Контакт

Естрада

Семејството на Оливер испрати предупредување до секој што се обидува да заработи пари на него

Објавено пред

Семејството на Оливер Драгојевиќ им се обрати на сите оние кои се обидуваат или можат да се обидат да заработат во име на легендата за хрватската музика.

„Семејството на покојниот г. Оливер со ова се обраќа до јавноста, како и до сите оние кои во негова чест сакаат да организираат какви било настани или неговото име и уметничка креативност да ги користат за свои потреби или потребите на нивните компании. Сакавме да обрнеме внимание на фактот дека според Законот за заштита на лични податоци, особено врз основа на Регулативата на Европската Унија бр. 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на поединците во однос на обработката на личните податоци и за слободното движење на тие податоци, секое неовластено користење и обработка на лични податоци се смета за незаконско”, соопштија во средата.

Poštovani,obitelj pok. gospodina Olivera Dragojevića ovime se obraća javnosti, kao i svima koji u njegovu čast žele…

Gepostet von Oliver Dragojevic (Official) am Dienstag, 4. September 2018

„Забележано е дека постои тенденција за користење на името на починатиот г. Оливер Драгојевиќ во различни комерцијални цели, што според цитираниот закон и прописите донесени од ЕУ е незаконски. Со оглед на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и во алтернативните и одредбите од Законот за облигационите односи, Ве молиме личните информации од г. Оливер Драгојевиќ, особено вклучувајќи го неговото име, да не ги користите за целите на промоција, маркетинг, концерти, изложби и други слични настани, без претходна писмена согласност од неговото семејство”, се вели во понатамошниот текст.

Во случај на неовластено користење на лични податоци, особено името на г. Оливер Драгојевиќ, заради стекнување имотна корист, врз основа на одредбите од Законот и други прописи, ќе бидеме принудени да преземеме соодветни постапки за заштита на личните права и надомест на штета без никаква најава или предупредувања”, беше заклучено.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Објавено пред

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. „Блиц.рс“ пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментот е на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде што бил хоспитализиран.

„Почитувани жители на Крагуевац и преостанатата екипа која вечерва би дошла на концертот… Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен… Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа… Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша ќерка му.

„Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатаму… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Објавено пред

На само 20 дена пред да се одржи, најавениот концерт на Енрике Иглесијас во Загреб е под знак прашалник.

Најпрвин на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што дознава Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.

„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.

„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.

Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.

Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.

Прикажи повеќе...

Естрада

Бронкс доби нова туристичка атракција поради филмот „Џокер“

Објавено пред

Најновата филмска верзија на „Џокер“, во којa главната улога ја толкува Жоакин Финикс, многумина ја сметаат за најдобра досега, па сакалилата од филмот на кои се случува една од најпрепознатливите сцени станаа вистинска атракција.

Иако филмот на Тод Филипс премиерно беше прикажан пред помалку од два месеца, тој веќе ја освои наградата „Златен лав“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а скалите на кои џокерот танцува прераснаа во туристичка атракција.

Една сцена во филмот го прикажува ликот на Артур Флек – Џокер како во кулминацијата на своето лудило танцува на скали додека во позадината се слуша песната од Гери Глистер, „Рок ен рол парт 2“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ignacio 🍉 (@nacho_montagna) on

Фановите на Џокер брзо ги лоцираа скалите кои ги поврзуваат Шекспировата улица и авенијата Андерсон во Бронкс (Њујорк) и од нив направија атракција, а Инстаграм е преплавен со фотографии и видеа од обожавателитe кои се обидуваат да го имитираат танцот на Џокер.

Бронкс е дел од Њујорк што го бие лош глас поради високата стапка на криминал. Но, сега, во овој дел од градот покрај Зоолошката и ботаничката градина и стадионот на „Јенките“, туристите добија уште еден мотив повеќе зошто би ја посетиле „проблематичната област“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија13 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа14 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ17 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ18 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ19 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ21 час

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт21 час

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија22 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион22 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион22 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион23 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија23 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија23 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие