Контакт

Забава

Роботи келнери работат во Непал

Објавено пред

Дури и сиромашна земја како што е Непал може да се пофали со технолошки развој бидејќи локалниот стартап „Пајала технолоџи“ разви роботи за услужни дејности во главниот град Катманду, објави француската агенција АФП.

Роботите веќе се инсталирани во локалната банка, а сега ги послужуваат гостите како келнери во ресторанот „Науло“ користејќи непалски и англиски јазик во комуникацијата со гостите.

Роботот наречен Џинџер е висок 1,5 метар, ги зема нарачките, ги пренесува во кујната и потоа го зема јадењето и им го послужува на гостите.

Во ресторанот „Науло“ во моментот работат три роботи Џинџер.

Гостите се воодушевени, особено децата, кои не ја пропуштаат можноста за заедничко фотографирање, објави АФП.

Hitech

Студенти направиле паметен тепих

Објавено пред

Двајца студенти победиле на националниот натпревар за најдобра студентска идеја за 2018 година во Србија, со нивниот проект наречен SmartWalk, што всушност претставува паметен тепих.

Жељко Поповиќ и Владимир Винчан се студенти на 4. година на факултет за Енергетика, електроника и телекомуникации.

Основната идеја за тепихот SmartWalk е да ја претвори механичката енергија од чекорите на луѓето во електрична енергија.

Студентите планираат во наредниот период да го реализираат првиот прототип на паметниот тепих кој ќе го постават пред влезот на нивниот факултет во Нови Сад.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Кит Ричардс се пофали дека веќе не пие

Објавено пред

Кит Ричардс (74) веќе не пие. Славниот гитарист на „Ролинг стонс“ сам се пофали во интервју во средата.

Легендарниот рокер, познат по хедонизмот, како и по својата гитаристичка умешност, кажа за списанието „Ролинг стоун“ дека повремено пие чаша вино или пиво и тоа е сè. На таков режим е последниве години.

„Се заситив. Време е да престанам“, рече рокерот. Тој исто така рече дека му било интересно да свири трезен на неодамнешната европска турнеја на „Стоунс“.

А го пофали и пријателот од групата, Рони Вуд (71), кој пред една година се откажа од својот заштитен знак – цигарите.

Кој би рекол дека тие двајца ќе станат промотори на поздрав начин на живеење.

„Ние сме во седумдесеттите години, но се однесуваме како четириесетгодишници“, се пофали Вуд.

Прикажи повеќе...

Забава

Леонардо ди Каприо мора да го врати Оскарот

Објавено пред

За Оскарот на Леонардо ди Каприо се зборува со години бидејќи е актер со најмногу номинации, а Оскарот го доби – само еднаш. Затоа неговите фанови ги растажи веста дека ќе мора да ја врати вредната статуетка.

Меѓутоа, тоа не е Оскарот за филмот The Revenant, туку статуетката Оскар што му припаѓа на Марлон Брандо, а која актерот ја доби на подарок од малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој во меѓувреме беше обвинет за злоупотреба на инвестициски фондови. Тој, исто така, од него доби слика на Пабло Пикасо и колаж на Жан Мишел Баскет.

Интересно е што Оскарот на Брандо исчезна од неговиот дом во Холивуд, за подоцна да го купи Лоу за 600.000 евра од еден дилер. Иако се случи пред една година, деталите за овој скандал излегоа во јавноста кога „Њујорк тајмс“ ја објави приказната за Лоу, финансиер на филмот „Волкот од Волстрит”.

Лоу беше обвинет заедно со поранешниот малезиски премиер Најиб Резак за злоупотреба на милијарди долари.

Инаку, станува збор за Оскарот на Брандо за филмот „На доковите на Њујорк” од 1954 година. Лоу е во бегство, според некои сознанија се крие во Кина, каде што наводно го кријат локалните власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа5 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија22 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие