Контакт

Забава

Се работи за текила: Клуни најплатениот актер во 2018 година

Објавено пред

Џорџ Клуни (57) од вчера е и официјално најплатениот актер во светот, иако нема снимено филм од 2016 година.

Тој го освои првото место на годишната Форбсова листа на актери со најголема заработувачка, најмногу благодарение на продажбата на неговата компанија која прави текила.

Според „Форбс”, Клуни од јуни 2017 година до јуни 2018 година заработи рекордни 239 милиони долари во својата 35-годишна кариера. Иако не глумеше во филм уште од трилерот „Игра на пари”, во јуни 2017 година тој ја продаде својата компанија за текила „Казамигос“ на британската компанија „Дијаџио” за 700 милиони долари однапред, со потенцијални 300 милиони долари во текот на следната деценија.

„Ако пред четири години нè прашавте дали ќе имаме компанија во вредност од една милијарда долари, немаше потврдно да ви одговориме“, рече Клуни.

Зад Клуни се наоѓа Двејн Џонсон (минатогодишниот победник), кој сега е на второто место, со 124 милиони долари.

Hitech

Европска држава воведува забрана за анонимни коментари на интернет

Објавено пред

Онлајн-коментарите, и покрај тоа што се само зборови, може да бидат злонамерни и штетни, па така веќе имавме можност да видиме како т.н. интернет-тролови откажаа неколку познати личности од користење на социјалните мрежи. Засега останува нејасно дали ваквите злонамерни коментари некогаш целосно ќе се искоренат од глобалната мрежа, но во Австрија е поведена иницијатива да се преземе нешто во врска со тоа, пишува PC Press.

Имено, владата изготвила нацрт-закон, кој во суштина би ги направил незаконски анонимните коментари на интернет-страниците. Ваквата одредба од корисниците би барала да ги регистрираат своите вистински имиња и адреси при оставање коментар на интернет, што би требало да предизвика поголема одговорност кај оние што ги пишуваат коментарите.

Според законот, корисниците и натаму ќе може да користат јавни прекари, но во овој случај би биле регистрирани, па тоа би било олеснителна околност при следењето на злонамерните коментари сè до нивните креатори. Доколку законот биде усвоен, тој ќе се применува само на интернет-страници, кои имаат повеќе од 100.000 регистрирани корисници или кои заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно, односно добиваат парични субвенции поголеми од 50.000 евра.

Прикажи повеќе...

Забава

Меган и Хари ќе се преселат во Африка по раѓањето на бебето, според „Сан“

Објавено пред

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари (34) и Меган Маркл (37), моментно преговараат за преселба во Јужноафриканската Република, каде што треба да живеат четири месеци во годината, пишува „Сан“.

Кралицата Елизабета Втора (93) и принцот Чарлс (70) се согласуваат со преселувањето. Според „Сан“, војводата и војвотката од Сасекс ќе може да се преселат таму делумно в година. Прв избор на двојката е Јужноафриканската Република, а на второ место е Боцвана.

Минатата недела беа демантирани тврдењата дека Меган планира да се врати во САД за да може еден ден да стане американска претседателка, како и тоа дека Меган нема политички амбиции.

„Хари и Меган учествуваат во планирањето на преселувањето, но тоа е планирано в година или до 2021 година. Идејата е тие во Африка да поминуваат три-четири месеци годишно, како и да работат таму и да патуваат оттаму“, изјави пријател на кралското семејство. Исто така, Хари и Меган сè уште не знаат во каква улога би биле во Африка.

„Тие би сакале да бидат амбасадори на Велика Британија и да се занимаваат со добротворни акции. Тие ја сакаат идејата да имаат вистински дом во африканска земја бидејќи може да бидат вклучени во работата на заедницата. Хари е исклучително приврзан за Африка“, изјави пријател на кралската двојка.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Принцот Хари очајнички избегнува средба со својот брат Вилијам

Објавено пред

Членовите на британското кралско семејство во неделата присуствуваа на црковната служба по повод Велигден. Додека принцот Вилијам дојде во придружба на сопругата Кејт, принцот Хари дојде сам, бидејќи неговата сопруга Меган треба да се породи во секој момент. Притоа на многумина не им побегна фактот дека принцевите на оваа свеченост се однесуваа ладно еден кон друг, а експерт за говор на телото тврди дека Хари очајнички настојувал да го избегне својот брат Вилијам.

Војводата од Сасекс одеше пред својот брат до капелата во Виндзор, што само ги поттикна шпекулациите дека тие двајца се во кавга.

Дури и фактот дека одвоено доаѓаат и заминуваат од службата предизвикува сомневање за поголем раскол меѓу принцовите, вели експертот за говор на тело, Џуди Џејмс.

Таа смета дека принцот Хари чудно се однесувал кога бил во друштво на својот постар брат за време на велигденската служба.

Исто така, Хари во неделата разговарал со својот роднина Тиндал, но изгледа дека со својот брат не разменил ниту збор, што повторно ги загреа шпекулациите за можен раздор меѓу двата пара.

„Хари очајнички избегнуваше да се сретне со својот брат“, додава Џејмс.

Таа вели дека Хари, Вилијам и Кејт секогаш имале добри односи, но дека Хари одеднаш изгледа сериозно.

Дури и за време на доаѓањето на кралицата Елизабета Втора, која истиот ден го прослави 93. роденден, принцот Хари не стоеше блиску до Вилијам и Кејт.

„Неговото тело покажува знаци на вознемиреност кога е во нивна близина“, констатира експертот за говор на телото.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините....

Европа8 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20199 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет10 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201911 час

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201913 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201914 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201915 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет16 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ16 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201918 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет18 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ18 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести18 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие