Контакт

Забава

Салма Хаек во потрага по тартуфи во близина на Ровињ

Објавено пред

Актерката Салма Хаек (52) од Ровињ им го честита Велигден на своите обожаватели. Претходно таа позира на фотографија со зајаче, а сега се пофали и со лов на тартуфи. Колку актерката ужива во Истра, покажуваат фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Дека се забавува и ужива во пријатно друштво, таа и овој пат покажа со фотографиите на кои позира со Зара и Малa, кучиња трагачи по тартуфи.

„Овој Велигден, наместо во лов на јајца, отидов во потрага по тартуфи“, напиша убавата Салма покрај фотографијата на својот инстаграм-профил.

Нејзиното објавување имаше повеќе од 180.000 допаѓања. „Уживај во Хрватска“, „Прекрасна си, Салма“, се само некои од коментарите на обожавателите.

Забава

Алиша Викандер има строго правило во врска со снимање секс-сцени

Објавено пред

Алиша Викандер во интервју за Harper’s Bazaar UK отворено зборува за снимањето на сцени во кои има секс и е категорична дека таквите сцени никогаш не треба да бидат ништо друго освен „технички“.

Оскаровката тврди дека таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторувања.

Според Cosmopolitan, на долгиот список работи што веројатно се прилично непријатни е да бидете актер и да снимате секс-сцени во просторија полна со странци. „Се чини дека второво е на врвот на списокот. Но, не би требало. Снимањето на секс сцена треба да биде како снимање на било која друга сцена: професионално, технички и, пред сè, безбедно.“

Во интервју за британскиот магазин Harper’s Bazaar, Алиша Викандер одговараше на прашања поврзани со нејзиниот нов филм Earthquake Bird во кој има сцена со „интензивен“ секс, како што вели авторот на текстот во магазинот.

За време на интервјуто, актерката добитник на Оскар истакна дека е важно интимните сцени да бидат чисто технички. И, очигледно, таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторување, и така сите, целиот екипаж  ќе бидат ефикасни.

„Мојата прва секс сцена беша кога имав 20 години и тоа секогаш беше технички, како што треба да биде“, рече таа, додавајќи дека не треба да има повторувања на кадрите.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Има девет години и до крајот на 2019 ќе дипломира, па потоа оди на докторат

Објавено пред

Вундеркинд од Белгија на 9-годишна возраст студира електротехника и планира да дипломира на Универзитетот за технологија во Ајндховен до декември, на студиите што ги почна минатата година. Потоа Лорен Симонс планира да продолжи со докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира медицина, изјави татко му Александер за Си-ен-ен. Талентот на момчето првпат го забележале баба му и дедо му, а родителите сметале дека претеруваат, но набргу и наставниците се согласиле.

Тие го тестирале темелно во потрагата по границите на неговиот талент и им кажале на родителите дека е како сунѓер кој бргу апсорбира неверојатна количина информации.

Лорен потекнува од докторско семејство, но сè уште нема објаснување зошто е толку надарен. Универзитетот му дозволи да ги заврши студиите порано од другите студенти.

Сјоер Хулшоф од Универзитетот вели дека Лорен, едноставно, е извонреден.

„Лорен е најбрзиот студент што сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, тој е исто така многу сочувствителен“.

Неговиот напредок, се разбира, не остана незабележан, па веќе го бараат престижни универзитети од светот, но семејството на Лорен допрвин треба да каже кои понуди ги имаат предвид за неговиот докторат.

Неговите родители внимаваат, покрај учењето, Лорен да има време и за игра.

„Не сакаме тој да стане многу сериозен, па прави што сака“, вели татко му додавајќи дека мора да се постигне рамнотежа меѓу детството и талентот.

Лорен веќе знае што сака да направи во животот: развој на вештачки органи.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер ја промовира својата обновена линија за нега на кожата

Објавено пред

Кајли Џенер објави дека нејзината блокбастер-линија „Кајли скин“ е обновена и е подготвена за освојување на пазарот.

22-годишната девојка од насловната на „Форбс“ ја сподели веста на „Инстаграм“ во средата вечерта со жешка фотографија.

На фотографијата Џенер се потпира на едната рака, а на себе има светлорозова марама, целосно намокрена.

Таа во раката држи еден од своите производи од линијата „Кајли скин“ додека позира за „Кајли козметика“ само со розов кармин и молив за очи.

„Новата линија доби многу љубов. Сакам да ви се заблагодарам со целото моето срце! Многу сум среќна што ги видов сите рецензии. Уживајте!“, напиша таа над сликата на својот „Инстаграм“.

Колекцијата беше огромен хит за помладите од 30 години, а ѕвездата на реалното шоу Keeping Up With The Kardashians сега повторно зеде замав.

Ова доаѓа кога Џенер сподели фотографија во прекрасен црвен фустан за рекламирање на својата нова козметичка линија со теми од одмор.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 минути

Снежна бура во Франција: Еден загинат, 300 000 домови останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железниќкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија заради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет24 минути

Полската полиција евакуираше училиште и зграда откако пронајде експлозив во стан

Според полското радио „РМФ ФМ“, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани откако полицајците откриле...

Македонија51 минута

(Видео) Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судница

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време...

Свет1 час

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион2 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет3 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет3 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија15 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура17 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија18 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион18 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија21 час

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет23 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија1 ден

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет1 ден

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Досие