Контакт

Забава

 Синот на Дејвид Бекам разочара со своето незнаење 

Објавено пред

Бруклин Бекам (20) почна да стажира кај легендарниот британски фотограф Ранкин (53), а според зборовите на неговите колеги, тој не се снашол добро.

Синот на модната дизајнерка Викторија (45) и поранешниот репрезентативец Дејвид Бекам (44) веќе издаде книга со негови фотографии и сними различни кампањи, но ги шокираше своите колеги со незнаење и недостиг на основни вештини.

„Секој знаеше дека Бруклин треба да работи на својот труд, но никој не очекуваше дека нема поим за основите. Очекувањата од него беа големи, но тој не нè импресионира многу. Во многу нешта му недостига знаење, ама тоа се обидува да го надомести со својот ентузијазам“, изјави изворот за „Сан“.

Ранкин првин бил импресиониран од фотографијата на Дејвид Атенбороу што  Бруклин ја снимил во Африка, и го поканил кај него на пракса. Сепак, неговите колеги велат дека не се снашол многу и дека морале да го третираат како комплетен почетник.

Бруклин во 2017 година се запиша на студии по фотографија во Њујорк. Но по една година, тој се откажа од школувањето со оправдување дека многу му недостасува семејството кое живее во Велика Британија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Легендарниот стрип-цртач Алан Мур потврди дека се повлекува

Објавено пред

Иконата на стрипот, Алан Мур (65), потврди дека оди во пензија, пишува „Гардијан“. Автор е на неколку стрипови, како V For Vendetta, Watchmen и From Hell, според кои се снимени и многу успешни филмови, а работи и во American DC Comics и на големи суперхерои како Бетмен и Супермен.

Мур е еден од најценетите писатели во историјата на стрипот и најдобриот писател на графички новели.

Во својата 40-годишна кариера тој го промени поимањето на стрипот и неговите суперјунаци и најверојатно дојде до заситување, па големиот автор ќе се обиде во други форми.

„Мислам дека направив доволно за стрипот, сè што можам. Идеите би страдале ако продолжам, читателите заслужуваат подобро и затоа решив да се повлечам. Не морам повеќе да се докажувам во стрипот. Ќе почнам да работам на филм или да пишувам романи“, изјави Мур во поранешно интервју за „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Објавен првиот трејлер за „Топ ган: Маверик“ со Том Круз

Објавено пред

Том Круз (57) се појави во четвртокот на Коник-кон за да го прикаже првиот трејлер од долгоочекуваното продолжение на  „Топ ган“.

„Топ ган: Маверик“ треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм што го претвори американскиот актер во светска ѕвезда.

Во инсертот се појавува Круз облечен во гламурозната кожена јакна на Пит Мичел (Маверик) додека се трка на мотоцикл и управува со борбен авион летајќи низ тесен кањон исполнет со снег.

Во продолжението учествуваат актерите Мајлс Телер како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм.

Во филмот „Топ ган: Маверик“ глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Металика“ објавува илустрирана книга за бендот

Објавено пред

Легендарниот рок-бенд „Металика“ годинава ќе објави илустрирана книга со наслов The ABCs of Metallica.

Книгата претставува осврт на целата кариера на бендот, од А до Ш, прикажувајќи ги со секоја буква песната и периодот кога ја снимиле, како и интересни факти за членовите на оваа популарна група.

Legendarni rok bend Metallica će objaviti ilustrovanu knjigu pod nazivom "The ABCs of Metallica"!Knjiga se osvrće na…

Posted by Universal Music Serbia on Четврток, 18 јули 2019

Колекционерското издание на „Металика“ се очекува на 26 ноември.

Сите приходи од продажбата се наменети за фондацијата што ја основа бендот, All Within My Hands.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

За премиерот Заев не постојат Кики и Фрики

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија49 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија1 час

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија4 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија5 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет7 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт7 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија18 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет19 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет21 час

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Досие