Забава
Реџе-Жан Пејџ e најубав маж на светот, вели науката

Ѕвездата на „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, кој во 2021 година преку ноќ стана сензација кога беше објавена првата сезона од популарната серија на „Нетфликс“, е најубав маж на светот, според научното истражување „Златен сооднос“.
34-годишниот Британец го глумеше војводата од Хестингс и за многу кратко време доби милиони следачи на „Инстаграм“, а дел од популарноста секако може да ѝ се припише на сега веќе познатата секс-сцена во петтата епизода со колешката Фиби Диневор.
Тој еднаш призна дека жешките сцени во „Бриџертон“ му донеле и малку непријатност подоцна.
„Во групата ‘Вотс-ап’ го предупредив целото семејство за петтата епизода, но заборавив на една братучетка. Одеднаш почнав да добивам нејзини пораки: многу пати за време на гледањето морав тактички да одам да сварам чај, но кога се враќав, сцената сè уште траеше… Морав повторно да ја зовривам водата“, му откри тој на Џими Фалон што му напишала братучетката во една пригода.
Сцените дури завршија на сајтови за возрасни.
Набргу потоа почна да се споменува како фаворит за улогата на Џејмс Бонд. „Ако сте Британец и ви оди добро, тогаш луѓето почнуваат да го кажуваат зборот Б“, рече тој коментирајќи ги шпекулациите дека може да го замени Даниел Крег.
Денес, на „Инстаграм“ го следат 6,5 милиони луѓе, а во 2023 година гледачите ќе може да го гледаат во најавениот хит Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves.
Според златниот пресек или совршен сооднос, Реџе-Жан Пејџ има најсовршено лице бидејќи постигнал највисока оценка за растојанието меѓу очите. Исто така, само поставувањето на очите му донесе висока оценка на скалата на совршенство. „Тој има класично згодно лице и прекрасни кафеави очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати, а единствениот помал резултат е ширината и должината на неговиот нос“, се заклучува.
Севкупно, тој има 93,6 проценти совршен сооднос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адвокатот на принцот Хари се повика на нови докази

Приватните истражители дадоа нови и уверливи докази за нелегални активности на весниците „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, изјави во судот адвокатот на војводата од Сасекс.
Случајот за повреда на правото на приватност се фокусира на наводите за широко распространети незаконски дејства што ги нарачале новинари во 90-тите и во 2000-тите.
„Асошиетед њузпејперс“, издавачот на двата весника, ги негира наводите и вели дека седумте тужители – меѓу кои се принцот Хари, сер Елтон Џон и бароницата Дорин Лоренс – чекале предолго за да тужат.
Нивниот адвокат го отфрли аргументот.
Тужби за нарушување на приватноста би требало да бидат поднесени во рок од шест години, но адвокатот Дејвид Ширборн рече дека неговите клиенти не биле во можност да ги докажат своите наводи додека приватните истражители не ги откријат нивните активности, што ја поттикнало сегашната правна постапка.
Давајќи еден пример, тој рече дека актерката Лиз Харли не знаела дека нејзиниот телефон бил прислушуван сè додека приватен истражител не дал изјава како сведок во која детаљно опишал што се случило во 2021 година.
Издавачот се обидува да го отфрли случајот тврдејќи дека на тужителите им истекло времето.
Принцот Хари повторно беше во судот во четвртокот за завршни поднесоци во правната битка за тоа дали наводите за прислушување телефони, хакирање и фалсификување лични податоци ќе резултираат со судски процес.
Меѓу неговите колеги тужители се и сер Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, актерот Сејди Фрост, и поранешниот пратеник на либералдемократите, сер Сајмон Хјуз.
Откако заврши четиридневното прелиминарно сослушување, судијата Џастис Никлин рече дека ќе ја донесе својата пресуда што е можно побргу.
Принцот Хари неделава беше во Лондон за да сведочи во судската постапка што тој ја поведе против издавачот на двата весника.
На четвртиот ден од прелиминарното сослушување во лондонскиот Кралски суд на правдата адвокатскиот тим на „Асошиетед њузпејперс“ повторно го повика судијата да го отфрли случајот. Тужениот демантира какво било ангажирање приватни истражувачи за поставување уреди за прислушување во автомобили и пристап и снимање приватни телефонски разговори.
Забава
Пит Дејвидсон жали што е попознат по љубовните врски отколку по својата кариера

Пит Дејвидсон се отвори за својот љубовен живот во текот на детаљното интервју за Real Ones во поткастот на Џон Бернтал објавен во четвртокот.
29-годишниот комичар во интервјуто што се одржа во дворот со Џон (46) говореше за интересот на јавноста за неговиот личен живот и за врските од висок профил.
„Мислам дека се случи да станам попознат пред работата. Јас секогаш работев. Јас сум во моите доцни 20-ти и нормално е да излегувам со разни девојки и поради некоја причина тоа е многу лудо и интересно за луѓето“, рече Пит во интервјуто.
„И сето ова не е толку интересно. Речиси половина живот сум во шоу-бизнисот, околу 14-15 години и на национална телевизија. Во период од 12 години излегував со 10 девојки, не мислам дека тоа е толку лудо“, рече Пит. „Но, на некои луѓе им изгледа многу интересно“.
„Овие личности сум ги запознал на работа. Работев во еден од петте холивудски епицентри, каде што запознаваш луѓе. Работев со нив и бев во нивна близина“, рече Пит.
Осум сезони, од 2014 до 2022 година, Пит беше член на актерската екипа во маратонското хумористично шоу „Сатрдеј најт лајф“, кое се емитува на Ен-би-си секоја сабота.
Ким Кардашјан и Пит почнаа врска во октомври 2021 година откако реалната ѕвезда се појави во ТВ-шоуто и споделија бакнеж на екранот.
Аријана Гранде беше водител гостин во неговата емисија во март 2016 година, а почнаа да се забавуваат во мај. Аријана му беше и свршеница.
Пит исто така се забавувал со комичарката Карли Аквилино, Кези Дејвид – ќерка на Лери Дејвид, актерката Кејт Бекинсејл, Маргарет Квали, Каја Гербер, Фиби Диневор и Емили Ратајковски. Најновата романса е со Чејс Суи Вондерс.
Забава
Лана дел Реј се сврши со музички менаџер

Лана дел Реј наводно е свршена со Еван Виникер.
Пејачката на хитот Video Games (37) поттикна шпекулации за свршувачка со музичкиот менаџер и музичар (40) кога беше видена како носи голем дијамантски прстен на настанот „Жените во музиката“ во организација на „Билборд“ (Billboard Women in Music).
„Билборд“ сега објави дека се свршени велејќи дека изворите им рекле: „Честитки пристигнуваат за Лана и Еван“.
Порталот открива: „Иако парот успешно ја чуваше својата врска во тајност, тие беа забележани во јавност неколкупати во текот на изминативе месеци, вклучително и на фестивалот ‘Малибу чили кукоф’, а во ресторанот „Папи енд Хариет“, Калифорнија, претходно овој месец се фотографираа со фановите“.
Додека Лана – чие вистинско име е Елизабет Грант – го издаде својот деветти студиски албум, Did You Know There’s a Tunnel Under Ocean Blvd, на 24 март, Еван, кој свиреше во бендовите „Стил трејн“ и „Фан“, беше зафатен барајќи вокал изведувач.