Контакт

Hitech

Сервисот „Спотифај“ станува достапен и за македонските корисници

Објавено пред

„Спотифај“, една од најпопуларните светски платформи за вмрежен аудиопренос, со претплата, од утре (15 јули), ќе биде достапна за користење и во земјата.

Покрај влегувањето во Македонија, „Спотифај” стартува и на 12 други пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум-претплатници на глобално ниво, „Спотифај” овозможува слушање локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион поткасти.

Услугата „Спотифај“ е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај премиум“, услуга со претплата што им овозможува на корисниците да уживаат во музиката, без да бидат прекинувани од реклами.

„Стартувањето на овие пазари ја отвора вратата за речиси 250 милиони обожаватели, кои ќе може да почнат со откривање нова музика и поткасти од целиот свет на ‘Спотифај’, а уметниците во регионот да ги допрат сè поповрзаната глобална публика и обожавателите“, вели Федерика Тремолада, управен директор за јужна и источна Европа на „Спотифај“.

Таа исто така додава дека стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај“.

„Особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде што расте семрежниот пренос и каде што гледаме значајна можност за ‘Спотифај’“, вели Тремолада.

Hitech

(Видео) Јапонски телевизор за лижење: Со сликата доаѓа и вкус

Објавено пред

Јапонски професор развил прототип на ТВ-екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање мултисензорно искуство на гледање.

Уредот наречен „Taste the TV“ (TTTV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.

Во време на пандемија, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.

Мијашита вели дека направил прототип на TTTV во текот на минатата година и дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.

Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Legendary од Теохаров и Влатко Стефановски – звучна перфекција што го одбележа годинешниот аудиосаем во Загреб

Објавено пред

Теохаров аудио годинава која привршува ја заокружи со промоција на своето најново дело кое го конструираше во соработка со Влатко Стефановски.

Заедничката страст кон музиката и аудиопроизводи од висока класа на Теохаров и Стефановски се основата врз која се изгради пријателство и иницираше креативна идеја која жестоко целеше напред, кон реализација и триумф над сите ризици и неизвесности поради пандемијата.

Амбицијата стана реалност.

Бескомпромисниот инженеринг на Теохаров и бојата на звук на Стефановски се имплементираа во совршено елегантна форма која носи симболично име – Legendary!

Legendary ја имаше својата светска промовија на 17.10.2021 година во рамките на интернационалниот фестивал за аудио и видеоорема, Too Loud fest 2021 во Загреб.

Повеќе од 120 посетители од цела Европа, централниот дел на вториот кат од хотелот Double tree by Hilton го исполнија со воодушевувачка тишина, внимателно апсорбирајќи го секој кажан збор од промоторите.

Она што е најважно, и кое публиката трпеливо го очекуваше беа првите ноти кои ќе протечат низ ова легендарно ремек-дело. Под вештата рака на Стефановски, овој настап во живо ги долови сите нијанси на совршена звучна репродукција која ги освои сите присутни, но и оние кои промовијата ја следеа онлајн.

Legendary, во лимитирано издание од 15 парчиња, дефинитивно го одбележа овогодишното издание на фестивалот, оставајќи зад себе имперсии за кои долго ќе се говори.

За македонската публика, Legendary беше визуелно претставен во рамките на овогодишното издание на Skopje Jazz Festival, во Националната опера и балет.

Звучните перформанси на Legendary, за сите заинтересирани, ќе бидат претставувани со внимателно утврден индивидуален концепт за секој посетител поединечно.

Прикажи повеќе...

Hitech

Запознајте го Huawei nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

Објавено пред

Huawei Nova 9 e со екран од 6.57 инчи во дијагонала, 8GB RAM и 128GB простор комбиниран со ултра-тенко тело од 7.8mm, овој телефон може да го носите било каде, било кога и да изгледате модерно правејќи го истото.

Опремен со процесор кој е Upper Mid-Range класа, Snapdragon 778G (4G варијанта), сурфањето, фотографирањето, телефонирањето, користењето на Вашите омилени социјални апликации нема да има никаков проблем ниту кочења или прегревање доколку гледате YouTube подолго време за разлика од многу телефони од оваа класа.

Да зборуваме малку за фантастичниот екран. Станува збор за OLED панел кој нуди апсолутни црни и апсолутни бели бои (а со тоа заштедува батерија). Карактеристиките не застануваат тука – покрај длабоките црни бои и одличните агли на видливост, овој екран се освежува 120 пати во секунда притоа имајќи 1 милијарда бои (да, милијарда, наспроти стандардните кои имаат само 16 милиони бои – телефонот од кој ја читате рецензијава голема е веројатноста да има 16 милиони бои). Тоа отвара големи можности за да видите соддржина како никогаш досега – погледнете го само видеото Costa Rica in 4K на YouTube во 1440p HDR 60fps – каде ќе помислувате на моменти дека боите излегуваат од екран и ќе може да ги допрете и почувствувате со раката.

Ова се сведува и на игрите. Популарните игри како Call of Duty Mobile, PUBG:Mobile, Genshin Impact можат со нагодувања да достигнат и до 120fps, синхронизирајќи се со 120-те освежувања на екранот во секунда. Покрај убавите и реалните бои (благодарение на DCI-P3 палетата што ја поддржува), прецизноста во игрите е на големо ниво – благодарение на 300Hz Touch Sampling Rate. Во превод, екранот го регистрира движењето на Вашиот прст врз него 300 пати во секунда, овозможувајќи не само прецизни туку и брзи маневри додека ја играте омилената игра.

Што правиме со звучниците? Конкуренцијата е остра и доколку немаме добри звучници, тоа може да Ве одврати од истиот, поготово доколку гледате филмови на телефонот. Во ера на стерео звучници, Huawei Nova 9 не само што е во чекор со конкуренцијата, туку е и едно скалило над нив. Има долен звучник исполнет со солиден бас за големината, истакнати средни и доволно високи тонови. Покрај него, горниот звучник (кој служи за телефонирање) исто така служи и како секундарен звучник кој дава убав и исполнет стерео звук. Мора да го видите телефонот во живо, да пуштите видео за да го почувствувате тоа 😊 .

За тие кои што сакаат да користат слушалки, Huawei Nova 9, како и другите од истата класа, не нуди приклучок за слушалки. Но тоа го надополнува со нивната патентирана технологија – Huawei Histen, која го подобрува и го засилува звукот на Bluetooth слушалките. Дополнително, ако го пред-нарачате телефонот ги добивате одличните Freebuds 4, на кои може да ја искористите Histen технологијата и да си го најдете најубавиот звук, што и да слушате.

Какви се камерите? Со еден збор, фантастични. Проширено: нема да Ви треба никаков дополнителен уред за фотографирање или снимање. Huawei беше прв на пазарот кој нуди одлични слики ноќе без употреба на сталак или дополнителна опрема. Исто така, беше прв на пазарот кој понуди видео со силна стабилизација, широкоаголна камера, како и повеќе камери на задниот капак.

Nova 9, следејќи ја традицијата на Huawei, соддржи неколку камери, а тоа се:

1. 50 мегапикселна широкоаголна главна, со брз PDAF (автофокус кој детектира промена на фаза) која што може да снима 4K на 30fps или да направите креативни успорени видео снимки до максимално 960fps со резолуција од 720p.
2. 8 мегапикселна ултра-широкоаголна со цел да фатите многу во еден кадар без да се оддалечувате.
3. 2 мегапикселна длабочинска, која помага да се направат кристално јасни портрети.
4. 2 мегапикселна макро, која овозможува да се приближите до 1cm од тоа што сакате да го фотографирате.
5. Предна селфи камера со 32 мегапиксели, исто така широкоаголна која може да снима и до 4K на 30fps.

Сите камери имаат електронска стабилизација со помош на вградениот жироскоп, па така може да имате стабилни видеа дури и додека џогирате – како на предната камера, така и на задните.

Сликите што излегуваат од камерата се остри, со реални бои и многу детали. Ноќните се, како што кажавме, најдобри во класата. Било да сликате пејсаж или портрети, автоматската интелигенција на телефонот самата ќе ја одреди сцената и ќе ги прилагоди боите према тоа што го сликате. Вие се’ што треба да направите е да го притиснете копчето за сликање – оставете на телефонот да ја направи магијата зад сцените 😊 .

Huawei Nova 9 доаѓа со новиот екосистем Harmony OS 2.0 на Huawei кој доаѓа со сопствена App Gallery продавница за апликации која Ви нуди лесен пристап до апликациите што ги сакате. Екосистемот што го изгради Huawei – Harmony OS 2.0 овозможува непрекинато и лесно да ги користите нивните уреди. Тоа значи, доколку имате звучник, паметен часовник, Bluetooth слушалки од нив и секако смартфон – ќе може брзо и лесно да ги управувате од едно место сите тие уреди.

Заклучок, за кого е овој телефон?

За сите млади кои сакаат телефон кој ќе биде секојдневно со нив, за тие што сакаат да снимаат и да сликаат соддржини за социјалните мрежи, за оние кои сакаат убав екран за да гледаат многу видеа и батерија која ќе издржи цел ден со интензивно користење.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион4 часа

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија6 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет7 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија8 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа9 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија10 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија11 час

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија12 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија12 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија13 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија15 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија15 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија16 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет16 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет16 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет1 ден

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет1 ден

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Досие