Забава
Рецензии: „Експресен воз“ излезе од шините

Повеќето критичари сакаат да се симнат од Bullet Train – возот во кој се вози Бред Пит во новиот филм со ист наслов – за кој сметаат дека излегува од шините.
Филмот, во режија на Дејвид Лич, е вестернизирана преработка на големо платно на бестселерот од 2010 година на јапонскиот писател Котаро Исака. Пит глуми платен убиец кој се бори против неколку „колеги“ на пат од Токио до Кјото, по инструкции на мистериозен наредбодавач (Сандра Булок). Тој верува дека неговата лоша среќа е библиска.
Акциониот трилер со примеси на комедија ја имаше својата премиера во Велика Британија во средата.
„Гардијан“ филмот го опиша како „чудно исцрпувачки и во голема мера незабавен“.
„Напорно ѕвецка со невозбудливи и неинтересни кореографски борби, камеа кои накратко го поттикнуваат интересот и реплики на места каде што требало да има нешто комично“, напиша Питер Бредшо, во својата рецензија со две ѕвезди.
„Со јапонското опкружување се постапува навистина површно, има гегови за јапонски тоалети што требаше да излезат во 1980-тите. Ова е туристичко возење до никаде“.
Во својата рецензија објавена во „Телеграф“, Роби Колин беше уште помалку импресиониран од Бредшо, доделувајќи му само една ѕвезда.
„Верзијата на Јапонија што ја нуди филмот, во голема мера изведена со компјутерска графика, е неавтентична, додека сценариото варира од многу пцовки и необично рифање на Гај Ричи – а понекогаш и запрепастувачка мрзеливост,“ напиша Колин.
„Саут Чајна морнинг пост“ излезе со наслов: Што прави Бред Пит во оваа заморна пост-Тарантино епизода за Јапонија?
Бред Пит ретко греши, но Bullet Train е големо промашување, пишува весникот и додава: „Двочасовна оргија на крвопролевање ублажена со повремени полупристојни гегови – филм кој многу рано излегува од шините.“
Не можете да ѝ замерите на каскадерската работа на филмот – ако уживате во инвентивна борба од непосредна близина, ја има во изобилство, велат критичарите, но генерално, оценката не е поволна.
Според нив, филмот е еден вид пост-Тарантинов заплет кој излезе од мода пред околу 20 години. Ниту Пит не поминува низ ова неповреден.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Јапонските власти трагаат по делфин кој гризнал луѓе

Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин за кој се претпоставува дека извршил најмалку шест напади врз луѓе ова лето.
Пред два дена било објавено дека делфин каснал уште двајца капачи за раката, што се верува дека е последен во серијата напади на јапонска плажа.
Според локалните медиуми, еден маж бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач.
Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој постојано напаѓал луѓе ова лето, јавува Би-Би-Си.
Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.