Контакт

Забава

Свадбата на Парис Хилтон ќе биде тридневен настан

Објавено пред

40-годишната наследничка на синџир луксузни хотели се сврши со Картер Реум на почетокот на оваа година, а сега таа навестува дека ќе се случуваат „многу работи“ во текот на прославата на бракот, поради што ќе се прошири на неколку дена.

Парис Хилтон гостуваше во „Тунајт“ со Џими Фалон, кога откри дека свадбата ќе биде како тридневен настан и ќе има многу работи.

Прашана за многуте облеки што ќе ги носи, таа одговори: „Многу фустани. Веројатно 10 – сакам промени во облеката”.

Кога Џими ја праша дали венчавката ќе се емитува на телевизија, таа потврди: „Да“.

Забава

Неизмерно благодарен: Даниел Крег се збогува со Џејмс Бонд

Објавено пред

Даниел Крег мислеше дека го заврши својот мандат како Џејмс Бонд со Spectre, но актерот вели дека неговата последна петта улога на британски таен агент во No Time To Die му овозможило целосно да го заврши своето 007-патување.

Речиси 60 години од прикажувањето на првиот Бонд-филм Dr No, омилениот шпион познат по љубовта кон брзи автомобили и софистицирани уреди следната недела се враќа во многу очекуваниот филм по 18-месечно одложување поради пандемијата.

Се проценува дека продукцијата на филмот чини околу 200 милиони долари, а во него Бонд, кој веќе е пензиониран, го напушта идиличниот живот во Јамајка за да помогне во пронаоѓањето нов негативец вооружен со смртоносна технологија.

„Не мислев дека ќе снимам друг филм по Spectre. Искрено, мислев дека ќе завршам со Бонд“, рече Крег во интервју за „Ројтерс“.

„Но, среќен сум што имав шанса да го одработам и ова. Врзавме многу лабави краеви. Се обидовме да раскажеме една приказна со сите мои филмови за Бонд. Како да се сите поврзани на некој начин и овој некако го затвори кругот“.

Филмот кој трае речиси три часа, а го режира Кари Џоџи Фукунага, ветува вообичаена акција, бркање со автомобили и акробации на живописни локации вклучувајќи ги и пештерските живеалишта на јужниот италијански град Матера.

Филмот го претставува новиот лик Номи (Лашана Линч) – агентка 00 на британската тајна разузнувачка служба МИ6. Таа изгледа еднакво жестоко и вешто како и самиот Бонд.

Прикажи повеќе...

Забава

Нов пар на повидок? Анџелина Џоли и Викенд на интимна вечера

Објавено пред

Анџелина Џоли и Д Викенд (31) ги подгреваат шпекулациите за наводна романса, пишуваат таблоидите додавајќи дека биле забележани повторно заедно на вечера во романтичен ресторан во Лос Анџелес.

И претходно летово беа видени заедно во неколку наврати.

Уште еден доказ за наводната врска меѓу Џоли (46) и канадскиот пејач (31) е вечера за двајца во „Џорџо Балди“ во Санта Моника во саботата.

Актерката, мајка на шест деца, и канадскиот пејач поминаа два и пол часа во приватниот дел од луксузниот италијански ресторан.

Џоли пристигна во ресторанот одделно од Д Викенд (роден како Абел Тесфаје, но замина со него по оброкот).

Прикажи повеќе...

Забава

„Мулен Руж! Мјузикл“ триумфира на годинешните награди „Тони“

Објавено пред

Новата сценска адаптација „Мулен Руж! Мјузкл“ победи во 10 категории на синоќешното доделување на престижните театарски награди „Тони“.

Четиричасовната церемонија, што ја слави американската театарска индустрија, се одржа во Њујорк во неделата, со доцнење од повеќе од една година поради пандемијата.

Преставата „Мулен Руж! Мјузикл“ освои награди за сценографија (сценски дизајн), костими, осветление, дизајн на звук, а Дени Бурстајн ја освои наградата за најдобар спореден актер . Соња Тае ја освои наградата за кореографија во своето деби на Бродвеј, а Алек Тимберс го освои трофејот за најдобра музичка режија.

Наградата за најдобар актер заврши во рацете на Арон Твејт за неговата улога во мјузиклот, што не е за изненадување бидејќи тој беше единствената личност номинирана во таа категорија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија3 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа6 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија6 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија7 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија7 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа8 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет11 час

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија12 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија13 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ1 ден

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион1 ден

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија1 ден

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Досие