Контакт

Забава

Се продава куќата од серијата „Сејнфилд“, сопствениците ќе заработат милиони

Објавено пред

Во една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња, „Сејнфилд“, кој ѝ беше дом на Елејн Бенес, примамливиот имот во моментот е на продажба за речиси 8,5 милиони долари. Сегашните сопственици Хари Азорин и Лори Монсон ја купија куќата во 1995 година за 900.000 американски долари, така што инвестицијата може да се покаже многу успешна.

Во тоа време тие беа привлечени од историскиот карактер на куќата, пренесува „Пипл“, а повеќето епизоди од серијата биле снимени пред да се преселат на имотот.

Куќата е изградена во 1939 година и се наоѓа во елитен дел на Њујорк, па дури и денес обожавателите честопати доаѓаат да ја видат или да застанат при прошетка бидејќи им е позната од некаде.

Забава

Млада Либанка се придружи на глобалниот поп-бенд

Објавено пред

Тинејџерска пејачка од Либан оваа недела стана дел од глобалниот поп-бенд формиран од Сајмон Фулер, човекот кој стои зад „Спајс грлс“ и „Американски идол“, а чија цел е да ги трансформира младите непознати луѓе во интернет-суперsвезди.

Овој проект можеби изгледа грандиозна амбиција во време на глобална здравствена криза. Но, бендот Now United (сега обединети), со над десетина тинејџери од целиот свет, чекори напред, а неделава веќе снима нова музика во градот Дубаи.

Нур Ардакани (18) даде интервју за „Асошиејтед прес“ во текот на нејзината посета на Обединетите Арапски Емирати и рече дека ѝ е чест да го претставува Либан.

„Уметноста и музиката се многу важни во вакви времиња“, рече Либанката и додаде дека нејзината земја поминува низ многу тежок период.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќе се снима филм за капетан Том Мур

Објавено пред

Животната приказна на поранешниот капетан на британската армија Том Мур ќе биде тема на голем нов филм, објави Би-би-си.

Британските компании „Фред Филмс“ и „Паудер кег пикчрс“ ги откупија правата за снимање.

Ветеранот од Втората светска војна се прослави за време на самоизолацијата кога собра 39 милиони фунти за Националната здравствена служба пешачејќи десетици кругови во неговата градина.

Тој го постигна овој подвиг кога се приближуваше до неговиот 100-ти роденден и оттогаш беше означен како „национално богатство“, пренесува британскиот јавен сервис.

А што се однесува до актерот кој би го глумел, духовитиот Мур рекол дека не познава 100-годишни актери, но сепак, негова желба е тоа да биде Мајкл Кејн или Ентони Хопкинс

Прикажи повеќе...

Забава

Шон Ленон ќе го одбележи роденденот на својот починат татко Џон

Објавено пред

Синот на легендарниот музичар Џон Ленон, Шон Оно Ленон, за првпат го интервјуираше sер Пол Макартни за односите со неговиот татко, а разговорот ќе биде дел од програмата со која ќе се одбележи  80-тиот роденден на починатиот „битлс“

„Сега гледам назад во минатото како фан“, вели Макартни во врска со првата средба со Ленон.

„Колку имав среќа што го сретнав овој чуден Теди бој кој свиреше иста музика како и јас, и ние се здуживме, се надополнувавме!“

Разговорот ќе биде дел од специјалната дводелна програма на Радио 2, насловена „Џон Ленон на 80 години“, настан што ќе го одбележи роденденот на починатиот „битлс“.

За време на разговорот, sер Пол ја свири една од првите песни на двоецот Ленон-Макартни, Just Fun.

Напишанa додека тинејџерите бегале од училиште, никогаш не била снименa официјално – иако претходно се слушнал мал дел од неа во филмот за „Битлси“ Let It Be.

Документарниот филм ќе вклучува и интервјуа со полубратот на Шон, Џулијан и неговиот кум sер Елтон Џон.

Програмите ќе бидат достапни на 3 и 4 октомври, пред роденденот на Ленон на 9 октомври.

Британските медиуми деновиве ја пренесоа веста дека Марк Чепмен, човекот што го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот „битлс“, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт и рече дека жали за грозоморниот чин.Чепмен го застрела легендарниот музичар пред неговиот стан на Менхетн, Њујорк, на 8 декември 1980 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија41 минута

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион1 час

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите колаиции, пренесуваат црногорските...

Македонија2 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија2 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија3 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија3 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија4 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа5 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа5 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет6 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија6 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија7 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија20 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија20 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија21 час

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет22 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија1 ден

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Досие