Контакт

Забава

Сер Дејвид Атенборо го собори инстаграм-рекордот на Џенифер Анистон

Објавено пред

Британскиот истражувач Дејвид Атенборо го собори рекордот на холивудската актерка Џенифер Анистон за најбрзо достигнување еден милион следачи на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

На возраст од 94 години бројот на следачи на познатиот натуралист достигна седум цифри за четири часа и 44 минути, според Гинисовата книга на светските рекорди, пренесува Би-би-си.

Сер Дејвид Атенборо првпат се пријави на „Инстаграм“ во четвртокот со цел да ја сподели својата порака за заштита на животната средина. Во неговата прва објава на социјалната мрежа тој напиша: „Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик“.

Во своето прво видео ветеранот рече: „Го правам овој потег и го истражувам овој нов начин на комуникација бидејќи, како што сите знаеме, светот е во неволја“.

„Континентите горат. Глечерите се топат. Корални гребени умираат. Рибите исчезнуваат од нашите океани. Списокот продолжува и продолжува. Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик“.

Минатиот октомври ѕвездата на „Пријатели“, Анистон, ја достигна пресвртницата за пет часа и 16 минути.

Бројот на луѓе што го следат Атенборо се искачи на 2,5 милиона во рок од 24 часа. Сепак, тој е на некој начин зад најследената личност на планетава – фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони, коментира Би-би-си.

Забава

Вил Смит: Богатството не е доволно за среќа

Објавено пред

Вил Смит гостуваше во шоуто на Нетфликс „На мојот следен гостин не му треба вовед“, чиј водител беше Дејвид Летерман. Шоуто беше снимено пред Оскарите, па не се зборуваше за инцидентот, а Смит го сподели своето искуство со дрогата и како дошло до неа“.

dobivaj vesti na viber

Летерман спомна анегдота од книгата на Смит во која тој го опишува разговорот со Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „Јас сум легенда“. Во разговорот беше споменато дека филмот заработил 77 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, на што Смит одговорил: „Се прашувам што можевме да направиме за да заработиме 80 милиони“.

„Во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно. Не сум разговарал со никого 14 дена. Тоа ми помогна да сфатам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да разбере дека материјалниот свет е недоволен за да ја одржи нашата среќа“, кажал Смит.

Тој исто така додал: „Невозможно е да го заштитите нашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мора да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне за една секунда. Ако го знаеш тоа, како можеш да бидеш среќен?“, се запрашал Смит.

Прикажи повеќе...

Забава

Дуа Липа се релаксира пред концертот во Минхен

Објавено пред

Дуа Липа уживаше во малку одмор и релаксација пред нејзиниот распродаден концерт во Минхен во неделата.

dobivaj vesti na viber

Британската поп-ѕвезда (26) на себе има розово-портокалови цветни бикини, кои ги истакнуваат нејзините стомачни мускули и затегнати нозе додека лежи покрај реката во главниот град на Баварија.

Таа сподели кратко видео и неколку фотографии со своите пријателки. На објавата ѝ даде наслов pre – show river dip (нуркање во река пред концерт).

Се чини дека Дуа и нејзините пријателки Роузи Вива и Реј Ен Хејден и нејзината фитнес-инструкторка Ени Мувс уживаат во сонцето на затскриена локација.

Прикажи повеќе...

Забава

Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Објавено пред

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески, „Засекогаш млади“ (Forever Young), во рамките на Филмскиот фестивал во Кан во неделата.

dobivaj vesti na viber

Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.

 

Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позира во друга верзија на фустанот, што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа56 минути

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ5 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија8 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија9 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија10 часа

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија11 час

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија12 часа

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа12 часа

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа13 часа

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа13 часа

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија14 часа

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија во Скопје

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија1 ден

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет1 ден

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија1 ден

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ1 ден

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа1 ден

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија1 ден

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија1 ден

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...