Забава
Се збогати со грабежот на векот, а во казино прокоцка 26 милиони долари за 90 минути

Џо Лоу е контроверзен малезиски бизнисмен кој проневерил приближно 1,4 милијарди долари од 1Malaysia Development Berhad, државен фонд за развој на инфраструктурата на Малезија. Овој грабеж често се нарекува грабеж на векот.
Скандалот што го предизвика на крајот доведе до пад на тогашната малезиска влада, но парите, се разбира, не беа вратени. Бројката од 1,4 милијарди долари, пресезентирана пред судот од агент на ФБИ кој ја следел трагата на парите, како и податоците откриени од него и другите сведоци се навистина шокантни.
Според сведочењето на Кирк Годби, извршен директор на казиното The Venetian во Лас Вегас, Џо Лоу, прокоцкал речиси 26 милиони долари за една рунда бакарат, а за тоа му требале само деведесет минути.
„Таа вечер играше со 87 милиони долари и загуби 26 милиони долари“, рече Годби во своето сведочење пред судот минатата недела, додавајќи дека „Големиот азиски Гетсби“, како што го нарекуваат, бил многу екстравагантен гостин.
„Тој имаше необични барања. Сакаше да има диско-топки, подиуми за танцување и диџеи“, тврди извршниот директор на казиното.
Случајот во казиното не е единствената приказна за овој контроверзен бегалец од правдата.
Со украдените пари организирал раскошни забави, а на славните личности им плаќал да се дружат со него. Парис Хилтон, Леонардо ди Каприо и Меган Фокс се само дел од ѕвездите кои се најдоа на неговиот платен список.
Секако, не смее да се заборави и манекенката Емили Ратајковски, на која ѝ платил 25.000 долари за да го придружува на „Супербоул“.
Џо Лоу моментално е во бегство, најверојатно во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Излезе видеоиграта „Топ ган: Маверик“, вклучува авиони и звучна подлога

Фановите на „Топ ган“ сега можат да одат до полетаат во небото со авионите од штотуку објавениот филм „Топ ган: Маверик“ со видеоиграта Ace Combat 7: Skies Unknown, преку ДЛЦ-то Top Gun: Maverick Aircraft Set што беше објавено во четвртокот.
ДЛЦ – содржина што може да се даунлодира или преземе – не ви дава нова приказна, мисии или мапи. Она што ви го дава е можност да летате со четири нови авиони, да добиете 10 нови амблеми, 12 нови повици (сите од Top Gun: Maverick) и два звучни записи кои Кеики Кобајаши ги аранжираше за повеќе играчи (мултиплеер), вклучително и Danger Zone и химната Top Gun.
Забава
Шоуто на Елен Деџенерис заврши по 19 сезони

Шоуто на Елен Деџенерис, ТВ-емисија која ги забавуваше гледачите, уриваше стереотипи и беше домаќин на големите ѕвезди, дојде до својот крај синоќа по речиси две децении, 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди.
Холивудски ѕвезди често гостуваа во нејзиното ток-шоу, кое се здоби со популарност во поконзервативните делови на Америка. Нејзина прва гостинка беше актерката Џенифер Анистон, која исто така се појави во финалето во четвртокот.
По успехот како комичарка во 1980-тите, Деџенерис се прослави со серијата „Елен“ (1994-1998), а во 1997 година стана прв главен лик од ТВ- серија што ја призна својата хомосексуална ориентација.
Популарното ток-шоу почна да го води во 2003 година.
„Елен го отвори патот. Таа веројатно беше, а можеби и сè уште е, најпознатата ЛГБТК личност во Америка“, изјави за АФП Мери Марфи, вонредна професорка по новинарство на Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Шоуто веќе не е предизвик за неа, вели Елен.
„Кога го започнавме шоуто во 2003 година, не постоеја социјални мрежи. Истополовите бракови не беа легални“, изјави Деџенерис минатиот месец по снимањето на последната епизода од серијата, која се емитуваше во четвртокот вечерта.
„Гледавме како се менува светот – понекогаш на подобро, понекогаш не“, додаде таа.
Забава
Џоан Смолс порача од јахта: Обидете се да ја доловите фантазијата

Моделот на „Викторија сикрет“, Џоан Смолс, се огласи на својот инстаграм-профил во средата за да сподели низа фотографии од крстарење во друштво на пријатели.
Џоан ја покажа својата обликувана фигура во розови бикини.
Супермоделот (33) е фотографирана како стои на грбот на нејзин пријател додека го впиваат сонцето на палуба на јахта.
Џоан сподели и селфи заедно со фотографиите и напиша: „Обидете се да ја доловите фантазијата“.