Контакт

Забава

Во Сиднеј драјв ин концерт во живо на паркинг

Објавено пред

Пејачката текстописец Кејси Донован настапи на сцената во Сиднеј во четвртокот, 21 мај, на бесплатен концерт, кој ги израдува фановите со музика во живо, нешто што многумина немаа слушнато со месеци.

Но, тие мораа да останат во своите автомобили за да уживаат во концертот.

Драјв ин концерти е нов тренд, кој им овозможува на изведувачите да се поврзат со фановите во реалниот живот, а истовремено одржуваат безбедно физичко растојание во услови на пандемија на коронавирусот.

Донован, која стекна слава по освојувањето на австралискиот „Идол“ пред повеќе од една деценија, настапи на голем паркинг со 40-ина возила.

„Ми недостигаше музика во живо толку многу што ќе одам и ќе слушам на паркинг, во мојот автомобил. Конечно, во живо пред мене. Добро е“, рече еден од фановите пред да влезе на паркингот.

За да се обезбеди физичко растојание, на публиката не им било дозволено да ги напуштат своите автомобили, но можеле да се вклучат на ФМ на своите радија за да добијат звук со целосна висока резолуција или, едноставно, да ги спуштат прозорците и покрај дождот.

Наместо да аплаудираат или скандираат, фановите ги користеа автомобилските сирени.

Бизарно

Украинските власти ги ставаат на аукција милениците на луѓето со долгови кон државата

Објавено пред

Расни кучиња запленети во Украина врз основа на судска наредба поради долговите на нивните сопственици, ќе бидат продадени на аукција преку интернет, што предизвика бројни критики во јавноста.

Многумина првично мислеле дека аукцијата на државната интернет-страница за продажба на запленета стока е шега, но кога на аукција се понудиле две кучиња, се покажало дека во прашање се вистински миленици, пишува Би-би-си, а пренесе хрватски „Индекс“.

Опозицискиот пратеник Михајло Волинец објави фотографии од двете кучиња, со порака дека властите ги користат истите како уцена за наплаќање на долговите. Почетната цена за овчарско куче била 44 евра, а за другото била многу пониска сума.

„Навистина мора да ги одземеме милениците од сопствениците“, изјавил украинскиот министер за правда, Денис Маљушка. „Иако беа однесени поради долгови на нивните поранешни сопственици, често се докажува дека ова е најдоброто решение за нив, затоа што во вакви случаи финансиски немоќните газди многу лошо постапуваат кон своите миленици“, рекол тој.

Животот е многу скап за многу Украинци, а во последните години пензионерите имаат проблем со остриот пораст на цената на гасот. Претходно годинава, член на владејачката партија на претседателот Володимир Зеленски се извини откако јавно советувал пензионерка, кој едвај врзувала крај со крај, да го продаде своето куче.

Ресорниот министер исто така се правдал дека запленетите миленици често се откупуваат од страна на сопствениците или нивните роднини и тоа за симболична сума.

Прикажи повеќе...

Забава

Стинг ја исполни последната желба на починат полицаец откако дозна за тоа на Инстаграм

Објавено пред

Иако во последно време се чини дека сите вести се лоши вести, на социјалните мрежи се појави необична сторија која кај многумина измами солзи радосници.

Humans of New York е популарна страница на социјалните мрежи која објавува интервјуа со луѓе од Њујорк, споделувајќи ги нивните животни приказни како и фотографии и снимки од нивното секојдневие.

Страницата неодамна сподели необична приказна за еден њујоршки полицаец кој сакал уметност.

Објавата ја постирала неговата поќерка, која напиша: „Порано работел во дуќан за возила, цртал реклами и боел странични врати на комбиња со воздушна четка. Мислам дека сонуваше да биде уметник. Но, му требаше некоја постабилна работа. Откако реши да се ожени со мајка ми, стана полицаец.“

Дури и откако ѝ се придружи на полицијата „тој никогаш не го изгуби допирот со својата креативна страна.“

Тој имаше мало уметничко студио во нашата куќа и наслика портрет на Стинг што го ископира од кавер на албум. „Беше зафатен со работа и никогаш не го користеше студиото. Секогаш велеше: Кога ќе се пензионирам ќе ѝ се вратам на уметноста, Но, тоа време никогаш не дојде.“ Работеше како полицаец 20 години, но заболе од мултиплекс склероза.

Во текот на последните денови на очувот, поќерката ги прередувала неговите работи и наишла на„Стинг“.

„Ја извлеков сликата од стара кутија и го прашав: Што да правам со ова? Тој веднаш одговори: Дај му ја на Стинг! Сите почнавме да се смееме. Но тато стана многу сериозен. Погледна право во мене и рече: Дај му го ова на Стинг. Претпоставувам дека тоа е мојата последна задача.“

Она што можеби се чинело како смешна идеја во моментот, сега се остварува, благодарение на неочекуван пресврт.

Ќерката на Стинг, актерката Мики Самнер, го видела постот и стапила во контакт со авторот на објавата. Потоа двете направиле план.

Сега, рок легендата конечно го има скапоценото дело на полицаецот. Неговата желба е исполнета, сликата е таму каде што треба да биде.

Прикажи повеќе...

Забава

„Алигаторот на Хитлер“ почина во зоолошката градина во Москва

Објавено пред

Алигаторот кој ја преживеа Втората светска војна и за кој се зборува дека му бил љубимец на нацистичкиот водач Адолф Хитлер починал во московска зоолошка градина. Зоолошката градина соопшти дека алигаторот, по име Сатурн, имал околу 84 години и починал во петокот.

Според зоолошката градина, Сатурн е роден во САД, а подоцна бил испратен во зоолошка градина во Берлин, од каде избегал кога зоолошката градина била бомбардирана во 1943 година. Податоците за него останале непознати до 1946 година кога го пронашле британски војници и го предале на московската зоолошка градина.

„Речиси веднаш, се роди митот дека тој, наводно, бил во колекцијата на Хитлер, а не во берлинската зоолошка градина“, се вели во соопштението на московската зоолошка градина, пренесува Асошиејтед Прес.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Регион7 часа

Во Црна Гора веќе нема заразени од Ковид-19

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот...

Европа7 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа8 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет13 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија14 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт14 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет15 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија15 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион17 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа17 часа

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт17 часа

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион18 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет1 ден

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт1 ден

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа1 ден

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Досие