Контакт

Забава

Синди Крафорд и ќерка ѝ Каја зрачат со позитивна енергија на настан во Лос Анџелес

Објавено пред

Синди Крафорд и Каја Гербер со своите блескави тоалети беа синоним за прекрасно дуо мајка-ќерка на црвениот тепих на настанот „Инстајл авордс 2021“ во понеделникот вечерта.

Секоја година, магазинот InStyle организира настан на кој се доделуваат награди на истакнати жени од областа на модата, филмот, телевизијата и поп-културата.

Додека позираа за фотографите, супермоделите се прегрнаа и им се насмевнаа на снимателите на гламурозниот настан, одржан во „Центарот Гети“ во Лос Анџелес.

За ѕвездената вечер, Синди (55) на себе има шарен фустан „Мисони“, кој ја прегрнува секоја облина на нејзината затегната фигура.

А Каја (20), ѕвездата на „Американска хорор приказна“ и девојка од насловната страница на „Вог“, е облечена во бел фустан со потпис на Александар Меквин, прекриен со светки и пердуви.

Никол Кидман, Рис Витерспун, Синди Крафорд, Кристина Хендрикс, Кејт Хадсон, Ел Фенинг беа меѓу дамите кои воодушевија со својот изглед на црвениот тепих.

Забава

Холандија ќе купи автопортрет на Рембрант

Објавено пред

Владата на Холандија соопшти дека планира да го купи култниот автопортрет на холандскиот уметник од 17 век, Рембрант ван Рајн.

Таа бара одобрување од парламентот за купување на Rembrandt Standard Bearer, дело што се смета како многу важно за холандската култура и историја.

Ремек-делото од 1636 година со векови било во сопственост на приватни колекционери, вклучувајќи ги и Ротшилди.

Ќе оди на турнеја пред да биде изложен во амстердамскиот Rijksmuseum.

„Стандардниот носител се враќа дома засекогаш по патување од неколку векови“, изјави министерката за култура, Ингрид ван Енгелшовен.

Владата издвои 150 милиони евра (170 милиони долари) за сликата, а фондот на музејот ќе додаде уште 10 милиони евра. Здружението „Рембрант“ ќе учествува со дополнителни 15 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Забава

Robin Robin: Џилијан Андерсон ја пронаоѓа својата внатрешна мачка

Објавено пред

Џилијан Андерсон се согласува дека нејзината улога на застрашувачка мачка во божикниот анимиран филм Robin Robin има призвук на еден друг лик што таа го толкуваше – поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

„О, боже, ти не си првата личност што го кажува тоа“, вели актерката што доби „Еми“ за улогата на поранешната премиерка во најновата сезона на „Круна“ на прашањето од Би-би-си дали мисли оти постои сличност во тонот.

„Мислам дека сте во право, внатре има малку г-ѓа Т, не намерно, но да – додека влегував во темни, таинствени, здивни тонови, мислам дека таа почна да се враќа назад“.

Robin Robin е најновата креација на студиото од Бристол, во режија на Ден Оџари и Мајки Плис. Тоа е краток празничен филм за млада птица со криза на идентитетот по растењето во домаќинство на глувци.

Таа е главната ѕвезда на овој многу посебен анимиран божикен филм. Јајце што треба да се изведе испаѓа од гнездото и малата птичка е посвоена од весело и топло семејство на глувци. За да им докаже дека и таа може да биде добар глушец, Робин тргнува во голема авантура, во која дознава важна вистина за себе.

Актерката вели дека била изненадена кога на првиот ден од работата на гласот за ликот на мачка дознала дека продукцијата, всушност, била мјузикл – и дека од неа се очекувало да пее.

„Не знаев дека е мјузикл кога се пријавив, не го прочитав тој дел од е-поштата“, раскажува таа.

„Со анимацијата вие го користите само вашиот глас, така што сфаќате дека гласот треба да го вткаете во сите работи што не ги правите физички“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Почина реге-басистот Роби Шекспир, основачот на „Слај и Роби“

Објавено пред

Влијателниот реге-уметник од Јамајка, Роби Шекспир, едната половина од дуото „Слај и Роби“, почина на 68-годишна возраст во Флорида, каде што неодамна беше во болница поради операција на бубрегот, пренесе Jamaica Gleaner.

Плодниот бас-гитарист и музички продуцент е заслужен за револуција во звукот на реге и денсхол-музиката.

Министерката за култура на Јамајка, Оливија Грејнџ, ја објави неговата смрт и рече дека Шекспир бил еден од најголемите музичари во земјата.

„Слај и Роби свирењето бас-гитара и тапани го подигнаа на највисоко ниво бидејќи создаваа музика за себе како група и за многу други уметници на локално и на меѓународно ниво“, наведе таа во изјавата.

Во текот на својата кариера, која траеше речиси 50 години, Шекспир соработуваше со низа уметници, како Мадона, Боб Дилан, „Но даубт“, Питер Тош, „Ролинг стоунс“ и Грејс Џонс.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија20 минути

ЕСМ повторно не достави понуда за тендерот на „ЕВН хоум“

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи....

Македонија2 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет2 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон, па затоа...

Свет4 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа5 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет5 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија21 час

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија21 час

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет24 часа

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие