Екологија
Симболот на Лондон наскоро ќе може да се забележи и по улиците на Париз

Црните такси-возила, кои важат за симбол на Лондон, од следната година ќе може да се видат и по париските улици бидејќи компанијата „Лондон електрик виекл“, која е во сопственост на кинескиот „Гили“, ја продолжува глобалната експанзија на познатиот модел.
Во 2017 година „Гили“ го избра Амстердам како прва странска дестинација за новата електрична верзија на овие такси-возила, а оттогаш објави и планови за проширување во градови како Осло, Берлин и Хамбург, пренесува „Ројтерс“.
„Со оглед на проблемите со загадувањето на воздухот со кои се соочуваат француските градови, многу сме среќни што на возачите и патниците во Париз ќе им овозможиме нов избор“, рече Крис Габи, директор на компанијата.
Парижаните би можеле да се возат во лондонски такси-возила уште во првата половина на 2019, откако ќе се финализираат проговорите со избраниот увозник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија
Зачестените сексуални односи на туристите уништуваат плажа на Ибица

Иако туристите се предупредени да престанат со секс на популарна нудистичка плажа на Ибица, се чини дека никој не е заинтересиран за тоа.
Нивото на туристи што имаат секс на најпопуларната нудистичка плажа на Ибица почнало да ги загрозува заштитените песочни дини, наведуваат од тамошните здруженија за заштита на животната средина.
Белиот песок на плажата Ес Кавалет е толку убав што не е ни чудо дека плажата е задолжителна локација за милиони туристи во текот на сезоната, вклучително и оние што склони кон разменување страсти на јавни места.
Меѓутоа, сега и друштвата за заштита на животната средина велат дека сексот е главен виновник за ерозија на познатите, но деликатни дини, кои се дел од националниот парк Sea Salines.
Геолозите и биолозите сметаат дека прекумерната сексуална активност предизвикала штета која не може да се коригира, како и дека целата област станала позната како место на кое, кога ќе зајде сонцето, почнуваат сексуалните активности. Исто така, бројот на двојки што се кријат зад дините за да водат љубов влијае за унишувањето на чувствителни билки.
Инаку, Ес Кавалет и на интернет се промовира како идеално место за разголени прошетки со можност да најдете љубовник меѓу дините.
Кампањата против секс на оваа плажа е актуелна веќе со години, но се чини дека туристите ги игнорираат апелите, па властите размислуваат за воведување казни во блиска иднина.
Екологија
Мразот на Гренланд се топи четири пати побрзо отколку пред 15 години

Мразот на Гренланд се топи многу побрзо отколку што претходно се мислеше, а веќе е можно да е дојдено и до точка на пресврт, сугерира ново научно истражување.
Според оваа студија, објавена во американското научно списание Proceedings of the National Academy of Sciences, стапката на топење на мразот на Гренланд денес е за четири пати повисока отколку во 2003 година, пренесува британски „Индипендент“.
Научниците кои го испитуваат глобалниот пораст на морското ниво го проучуваа југозападниот и северозападниот регион на Гренланд и утврдиле дека нејголемиот дел од стопениот мраз не е од глечерите во морето, туку е мраз од копното на Гренланд. Во текот на мерењето на промените во ледената маса се користеле податоци од НАСА и германскиот Grace, како и GPS станици на дел од гренландскиот брег.
„Што и да е ова, не може да се објасни со глечери бидејќи таму нема многу. Тоа мора да е површинска маса – мразот се топел од внатрешноста кон брегот. Ова е затоа што атмосферата во просек е потопла. Површинската температура расте, а плитката вода станува потопла“, објаснил главниот автор на студијата Мајкл Бевис.
Екологија
(Видео) Откриена најголемата мистерија за сината морска дупка на Белизе

Познатата сина дупка на Белизе е конечно истражена и се дозна што се крие на нејзиното дно. Минатиот месец научна експедиција се упати на дното на големата сина дупка во океанот на Белизе, а еден од истражувачите беше Ричард Бренсон, сопственик на Вирџинија.
Тоа беше првото нуркање до дното на дупката, која се наоѓа по должината на Месоамериканскиот Гребен, што е втора по големина мрежа на корални гребени во светот.
Група отпатувала на дното со подморницата „Акватика“, при што наишле на ѕид од сталактити за кои Бренсон вели дека покажуваат дека дупката е сочинета од пештери, кои оригинално биле формирани на сува почва.
„Оваа дупка е доказ кока нивото на океанот може драстично и катастрофално да се зголеми. Нивото на морето било неколку стотини метри пониско. Пред 10 илјади години нивото на морето се зголемило 91 метрар кога се стопил мразот. Тоа беше еден од најстрашните потсетници на опасноста од климатски промени што ги имам видено“, рече Бренсон.
Поради големата длабочина на дупката и недостигот на кислород, на нејзиното дно нема живот. Но, Бренсон вели дека забележал пластични шишиња на дното, кои се главна причина за загадувањето на морињата.
Најголемата мистерија во океанот – големата сина дупка кај Белизе е најголемото морско свлечиште на светот, широко 300 метри, а длабоко околу 125 метри. Била откриена во 1971 година од истражувачот Жак Кусто. Речиси половина век подоцна, иако дупката е голем хит за нуркачите, уште е релативно неистражена.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал