Контакт

Естрада

Рита Ора демантира дека е во врска со член на групата „Уан дирекшн“

Објавено пред

Пејачката Рита Ора зборуваше за љубовниот живот, а исто така се осврна и на озборувањата дека раскинала со Ендрју Гарфилд (35) и е во врска со Лијам Пејн (25).

Ора наводно раскинала со актерот Гарфилд, кој го глумеше Спајдермен, и била забележана со еден од членовите на групата „Уан дирекшн“.

Рита ги демантира таквите озборувања и нагласи дека сака да се фокусира на својата музичка кариера.

„Нова врска не ми е приоритет“, рече пејачката.

Рита Ора, која во моментот се подготвува за европската турнеја со албумот Phoenix, јасно ги отфрли озборувањата што ја поврзуваат со пејачот Лијам Пејн.

„Знам дека некои зборуваат дека сум со Лијам. Тој е еден од најдобрите луѓе што сум ги запознала, но ние сме само пријатели. Чудно е да се видат машко-женски пријателства, особено во бизнисот со кој се занимаваме“, заклучи Рита.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Рекорден број нови композиции за 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Објавено пред

За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5 до 7 септември годинава, доставени се рекорден број нови песни.

На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалку двесте демо снимки.

Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот.

„Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на ‘Охрид Фест – Охридски трубадури’“, истакнува Копров.

Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.

Прикажи повеќе...

Естрада

Актерот Крис Прат се ожени со ќерката на Шварценегер

Објавено пред

Познатиот актер Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, правеа свадба по една година врска. Младата двојка викендов се венча на луксузниот имот Сан Исидоро, во Монтесито, Калифорнија.

Свадбената церемонија била интимна со мал број гости.

Крис и Кетрин се свршија во јануари, а среќната вест на „Инстаграм“ ја објави Крис.

„Слатка Кетрин, многу сум среќен дека кажа ‘да’“, напиша тогаш актерот.

Крис претходно беше во брак со актерката Ана Фарис, со која има едно дете. Тие се разведоа пред една година.

Прикажи повеќе...

Естрада

Обоважавател ја фатил Мајли Сајрус за косата и се обидел да ја бакне

Објавено пред

Минатиот викенд пејачката Мајли Сајрус (26) доживеа непријатна ситуација кога напуштајќи го хотелот во Барселона, еден нејзин обожавател ја фати за косата и сакаше да ја бакне.

Мајли дури сега се јави на социјалните мрежи по повод инцидентот.

„Таа може да носи што сака. Може да биде девица. Може да спие со пет луѓе. Таа може да биде со нејзиниот сопруг. Таа може да биде со девојка. Може да биде гола. Но, таа не може да се допира без нејзина согласност“, напиша Мајли на „Инстаграм“.

Иако имаше обожаватели што ја бранеа, имаше и такви што рекоа дека Мајли заслужува таков третман поради провокативните фотографии што ги објавува.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток3 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија4 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија8 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија9 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија10 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија10 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски11 час

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион12 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие