Контакт

Забава

„Русокоса“ доби неповолни критики, гледачите згрозени од некои сцени

Објавено пред

Заснован на фиктивна биографија на Мерилин Монро од авторката Џојс Керол Оутс, контроверзниот Blonde („Русокоса“) пристигна на „Нетфликс“ по неговата премиера во Венеција, со предупредување дека не се препорачува за помлади од 17 години.

dobivaj vesti na viber

Филмот се фокусира на филмската кариера на сензуалната актерка од Холивуд, управувана од опскурни момци, на кои често мора да им се наведне над креветот.

Норма Џин Бејкер, најпознатата русокоса на сите времиња, убавица со сонлив поглед и уништена психа, беше најголемиот залак на Холивуд.

Според критичарите, филмот е стереотипна приказна за глупава русокоса (која сепак го чита Достоевски). Тажна и морбидна приказна за девојка од сиропиталиште, на која недостигот на мајчина љубов и потребата за татко, кого никогаш не го запознала, ќе го забрза нејзиниот пат во похотливите раце на сексуални девијанти. Секс во тројка со синовите на Чарли Чаплин, потоа браковите со пензионираната бејзбол-ѕвезда Џо Димаџо и со драматургот Артур Милер, како и врската со Боби Кенеди, ќе ја доведат Мерилин до неколку неуспешни обиди да се реализира како мајка. Се случуваат низа индуцирани и спонтани абортуси.

Филмските критичари, а особено публиката, смета дека сцените кога лекарот ѝ прави абортус се прилично морбидни. Експлицитната сцена во која Монро е брутално силувана од Џон Кенеди вознемири голем дел од гледачите, кои сметаат дека таа сцена е мачна и непотребна. Гледачите можеби ќе почувствуваат малку мачнина, но ќе ја научат лекцијата за тоа зошто сите во светот сакале да бидат Мерилин Монро. Освен Мерилин Монро.

Филмот ги анализира и психолошките кризи што ги доживеала во текот на снимањето на своите најголеми хитови „Седум години верност“ и „Некои тоа го сакаат жешко“, чии неподносливи моменти ги кратела со опиоиди.

Накратко, животот на холивудската дива бил неподнослив. Осаменоста меѓу толпа луѓе, блицовите на фотоапаратите, лигавењето на милиони луѓе и лесните комедии беа нејзиниот пат до лудило.

Ана де Армас, Бонд-девојката и една од водечките секс-симболи на денешницата, ја прикажува сложената личност на Мерилин Монро со неверојатна актерска трансформација.

Во филмот што трае речиси три часа, покрај одличната Де Армас, и Адријан Броди одлично се снаоѓа во улогата на Артур Милер, драматург, кој за својата сопруга напиша: „Мислев дека се оженив за ангел, но всушност сум се оженил со курва“.

Според некои критичари, црно-белите кадри се исклучително привлечни и имаат естетика, која ќе ве вовлече во блуткава фабрика на соништата и ќе ви покаже дека таму се сонуваат само кошмари. Што се однесува до сценографскиот и костимографскиот дизајн, „Русокоса“ е вистинско ремек-дело.

Ќе ја видите истата куќа во која актерката се предозирала, со раката залепена за телефонот… гола русокоса која лежи меѓу бели чаршафи натопена во „шанел 5“. Сите нејзини фустани, џемпери и панталони од познатите фотографии повторно оживеани на Ана де Армас.

Иако во Холивуд владеат теророт на вечната младост и принципот „живеј брзо, умри млад“, никој не е имун на него, а овој филм ќе ве одведе токму таму, во златното доба на Холивуд, во обид да ја прикаже несериозната потреба за гламур.

Не секој може да ја поднесе оваа хипнотизирачка и разорна драма на Ендрју Доминик, која говори за сексуалната експлоатација на една жена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кои бои треба да се избегнуваат за 2024 година, a кои се пожелни

Објавено пред

Ако сакате да му угодите на Зелениот дрвен змеј, кој ќе владее со 2024 година, внимавајте што носите. Кои бои треба да се избегнуваат за дочекот на новата 2024 година?

dobivaj vesti na viber

Во најмагичната ноќ во годината секогаш сакаме да изгледаме спектакуларно. Сепак, малкумина знаат дека со вистинската облека не само што можете да станете ѕвезда на вечерта туку може да привлечете и среќа. Ако со празничната облека веднаш ставиме до знаење дека сме решени да станеме најсреќни, тогаш среќата, дефинитивно, ќе биде на наша страна. Кои бои треба да ги избегнувате за да ја дочекате најлудата ноќ, а на кои треба да се фокусирате за да му угодите на моќниот заштитник од 2024 година?

Кои бои треба да ги носите за 2024 година ако сакате да привлечете среќа

Зелена
Претстојната година на Зелениот дрвен змеј веќе го крева превезот на тајноста и навестува која палета ќе биде најуспешна. Смарагд, маслинеста, каки, ​​морско зелено и многу други бои што симболизираат мир, хармонија и апсолутна среќа. Ако долго време сонувавте да стекнете нови корисни познанства или размислувавте во која насока да го пренасочите вашиот живот, тогаш зелената шема на бои ќе стане главен талисман на среќни промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STYLE ORBITS💫 (@styleorbits)

Виолетова
Виолетовата отсекогаш се сметала за боја на кралското семејство, па воопшто не е чудно што му се допаднала на доминантниот Змеј. Палетата на виолетови нијанси е повеќеслојна: лаванда, јоргован, слива, модар патлиџан и многу други се поврзани со креативност и мистерија. Оваа шема на бои е омилена меѓу лидерите и аристократите, па ако сте сонувале да се приклучите во нивните редови, време е да инвестирате во виолетови парчиња.

Црвена
Облечете огнено црвен фустан за добредојде и покажете му на Зелениот змеј дека сте подготвени да ги добиете сите подароци што ви ги носи 2024 година. Претходно, во благородните куќи, ѕидовите беа обоени во црвена боја: се веруваше дека оваа боја привлекува среќа и симболизира радост и сила.

Црна
Црното е класично. Строги, елегантни и престижни се првите асоцијации кои паѓаат на ум кога се споменува оваа боја. Запомнете како најобичното црно фустанче стои фантастично, а ако е свилено… Совршено! Што е со кадифените вечерни фустани? Или можеби смокинг? Што и да замислиме во оваа длабока нијанса, сè изгледа неверојатно привлечно и луксузно. Според психолозите, црната боја асоцира на сила и супериорност, па ако сакате следната година да биде успешна, знаете на која палета да се обложите.

Златна
Златната боја го привлекува успехот како магнет и ја воздигнува личноста во очите на другите. При изборот на облека за Нова година, многу е важно да не претерате бидејќи Змејот сака сѐ што е дискретно. Спојте златен фустан со класична црна јакна или земете златна чанта или штикли. Златната боја сигурно ќе привлече среќа во 2024 година.

А кои бои не ги сака Зелениот дрвен змеј: Не носете ги за најлудата ноќ

Бела
Во многу земји белата боја е поврзана со посебна чистота и светлина, но не и во Кина. Годината на змејот почнува според источниот календар, а во оваа земја сите нијанси на бело се сметаат за боја на жалост. Кинеските астролози советуваат да не се носи бело на новогодишната ноќ за да не се прават проблеми. Патем, ова правило важи не само за бело, туку и за беж, слонова коска и крем-нијанси.

Жолта
Претходно, само членовите на царското семејство можеа да носат жолто во Кина. Секој што го прекршил ова правило веднаш бил осуден на смрт. Можете да кажете дека сите овие закони се минато и затоа денес не е воопшто страшно да ризикувате за да создадете совршена облека со вашата омилена нијанса, но не. Заштитникот за следната година ги почитува традициите и несомнено ги следи. Затоа не треба да го лутите со жолта облека, инаку горко ќе жалите цела година.

Сина
Сината боја е на црната листа на Змејот. И покрај фактот што се смета за еден од најмоќните, опушта и носи хармонија, не ветува добро за наредната година. Единствен исклучок е зеленикавиот тон, кој ќе му се допадне на страшниот Змеј. Но, небесносината, ултрамарин или темносината ќе ве направат жртва на несреќни околности што ќе ве следат во текот на 2024 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Ракот ѝ се прошири и на коските на актерката: „Сакам да живеам!“

Објавено пред

Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата во „Беверли Хилс“, во една искрена исповед проговори за ракот, кој моментно ѝ е во 4-та фаза.

dobivaj vesti na viber

Таа призна дека ракот се проширил и сега, освен на дојката, го има и на коските, а причината за нејзината исповед е да ги инспирира луѓето од целиот свет бидејќи со сите сили се бори за животот.

„Сè уште сакам да живеам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не завршив со ‘се надевам дека ги менувам работите на подобро’“, рече таа, а потоа додаде:

„Едноставно, не, не завршив“.

Нејзиното осумгодишно патување со ракот ја натера да размислува за големата слика на својот живот, како и за темата што ќе ја истражува во својот поткаст во стилот на мемоари, „Ајде да бидеме на чисто со Шанон Доерти“, премиерно прикажан на 6 декември на HeartRadio.

Таа во оваа пригода ќе зборува за врските и за кариерата, но и за многуте фази од болеста, пренесува „Пипл“.

Инаку, во јуни актерката сподели дека ракот се проширил и на мозокот, но туморот бргу бил отстранет.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина актерка од серијата „Сексот и градот“

Објавено пред

Актерката од „Сексот и градот“, Френсис Стернхаген, почина на 93 години.

dobivaj vesti na viber

Според нејзиното семејство, Френсис починала мирно од природна смрт.

Нејзините најблиски објавија соопштение во средата, во кое пишуваше:

„Нејзината љубов кон животот ќе продолжи да нѐ инспирира“.

Стернхаген беше најпозната по улогата на свекрвата на Шарлот Јорк, Бани Мекдугал, во „Сексот и градот“ од 2000 до 2002 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Пензионерите и учениците ќе ги добијат парите – помош од државата во втората половина на декември

Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од...

Македонија9 часа

Заврши првиот ден од самитот на ОБСЕ во Скопје: во фокусот војната во Украина

Првиот ден од 30. Самит на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) заврши...

Европа10 часа

Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ, објави руската амбасада во Скопје

Сергеј Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ што од денеска се одржува во Скопје. Ваквата информација ја пренесуваат...

Топ11 часа

Ученик истакнал албанско знаме во училишниот двор во Велес: случајот го пријавил директорот

Денеска во 10.00 часот во СВР Велес, директор во средно училиште во Велес пријавил дека во училишниот двор од страна...

Свет12 часа

Зеленски: Се сомневам дека Украина некогаш ќе стане членка на НАТО, ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим

Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски на средбата со студентите во Миколаев....

Македонија16 часа

ОБСЕ е потребна за да го поттикне мултилатерализмот и да ја олесни соработката, рече Османи на отворањето на состанокот

Со повик за обединување за заложбите на ОБСЕ, упатен до министрите за надворешни работи, претседавачот со ОБСЕ и министер за...

Македонија18 часа

(Видео) Пречек и отворање на 30. министерски совет на ОБСЕ

Главниот град Скопје е домаќин на 30. министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Во...

Свет19 часа

По престојот во Скопје, американскиот државен секретар стигна во Израел

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Тел Авив, каде што се очекува да се сретне со израелските лидери...

Свет19 часа

Во последен момент продолжено примерјето, Хамас ослободи уште 16 заложници

Израел и Хамас се согласија да го продолжат примирјето за најмалку уште еден ден, неколку минути пред крајот на шестдневното...

Свет19 часа

Хенри Кисинџер почина на 100-годишна возраст

Хенри Кисинџер, контроверзниот нобеловец и моќен дипломат, почина во средата на 100-годишна возраст, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма „Кисинџер асошиејтс“....

Македонија20 часа

Продолжува потрагата по Вања, вклучен и Интерпол

Потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска влегува во четвртиот ден. Како што вчера информираа од МВР, распишана е меѓународна потерница од...

Македонија1 ден

Лавров слета во Скопје – стигнал преку Грција, а не преку Бугарија, јавува „ТАСС“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна доцна вечерва во Скопје, за да учествува на Советот на министри за...

Македонија1 ден

Борел од Скопје: Лавров ќе слушне од сите зошто ја изолираме Русија, па нека му пренесе на господарот на Кремљ

Некои земји учесници не беа воодушевени од вашата одлука на состанокот на ОБСЕ во Скопје да присуствува министерот за надворешни...

Македонија1 ден

(Видео) Блинкен во Скопје: САД ќе ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори за членството во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, Ковачевски и...

Македонија1 ден

Починато бебе донесено во неготинската болница

Родители однеле починато бебе во неготинската Итна медицинска помош, соопштија денеска од СВР Велес. „Вчера во девет часот во ОВР...

Македонија1 ден

Скопје преплавено со фотографиите на Вања, исчезна во најфреквентниот дел: за неа јавија и балканските медиуми

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена,...

Македонија1 ден

Ловци ја бараат исчезнатата Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, од вчера го бараат и ловците откако претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, синоќа...

Регион2 дена

Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и...

Топ2 дена

Во Косово уапсени шест лица, тројца од Македонија: фалсификувале 85.000 евра во монети

Специјалното обвинителство на Косово, косовската полиција, Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, спроведоа акција при што беше идентификувана...

Топ2 дена

24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

Вчера попладне, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон...