Забава
Ријана им праќа љубов на американските домородци

Додека Американците го слават својот омилен празник Денот на благодарноста, Ријана испрати порака на сочувство до американските староседелци.
32-годишната убавица од Барбадос се огласи на својот „Инстаграм“ во четвртокот попладнето со искрена порака.
Иако Тенксгивинг е омилен кај Американците, овој празник честопати е брутален потсетник за американските староседелци (Индијанци) за смртта на нивните предци, а Ријана сочувствува со нив, пренесуваат таблоидите.
„Некои слават денес… многу се во жалост! Им испраќам љубов на сите мои браќа и сестри домородни Американци“, напиша таа и објавата ја сподели на „Инстаграм приказни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Лига на правдата“ на Зак Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија

Новата проширена верзија на „Лига на правдата“, во режија на Зак Снајдер, ќе биде игран филм, а не серија во четири епизоди, како што претходно беше најавено.
Режисерот ги потврди своите планови за новата таканаречена „снајдер кат“ верзија на ДС-филмот и откри дека ќе биде игран филм. Претходно беше објавено дека форматот на проектот на Снајдер ќе биде мини серија во 4 дела, секој дел во траење од 1 час.
Без оглед на форматот, ова е нешто што фановите со нетрпение го очекуваа уште од 2017 година по „Лига на правдата“ на Џос Ведон, коментираат медиумите.
Новиот филм на Снајдер треба да ја има својата премиера во март на „ХБО макс“.
Забава
Мери Бери: Луѓето не треба да се двоумат дали да примат вакцина против Ковид-19

Легендарната британска готвачка и ТВ-ѕвезда, Мери Бери, откри дека примила вакцина против коронавирусот и смета дека луѓето треба да го следат нејзиниот пример и да мислат и на другите.
Бери (85) деновиве откри дека таа и сопругот Пол (88) се вакцинирале и ќе ги охрабрат сите да го сторат тоа.
„Луѓето не треба да се двоумат во врска со вакцините генерално“, рече таа повикувајќи се на сопственото искуство од детството кога имала детска парализа.
„Ако сте биле во болница како што бев јас, со луѓе во агонија, со болка… Мислам дека сите треба да се вакцинираат“, рече таа за „Радио тајмс“. „Имав детска парализа, но сега речиси сите во светот се вакцинирани против тоа“, рече таа додавајќи дека имала огромна среќа што болеста ја погодила само левата страна на нејзиното тело.
Мери Бери е британска готвачка, авторка на кулинарски книги и телевизиска водителка. Има објавено повеќе од 75 книги за готвење, од кои најпозната е Baking Bible.
Забава
Мет Дејмон во тимот на новиот „Тор“

„Тор: Љубов и молња“ на Таика Ваити почна да се снима овој месец, а актерската екипа продолжува да расте. Британски „Дејли мејл“ објави дека Мет Дејмон ќе глуми во филмот на „Марвел“ со Крис Хемсворт (моќниот бог Тор).
Оскаровецот наводно слетал во Сиднеј со приватен авион и моментно е во задолжителен карантин пред продукцијата.
„Многу сум возбуден што јас и моето семејство ќе престојуваме во Австралија следните неколку месеци“, рече Дејмон. „Австралиските филмски екипи се познати во светот по својата професионалност, задоволство е да се работи со нив, така што карантинот од 14 дена ќе вреди“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира