Контакт

Забава

Руски научници клонираат животни што исчезнале пред 10.000 години

Објавено пред

Русија планира да изгради голема фабрика за клонирање во вредност од 5,9 милиони долари, што ќе ги врати во живот волнестиот мамут и други одамна изумрени видови.

Весникот „Дејли мејл“ пишува дека плановите за изградба на нов истражувачки центар од светска класа во Јакутск ќе ги објави рускиот претседател Владимир Путин за време на големиот инвестициски форум.

Покрај волнестиот мамут, руските генетичарите најавија проучување на ДНК од другите изумрени видови вклучувајќи ги волнестиот носорог, кој изумрел пред 10.000 години, пештерските лавови и некои видови одамна исчезнати коњи.

Лабораториите за клонирање, од кои некои се длабоко во пермафростот на Јакутск, ќе претставуваат продолжување на сегашните руски истражувања кои работат заедно со тим научници од Јужна Кореја со цел да го оживеат мамутот. Јакутск, главниот град на Јакутија, е полн со замрзнати животински остатоци.

Забава

Математичар тврди дека решил проблем кој 160 години ги излудува неговите колеги

Објавено пред

Од

Еден од најистакнатите британски математичари, Мајкл Атија, тврди дека пронашол доказ за Римановата хипотеза – еден од шесте математички проблеми за чие решение е предвидена казна од милион долари, а кој речиси 160 години ги излудува неговите колеги во светот.

Сега пензионираниот Атија (89), инаку наградуван британско либански математичар, го претставил својот труд на собир во Хајделберг, за кој тврди дека е едноставен доказ за Римановата хипотеза, а дали успеал да реши еден од најпознатите нерешени проблеми во математиката ќе утврди комисија, наведува магазинот „Њу сајентист“.

„Доколку решението биде потврдено, тоа ќе биде голема вест“, оценува британскиот научен магазин, укажувајќи дека, меѓу другото, таа хипотеза е блиску поврзана со делењето на основните броеви кои не може да се делат со ниту еден цел број освен со самиот себе и со бројот еден.

„Ако се докаже дека хипотезата е точна, математичарите ќе добијат мапа за да ги лоцираат сите такви основни броеви, што би претставувало значително поместување со далекусежни ефекти во таа област“, пишува во текстот.

Наградата од милион долари, ветена за решавање на еден од шесте нерешени Милениумски проблеми во математиката, која ја поставил американскиот Институт за математика „Клеј“, ставаше многумина математичари во искушение да се впуштат во потрага за докази за Римановата хипотеза, но ниту еден од нив не успеа да стигне до наградата.

Атија е свесен за ваквата историја на неуспеси.

„Никој не верува дека воопшто постои доказ за Римановата хипотеза, а не па дека тој доказ може да го даде некој кој има 90 години“, рекол тој.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Ватсап“ набргу недостапен за милиони корисници

Објавено пред

Најпопуларниот сервис за допишување „Ватсап“, што го користат повеќе од милијарда луѓе, набргу би можел да стане недостапен за милиони корисници поради новата верзија за ажурирање.

„Најновата верзија за ажурирање ќе ја отстрани поддршката за постарите мобилни телефони, што се очекува најмногу да има влијание кај сопствениците на ‘ајфон 4’ и постарите модели што користат оперативен систем „Иос 7“.

Она што засега е добра вест е дека промената ќе се случи дури во февруари 2020 година, што ќе им овозможи на сопствениците на постари модели на „ајфон“ да си ги заменат телефоните за понови модели.

Прикажи повеќе...

Забава

Од алкохол годишно умираат 3 милиони луѓе

Објавено пред

Од

Многу сообраќајни несреќи, убиства, повреди, кардиоваскуларни и некои инфективни болести се поврзани со пиењето алкохол и од тоа годишно умираат 5,3 отсто од светската популација. Светската здравствена организација соопшти дека во 2016 година како последица од алкохол починале околу 3 милиони луѓе, а во 2012 – 3,3 милиони луѓе.

СЗО додава дека е забележано намалено пиење алкохол во светски рамки, но предупредува дека од три милиони починати, 28 отсто настрадале во сообраќајни несреќи.

Организацијата исто така соопшти дека околу 2,3 милијарди луѓе во светот пијат алкохол, а најмногу во САД, Европа и во подрачјето на западен Пацифик.

Прикажи повеќе...

Најново

Виница Виница
Македонија19 минути

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет36 минути

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет52 минути

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ53 минути

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија19 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија20 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија21 час

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија22 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет24 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија24 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Досие