Контакт

Забава

Роулинг тврди дека ликот во книгата поради која е критикувана за трансфобија има корени од реалниот живот

Објавено пред

Авторката на серијалот романи „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, рече дека еден од ликовите во нејзиниот нов крими роман „Проблематична крв“ – маж убиец кој во една приgoda  се маскира во жена за да киднапира жртва – е всушност базиран на вистинит убиец од реалниот живот.

Во виртуелна онлајн дебата по објавувањето на книгата во вторникот, голем број хаштагови про-и-анти-Роулинг се појавија на Твитер, а според една рана рецензија во весникот „Телеграф“, пораката на книгата е „никогаш да не му верувате на маж во фустан“.

Некои луѓе од твитер-заедницата ја критикуваат мегапопуларната Роулинг за наводна трансфобија, додека приврзаниците го бранат нејзиното право да пишува фикција без луѓето да донесуваат заклучоци за нејзините верувања.

Британската писателка веќе долго време се соочува со обвинувања за трансфобија поради некои свои твитови, но таа ги отфрла ваквите наводи. Во есеј во јуни таа го бранеше своето право да зборува за транс и родови проблеми без страв од злоупотреба, нагласувајќи дека е загрижена од влијанието на транс-активизмот врз правата на жените.

Романот Troubled Blood („Проблематична крв“) на 900 страници е петти во серијалот „Корморан Страјк“, кој Роулинг го пишува под псевдонимот Роберт Галбрејт.

Пишувајќи на својата веб-страница Галбрајт, писателката го опиша ликот како „садистички сериски убиец активен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кој делумно се темели на двајца убијци и манипулатори од реалниот живот, Џери Брадос и Расел Вилијамс, кои земале трофеи од нивните жртви“.

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мелани Грифит се вклучи во кампањата за превенција на рак на дојка

Објавено пред

Актерката Мелани Грифит сподели фотографии во розова долна облека наменета за промовирање на светскиот месец за борба против ракот на дојка, дел од меѓународна здравствена кампања за подигање на свесноста за оваа болест.

Мелани (63) седи преку када за фотографија што ја сподели на своите 513.000 следачи на Инстаграм во средата попладне.

„Носам класичен градник Classic Demi и килоти со висока половин“, напиша таа. Брендот  KiT Undergarments всоопшти дека дел од парите од продажбата на овие сетови долна облека ќе бидат наменети за програмата за подигање на свеста преку Фондацијата за истражување на рак на дојка.

Пред две години Мелани призна дека ѝ го отстраниле карциномното ткиво од носот со многу тешка операција.

Мелани неодамна го прослави својот 63. роденден додека беше во карантин среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија4 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион4 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија5 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија6 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија6 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ7 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија11 час

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион12 часа

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија12 часа

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет13 часа

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија14 часа

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет14 часа

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија14 часа

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија14 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт1 ден

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија1 ден

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион1 ден

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија1 ден

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Досие