Контакт

Забава

Секој трет жител на Монако е милионер

Објавено пред

Монако, втората најмала земја во светот, со 38,3 илјади жители е најгусто населена, но е дом на 12,26 илјади милионери.

Оваа бројка, според „Бизнис-инсајдер“, за само пет години скокна за 12 отсто, па сега секој трет жител на Монако поседува милион долари. Стапката на сиромаштија во земјата е нула, а бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител е 165,42 илјади американски долари.

Всушност, Монако е една од четирите земји во светот каде БДП по глава на жител надминува 100.000 американски долари. Листата ја предводи Лихтенштајн со 166,02 илјади долари, на второ место е Монако, по што следуваат Луксембург и Бермуди.

Од вкупното население, дури 75% од нив се новодојдени, односно постојани жители кои се родени надвор од земјата.Покрај тоа што е многу скапо, Монако е многу безбедно.Ова всушност е еден од најбезбедните градови во светот. Во него е ангажиран еден полицаец за секои стотина жители, а целиот град е покриен со постојан видеонадзор.

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мелани Грифит се вклучи во кампањата за превенција на рак на дојка

Објавено пред

Актерката Мелани Грифит сподели фотографии во розова долна облека наменета за промовирање на светскиот месец за борба против ракот на дојка, дел од меѓународна здравствена кампања за подигање на свесноста за оваа болест.

Мелани (63) седи преку када за фотографија што ја сподели на своите 513.000 следачи на Инстаграм во средата попладне.

„Носам класичен градник Classic Demi и килоти со висока половин“, напиша таа. Брендот  KiT Undergarments всоопшти дека дел од парите од продажбата на овие сетови долна облека ќе бидат наменети за програмата за подигање на свеста преку Фондацијата за истражување на рак на дојка.

Пред две години Мелани призна дека ѝ го отстраниле карциномното ткиво од носот со многу тешка операција.

Мелани неодамна го прослави својот 63. роденден додека беше во карантин среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија1 час

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет1 час

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија1 час

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија2 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт13 часа

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија13 часа

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија14 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион15 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија17 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет17 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет18 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија19 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија21 час

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа21 час

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија1 ден

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион1 ден

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет1 ден

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија1 ден

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет1 ден

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Досие