тема на работилницата беше „Како до добросостојбата?“.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Алесандра Амбросио фотографирана на плажа во Лос Анџелес, играше одбојка
Алесандра Амбросио го привлече вниманието на фотографите и минувачите на плажа во Лос Анџелес.
43-годишната бразилска манекенка играше одбојка на плажа во зелен костим за капење.
Судејќи по фотографиите, таа била добро расположена.
Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа често се појавуваше на насловните страници на Vogue, Harper’s Bazaar, GQ, Elle и Glamour. Во 2004 година стана ангел на Викторија и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.
Забава
Ева Лонгорија блесна во сребрен фустан без прерамки во Париз
Ева Лонгорија (49) блесна на црвениот тепих на Global Gift галата во Париз во саботата вечерта.
Актерката прошета во сребрен фустан без прерамки. Овој смел фустан ја истакна нејзината фигура.
Модната комбинација ја заокружи со дијаманти околу вратот, а косата и беше исправена.
На овој настан ѝ се придружи и нејзиниот шестгодишен син Сантијаго, кој го има со сопругот Хозе Бастон.
Забава
(Видео) Читач на усни со вештачка интелигенција откри што и рекол Феникс на Лејди Гага по гледањето на новиот „Џокер“
Читач на усни со вештачка интелигенција откри што Хоакин Феникс наводно и рекол на Лејди Гага откако го гледале нивниот нов филм Joker: Folie à Deux. Односно, барем така изгледа според видеото кое се шири на социјалните мрежи.
Феникс и Лејди Гага глумат во новиот филм за Џокер и беа видени како разговараат откако го гледаа на филмскиот фестивал. Видеото се шири на социјалните мрежи, а многумина се обидоа да откријат што си кажале.
— j (@gagagraygaga) October 7, 2024
Иако Феникс главно беше свртен со грбот кон камерата, се чини дека филмот не му се допадна. Феникс го нарече филмот „ужасен“, додека Гага инсистираше дека не е. Феникс продолжи да разговара за тоа како крајот „можеше да биде поинаков“, додека Гага тврдеше дека „го обожува филмот“.