Забава
Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ бесплатно, но под еден услов

Британскиот комичар Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ без никаков хонорар – но само ако може да каже што сака.
Креаторот на After Life призна дека не мисли оти некогаш од него би било побарано да ја води наградната церемонија бидејќи неговата комика е премногу контроверзна, но тој би ја искористил шансата ако му понудат таква можност и му ја дадат истата слобода како на „Златните глобуси“ во пет наврати.
Во разговор со „Д’ Вју“ тој рече: „Можеби ќе ми дозволат ако го правам она што ми е кажано. Но, тука е проблемот“.
„Добрата работа за ‘Глобусите’ беше што рекоа оти можам да пишувам свои шеги, да кажувам што сакам, а не да вежбам. А тоа е премногу добро за комичар да го одбие“, рече Џервејс додавајќи дека „Оскарите“ никогаш нема да му ја дозволат таа слобода. „И со право! Мислам дека би биле луди!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сопругата на Брус Вилис за неговата бoрба со болеста: Оваа битка си го зема данокот

Сопругата на Брус Вилис, кој боледува од афазија, во интервју за „The bump“ раскажа како се бори со тешката болест на нејзиниот сопруг.
„Потребите на моето семејство ги ставам над моите, што не ме прави херој“, изјави Ема Вилис во интервју за „The Bump“.
Сопругата на Брус Вилис е исклучително посветена на грижата за сопругот и децата, но не криеше колку понекогаш е тешко, пишува медиумот.
„Таквата грижа за сите во семејството влијаеше на моето ментално здравје, но и на моето општо здравје. И тоа никому не му користеше“, додаде таа.
Затоа Ема, која има две ќерки со Брус Вилис, научила дека мора да се грижи за себе, па секој ден одвојува време за тоа.
„Еднаш ми кажаа дека кога премногу се грижиш за некого, престануваш да се грижиш за себе. Застанав, тоа ме отрезни“, изјавила Ема, која решението го пронашла во вежбањето.
Како што додаде таа, важно е да ја имаш таа една ситница што прави да се чувствуваш подобро.
Сопругата на Брус Вилис во март објави трогателна порака на Инстаграм, посветена на неговата борба за здравјето. Таа потоа објави фотографија на која е во друштво на нејзиниот сопруг, неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните заеднички ќерки Румер, Талуле и Скаут.
Забава
Адисон Реј се разладува под туш на отворено во бикини од тантела

Адисон Реј го истанцува својот пат кон славата, преку „Тик-ток“, откако ѝ се приклучи на популарната апликација во јули 2019 година.
Во меѓувреме, таа ги задева фановите и следачите со своите облини и модниот сензибилитет, што резултира во огромен пораст на прегледи на нејзините објави на социјалните мрежи – 87,6 милиони само на „Тик-ток“.
А во петокот, познатата тик-ток ѕвезда од Луизијана сподели серија фотографии на кои се тушира во оскудно бикини од розова тантела.
Реј (родена како Адисон Реј Истерлинг) се чини дека е на некаква тропска локација. Таа се разигра пред камерата и почна да ги оближува усните пред да почне да тече водата.
Забава
Ема Стоун ја продава куќата во Малибу

Оскаровката Ема Стоун, ѕвезда на „Ла Ла Ленд“, ја стави на продажба својата куќа во Малибу за 4.2 милиони долари.
Речиси четири години откако го купи имотот покрај океан за 3.25 милиони долари, 33-годишната актерка реши да го огласи на пазарот на недвижности, објави „Волстрит журнал“.
Еднокатната куќа од 157 квадратни метри се простира на имот со површина од 1.300 квадрати, во луксузната област Саут Калифорнија.
Агентот на Sotheby’s International Realty, Ерик Лејви, ја опиша куќата за весникот како „класичен калифорниски среден век од 1958 година што виси над Пацификот и куќа на плажа во Малибу што би ја избрале за филм на Ненси Мејерс.“
Домот на убавицата вклучува извонреден поглед на градскиот пејзаж на Лос Анџелес, Тихиот Океан и островот Каталина и е во непосредна близина на пешачките патеки и плажата.
Има и трпезарија на отворено, која е покриена со дрвја од еукалиптус и јука, како и двор со панорамски поглед на брегот.