Контакт

Забава

Рита Ора повторно вљубена

Објавено пред

Рита Ора (29) и Раферти (23) се зближија на снимање на модерната верзија на „Оливер Твист“. Тие се гледаат веќе неколку недели, а откако излегоа во јавност држејќи се за рака, сите зборуваат дека врската многу брзо станала сериозна.

Уште на снимањето членови на екипата шпекулираа дека нивната зеамна привлечност била очигледна и дека се повеќе од соработници.

„Сега се во вистинска врска, па решија да се појават заедно во јавност првпат и не можеа да одолеат на желбата да се држат за рака. Тоа е сè уште почеток, но многу се вљубени еден во друг“, изјави извор за британски Sun.

Снимањето на модерниот Оливер Твист започна пред еден месец, а покрај Рита Ора и синот на Џуд Лоу, кој го игра Оливер, глумат и ѕвездите на „Игра на тронови“ Лена Хеди и Мајкл Кејн.

Ова е прва улога на Раферти. Досега работел како модел и многу личи на тато, особено поради карактеристичната боја на очите.

Рита Ора ја гледавме во продолжението на „50 нијанси на сиво“ каде што ја играше улогата на Миа Греј.

Непосредно пред почетокот на снимањето на „Оливер Твист“, Раферти за британските медиуми изјави дека тој и Рита почувствувале искри кога се виделе. Рита еднаш изјави дека нејзина цел е да најде маж кој може да се справи со притисоците и озборувањата што кружат за неа.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џеда Пинкет и Вил Смит срушија рекорд на гледност на „Фејсбук воч“во првите 24 часа

Објавено пред

Нов рекорд,  Џеда Пинкет Смит, сопругата на холивудскиот актер Вил Смит, постави нов рекорд на гледаност во првите 24 часа од емитувањето на нивното јавно соочување на Црвената маса за видеоплатформата „Фејсбук воч“.

Џеда се отвори за видеосервисот „Воч“, каде што јавно дискутираше за бракот со Вил и за нејзината афера со Август Алсина.

Во рок од 16 часа откако Џеда се исповеда во таканаречениот „Разговор на црвената маса – кажи сè“, истиот беше гледан повеќе од 12 милиони пати, објави „Варајати“.

Во 12-минутната епизода од интимната серија на црвената маса, Џеда (48) и Вил (51) ја споделија вистината позади шпекулациите за нејзината наводна врска со младиот пејач.

Шокантната исповед доаѓа набрзо откако двајцата актери го негираа тврдењето на Август дека самиот Вил му дал благослов да почне врска со неговата сопруга бидејќи тие имаат отворен брак.

Во петокот, познатиот холивудски пар седеше на иста маса. Тие уште еднаш ја потврдија својата посветеност еден на друг.

Џеда рече дека таа и Вил го запознале пејачот преку нивниот син и дека тој бил многу болен. „И сè започна со тоа дека му треба помош, сакав да му помогнам за неговото здравје, неговата ментална состојба.

„Првично беше за неговото здравје. Најдовме различни ресурси за да му помогнеме, а јас и ти поминувавме низ тешко време во нашиот брак“, му рече Џеда на Вил.

Потоа Вил призна: „Јас тогаш завршив со тебе“, додека Џеда додаде дека тие решиле да се разделат на некое време. По сè изгледа дека врската со младиот пејач се случила токму во тој период.

Прикажи повеќе...

Забава

Бруклин Бекам ѝ стави прстен на неговата девојка актерка

Објавено пред

Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, ја запросил својата девојка актерка Никола Пелц, објави „Дејли мирор“ додавајќи дека 21-годишниот фотограф им кажал на пријателите дека се вериле.

„Бруклин им кажува на своите пријатели во Лос Анџелес дека се свршиле. Оваа вест била споделена меѓу нивната група пријатели. Откриени се,“ инсајдер изјави за британскиот таблоид.

Втор извор близок на Бекамови додаде: „Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов на оваа врска. Тоа е многу возбудливо време за целото семејство, и по неколку претходни лоши врски тие мислат дека Бруклин застана на сигурни нозе. ”

Во меѓувреме, Бруклин постојано ја искажува својата љубов кон Никола (25) на социјалните мрежи.

Тој неодамна објави серија фотографии од нив двајцата како трчаат низ поле на зајдисонце, и напиша: „Мојот убав ангел“, а претходно напиша дека секогаш ќе биде до неа и ја нарече негова „друга половина“.

Запрашан што највеќе му се допаѓа кај русокосата убавица која глуми во четвртиот филм „Трансформери“ Бруклин одговори: „Нејзиното неверојатно срце“.

Прикажи повеќе...

Забава

Де Ниро претрпел финансиски удар, а поранешната сопруга бара повисок кредитен лимит

Објавено пред

Роберт Де Ниро тврди дека претрпел голем финансиски удар како резултат на пандемијата на коронавирус.

Холивудската легенда проговори за финансиите на суд откако неговата поранешна сопруга Грејс Хајтауер побара итен судски налог за зголемување на нејзиниот месечен кредитен лимит од 50.000 на 100.000 долари.

Тој се појави на суд преку Скајп, а неговите адвокати изјавија дека го преполовил лимитот на кредитните картички, откако синџирот ресторани Нобу и хотелот Гринвич – во кои има удели – се затворени или делумно затворени неколку месеци среде глобална здравствена криза.

Неговата адвокатка Керолин Краус му рече на судијата дека синџирот на ресторани изгубил 3 милиони долари во април и дополнителни 1,87 милиони долари следниот месец.

Таа додаде дека во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер од 2004 година јасно стои дека тој треба да плаќа 1 милион долари годишно ако заработува 15 милиони долари или повеќе, а неговите плаќања ќе се намалат пропорционално со неговите приходи.

“Во најдобриот случај, г-дин Де Ниро ќе има среќа ако заработи 7,5 милиони долари годинава.“

Таа додаде дека 76-годишниот актер драматично го намалил трошењето, истовремено укажувајќи на одложениот филмски проект кој требаше да се снима ова лето пред пандемијата.

Судот во Менхетн донесе привремена пресуда, дозволувајќи му на Де Ниро да го задржи лимитот на кредитна картичка на неговата поранешна сопруга на 50.000 УСД.

Сепак, тој ќе треба да плати 75.000 долари за да ѝ помогне да најде летен дом за нивните две деца, додека тој и неговите други деца остануваат во неговата хациенда од три засебни куќи.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет46 минути

Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет2 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион2 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија2 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија16 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија17 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ17 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија17 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет20 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ23 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион23 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ23 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет24 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет24 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет1 ден

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија1 ден

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион2 дена

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија2 дена

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија2 дена

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Досие