Контакт

Hitech

Секој петти мобилен е фалсификат – потребно е вешто око за да се препознаат разликите

Објавено пред

Канцеларијата на Европската Унија за интелектуална сопственост го објави најновото истражување според кое бројот на лажни уреди е во значителен пораст. Имено, утврдено е дека фалсификувањето технички средства во рамките на ЕУ годишно го скратува буџетот за 60 милијарди евра.

Според официјалниот извештај, во 2016 година преку границите на ЕУ минале вкупно 41,3 милион фалсификувани уреди во вредност од 670 милиони евра. Од нив 1.059.855 се мобилни телефони, вклучувајќи ги и нивните делови.

Овој тренд не е актуелен само во Европската Унија, туку и во целиот свет. Ова го покажуваат и податоците на Организацијата за економска соработка и развој, според кои во 2017 година секој петти мобилен уред во светот е лажен.

За да ја препознаете разликата во однос на тоа дали купувате оригинален или лажен уред, мора да имате вешто око бидејќи на прв поглед оригиналот и фалсификатот изгледаат идентично.

Детален преглед на уредот, како и проверка на неговиот IMEI-број, се најефикасните начини да се препознае кој телефон е оригинал, а кој копија.

Исто така, можете да ја посетите и интернет-страницата Spot a fake phonе, а наједноставeн начин за да бидете сигурни дека сте купиле оригинален урад е да работите со овластени застапници што ќе ви доделат и гарантен лист.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Глобални проблеми со Икс: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Објавено пред

Социјалната мрежа X, порано позната како Твитер, денес претрпе голем прекин, при што корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со пристапот до платформата, најавувањето и вчитувањето објави.

Проблеми пријавени низ целиот свет
Податоците од Downdetector, интернет услуга што ја следи достапноста на интернет услугите, покажаа нагло зголемување на поплаките.

Корисниците пријавија дека веб-страницата и мобилната апликација повремено се недостапни, а пријавите доаѓаат од Соединетите Американски Држави, Европа и делови од Азија.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“

Објавено пред

По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.

Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.

Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.

Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.

Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Hitech

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

Објавено пред

Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава.

Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за обука за напредно производство, а проширувањето, според компанијата, ќе отвори илјадници нови работни места.

Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на „Епл“ со царина од 25 отсто за производи произведени во странство. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот ги пречекорил овластувањата со измената на царините. Трамп потоа најави привремени царини од 10 отсто, со важност до 180 дена.

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, изјави дека компанијата е „цврсто одлучна да ја поддржи иднината на американската индустрија“.

И покрај тоа, најголемиот дел од производството на „Епл“, вклучувајќи ги „ајфон“ и „ајпад“, и натаму се одвива во Азија, претежно во Кина, иако дел е префрлен во Виетнам, Тајланд и Индија.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава4 секунди

Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

Дали некогаш сте размислувале колку нечистотија се насобрала во вашата машина за перење со текот на годините? Веројатно не сте...

Свет4 минути

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД...

Спорт6 минути

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот...

Свет14 минути

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери...

Свет15 минути

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му...

Свет20 минути

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од...

Европа24 минути

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја,...

Забава29 минути

(Фото) Пет пролетни парчиња без кои Италијанките не можат да живеат, за нив ова е основна

Италијанките имаат свои модни адути за секоја сезона, а во текстот дознајте кои парчиња се секогаш добредојдени во нивните пролетни...

Забава40 минути

Ова е судбоносен ден за три знака: Долговите исчезнуваат и доаѓа финансиска лавина

21 април е судбоносен ден кој носи огромни пари и успех за трите знаци на Зодијакот. Дали мислевте дека сè...