Забава
Род Стјуарт се смири со Елтон Џон за да им даде пример на своите деца

Сер Род Стјуарт и сер Елтон Џон се скараа откога Род ги критикува плановите на својот стар пријател за проштална турнеја нарекувајќи го таквиот потег нерокенрол и дека тој нема да го стори тоа.
Но, сега Род вели дека тие официјално ја закопале секирата и призна дека не би било фер да им каже на своите осум деца да им се извинуваат на разни луѓе, без да го следат неговиот совет.
„Им велам на моите деца: Секој човек треба да се извини, оди и извини ѝ се на мајка ти. Јас и Елтон само што станавме повторно пријатели“, рече Род.
„Отсекогаш сме имале жестоки несогласувања, како што знаете, во текот на годините, но тоа беше на разиграна основа. Имавме лоши караници, како брачна двојка. Тој траеше долго“.
Род (76) додаде дека жали што го критикувал Елтон во врска со неговата проштална турнеја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Пучи“ на сцена го враќа познатиот стил со ефективни мотиви и бои

Брендот што го носи името на поранешната sвезда меѓу дизајнерите, Емилио Пучи, во новата колекција му оддава почит на славниот креатор и неговите мотиви со јаки тонови.
Дизајнерскиот тим на брендот „Пучи“ стилски се реферира на наследството на италијанската модна куќа, а тоа се мотиви и дезени препознатливи во целиот свет.
Во текот на шеесеттите и седумдесеттите светлите нијанси беа хит, а Емилио Пучи го нудеше идеалното – тесно, кусо и привлечно.
Забава
Хит на пролетта: маслинести панталони инспирирани од ретро армиски стилови

Една од креациите што ќе ја гледаме насекаде во текот на претстојната пролет се практични панталони со џебови, во придушени нијанси на зелена боја, а освен патики, се носат и на чизми и на сандали.
Ретро панталоните инспирирани од стиловите во седумдесеттите се враќаат на сцената во низа интересни комбинации.
Забава
Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операцијата на срцето

Војводата од Единбург, принцот Филип, бил подложен на успешна процедура за постојната срцева состојба и ќе остане во болница уште неколку дена до целосно закрепнување, соопштија од Бакингемската палата.
Дедото на принцот Хари бил опериран вчера во болницата „Свети Вартоломеј“ во Лондон, најдобрата болница за срце во Велика Британија, откако бил пренесен таму во понеделникот од приватната болница „Крал Едвард Седми“ во Мерилбоун, каде што се лекуваше од инфекција.
Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, и војводата од Единбург, принцот Филип, беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер