Контакт

Забава

Се раздели од свршеникот, се дружи со Бен Афлек, Џеј Ло никогаш не била посреќна

Објавено пред

Џенифер Лопез открива дека никогаш не се чувствувала подобро.

51-годишната пејачка и актерка се раздели од свршеникот Алекс Родригез пред три месеци и потоа повторно ја разгори својата романса со поранешниот партнер Бен Афлек, а сега таа призна дека во моментот го поминува најдоброто време од својот живот.

„Јас сум суперсреќна. Луѓето постојано прашуваат: „Како си? Што се случува? Дали си добро?“ Ова е тоа. Никогаш не сум била подобро“, рече таа.

„Сакам луѓето што се грижат за мене да знаат дека навистина стигнав до место во мојот живот, каде што сум одлично сама. И мислам дека кога ќе стигнете на тоа место, тогаш ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте помислувале дека ќе се повторат во вашиот живот“.

Таа не го спомна Бен по име кога изјави дека ги цени целата љубов што ѝ доаѓа и убавите желби од фановите, но повторно истакна колку се чувствува среќна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Барак Обама организира роденденска забава, гостите мора да се тестираат за Ковид-19

Објавено пред

Поранешниот американски претседател во среда (4 август) полни 60 години, но, наводно, не бара подароци бидејќи претпочита донации за добротворните проекти на „Фондацијата Обама“, објави „Пипл“ во вторникот.

„Обамови организираат забава за да го прослават 60. роденден на претседателот Обама со семејството, пријателите и поранешниот персонал,“ пишува магазинот, цитирајќи анонимен извор.

Собирот на отворено ќе се одржи претстојниов викенд на нивниот семеен имот. На гостите им е кажано дека ќе мора да бидат тестирани за коронавирус и дека настанот ќе биде надгледуван од медицински професионалец за да се обезбеди следење на протоколите за пандемија.

Инсајдерот додаде: „Наместо подароци, од гостите се бара да размислат за обезбедување програми за поддршка на афроамерикански момчиња и млади мажи и нивните семејства во САД, зајакнување на адолесцентните девојки ширум светот, и поддршка за следната генерација лидери на заедници во развој или глобалните програми за лидерство на Фондацијата Обама “.

Прикажи повеќе...

Забава

Дејвид Бекам има нова летна фризура

Објавено пред

Сопругот на една од најстилските жени во светот и модна дизајнерка, Викторија Бекам, секако дека не е рамнодушен кон модата и прилично обрнува внимание на својот изглед.

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам често добива пофалби за својот впечатлив изглед и добриот моден избор со посебен акцент на фризурата.

Во помладите години, во текот на 2000 години, Дејвид носеше фризура, која по него беше наречена „бекамка“, и подоцна ја копираа многумина. Во неговите позрели години англиската фудбалска легенда најчесто носеше уредна кратка коса, без премногу експериментирање, а сега на 47-годишна возраст Дејвид одлучи повторно да ги отпушти сопирачките.

Тој целосно ја осветли својата кратка коса, а на следачите на „Инстаграм“ им се пофали со новиот летен изглед додека ужива со своето семејство на брегот на Италија.

На фотографиите се гледаат ќерката Харпер Севен, синот Круз, кој ја обои косата во розова боја, и родителите на Бекам.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Маргот Роби е визија во бело за премиерата на „Одред самоубијци“

Објавено пред

Актерката Маргот Роби ги покажа своите беспрекорни модни инстинкти во понеделникот вечерта на премиерата на „Одред самоубијци“ (The Suicide Squad) во Лос Анџелес.

31-годишната sвезда одлучи да го прескокне традиционалниот гламурозен фустан во корист на елегантен бел комплет панталони и топ од „Шанел“ – Chanel Resort 2022 Collection – за премиерата што се одржа во театарот „Риџенси вилиџ“ во Вествуд, Лос Анџелес.

Австралијанката, ѕвезда на „Беше еднаш во Холивуд“, го спои горниот дел со бели панталони со висока половина.

На премиерата присуствуваа и други членови на актерската екипа, вклучувајќи го и Џон Сина, кој се облече во костум од „Миротворец“, Сторм Рид, Џоел Кинаман и неговата партнерка Кели Гејл и Кејт Бекинсејл.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 час

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија13 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија17 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија20 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија20 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија22 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет23 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа23 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија23 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија24 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија1 ден

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија1 ден

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија1 ден

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија1 ден

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт2 дена

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија2 дена

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ2 дена

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Досие