Контакт

Hitech

„Самсунг“ до крајот на годинава ќе го претстави својот прв „галакси“ на превиткување

Објавено пред

По неколкугодишни шпекулации и приказни поврзани со флексибилниот паметен телефон, „Самсунг“, конечно, даде официјална најава за проектот во врска со ваквиот футуристички уред. Според најновите информации, тој треба да биде претставен во јавноста до крајот на годината.

Корејскиот производител, конечно, ги потврди шпекулациите што циркулираат со години – нивниот најнов паметен телефон на превиткување навистина доаѓа на пазарот и ќе го видиме пред почетокот на 2019 година.

Ова го потврди и директорот на мобилниот оддел, Ди Џеј Кох, велејќи дека револуционерниот уред ќе биде претставен кон крајот на годинава, а првите примероци ќе им бидат достапни на корисниците во 2019 година.

Од изјавата на Кох би можело да се претпостави дека „Самсунг“ новиот уред ќе го претстави во текот на конференцијата „Самсунг дивелопер“, која во декември ќе се одржи во Сан Франциско.

Колку за потсетување, „Самсунг“ во неколку наврати потврдуваше дека работи на прототип за уред со флексибилен екран на кој фановите му го прикачија името „галакси х“, но ова е првпат да се најави термин за негово официјално претставување.

Кох информацијата за новиот уред ја соопшти во текот на интервју за Си-ен-би-си, при што нагласи дека телефонот ќе може да се користи и додека е свиткан, но за пристап на интернет корисниците ќе мора да го отворат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

(Видео) НАСА објави прво видео со висока резолуција од вселената

Објавено пред

НАСА почна на „Јутуб“ да објавува видеа од вселената во висока резолуција – 8К.

Првото вакво видео е снимено на Меѓународната вселенска станица, која дава сосема нов поглед на бурата, Месечината, па дури и на научните експерименти.

„На новото видео деталите се видливи повеќе од кога било. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можноста да ја видиме планетата на толку детален начин е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Сони“ претстави дискови со капацитет од 128 гигабајти

Објавено пред

Компанијата „Сони“ ги произведе првите индустриски четирислојни блуреј-дискови. Новите BDXL-дискови може да складираат дури 128 гигабајти податоци.

Сепак, на блуреј-дисковите не може одново да се празапишат податоци, што значи дека на нив содржина може да се сними само еднаш, а за внесување на податоците потребни се специфични блуреј-драјвови.

Пред овој модел, блуреј беше ограничен на три слоја и капацитет до 100 гигабајти. „Сони“ истакнува дека новите дискови се четири пати побрзи во снимање на податоците од стандардните блуреј-модели.

Новите BDXL-модели на блуреј би можеле да помогнат во олеснувањето на складирањето содржини популарни кај корисниците, како што се видеоигрите.

Денешните игри стануваат сè поголеми и поголеми (Red Dead Redemption 2, на пример, се продава на два двослојни блуреј-диска).

Новите черирислојни дискови од „Сони“ чинат 13 евра.

Прикажи повеќе...

Hitech

Роботи ќе разнесуваат пошта низ Норвешка

Објавено пред

Норвешката национална пошта „Постен Норге“ набргу ќе почне да користи поштарски роботи, односно роботизирана служба за испорака, со цел да им обезбеди на корисниците подобра достава на пратките.

Норвешката пошта потпиша договор со стартап-компанијата „Бади мобилити“, која има седишта во Осло и Сан Франциско. Нивниот план е во првата фаза на улиците да пуштат роботизирани возила само во областа на градот Конгсберг, а подоцна и во другуте норвешки градови, пренесува „Танјуг“.

Роботот поштар ќе функционира така што ќе доаѓа до домовите на корисниците и ќе ги известува за пристигнувањето на пратката. Пораката ќе биде примена од граѓаните на Конгсберг преку апликација за паметен телефон. Пораката исто така ќе го прикажува кодот за отклучување на поштенското возило во кое ќе биде сместен пакетот.

Роботизираното возило ќе патува со брзина од 6 километри на час, а со тоа темпо ќе може да испорача пратки до сто адреси на ден. По доставувањето на сите пакети, возилото ќе се враќа во седиштето на поштата, ќе ги наполни своите батерии и ќе чека за нови пратки.

Портпаролот на норвешката пошта, Џон Екоф, рече дека поштата сега има околу 20.000 вработени помалку отколку што имала во средината на деведесеттите години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија8 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија10 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија10 часа

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија11 час

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ13 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија14 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија15 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет16 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија16 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа17 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион20 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија21 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија2 дена

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија2 дена

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија2 дена

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа2 дена

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие