Контакт

Забава

Синот на Нетанјаху со контроверзна фотографија на „Инстаграм“: „F*ck Турција“

Објавено пред

Синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, на „Инстаграм“, напиша „F*ck Турција“ во врска со дипломатскиот спор меѓу двете земји за масакрот во Газа.

Јеир Нетанјаху објави фотографија со текст напишан на турското знаме на „Инстаграм“.

Контроверзниот пост доаѓа по турското протерување на израелскиот амбасадор Еитан Нах од Анкара како одговор на израелското убиство на 60 Палестинци на протестите во Газа. Анкара исто така го повлече својот амбасадор во Тел Авив заедно со амбасадорот во САД. Израел одговори со реципрочни мерки.

И турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така го критикува израелскиот премиер, Нетанјаху, нарекувајќи го премиер на држава на апартхејд и тврдејќи дека ја има крвта на Палестинците на неговите раце. Нетанјаху возвратил со тврдењата дека крвта на безброј курдистантски граѓани во Турција и Сирија е на рацете на Ердоган.

Јаир ја избришал објавата на својот инстаграм-профил, но сликите на екранот се широко споделени на социјалните медиуми. Портпаролот на Нетанјаху изјавил за „Хаарец“ дека Јеир Нетанјаху е приватно лице, како и неговиот „Инстаграм“.

Екологија

(Видео) Ромео, најосамената жаба во светот, конечно ја пронајде својата Јулија

Објавено пред

 

Сeчуанската водна жаба е ендемичен вид и е на работ на изумирање. Како што известува Си-ен-ен, Ромео живее во музеј во Боливија и се претпоставува дека е последниот примерок од тој вид жаба.

Тој помина сам цели 10 години, но сега научниците му најдоа партнерка, која ја нарекоа Јулија, преку сервисот за запознавање Match.co, каде што Ромео има свој профил кој го освои интернет.

Нивниот прв состанок беше договорен на Денот на вљубените, бидејќи се работи за зачувување на видот и сè мора да биде совршено.

Сè започна кога Музејот на природна историја на Боливија „Alcide d’Orbigny” и Конзерваториумот Global Wildlife ги здружија силите и тргнаа во потрага по партнерка на Ромео.

Тие отпатуваа на експедиција во Боливија за да ја најдат Јулија, и сето тоа траеше долго и сите беа исцрпени и уморни. Овие жаби живеат под вода и морале да го испитаат секој поток и вир.

Кога конечно наидоа на слична жаба, сфатија дека е машка и одлучиле да продолжат да бараат уште еден ден. Тие најдоа две машки и две женски жаби, и веднаш на едната и дадоа име Јулија бидејќи е во години за репродукција, додека другите женки биле помлади и сè уште не се подготвени.

Научниците се надеваат дека Ромео и Јулија ќе се заљубат на прв поглед. Ромео е срамежлив и мирен, додека Јулија е енергична и разиграна. Можеби овојпат таа се спротивставува на спротивностите.

Ако Ромео и Јулија не успеат, научниците ќе сторат сé за да не изумре овој вид жаба.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ вложува 300 милиони долари во развој на новинарството

Објавено пред

Со појавата на дигиталните медиуми, новинарството во изминатата деценија и пол доживеа значајни промени. Многумина упатени во оваа професија, тврдат дека новинарството е во криза на глобално ниво, пред сѐ поради феноменот на лажни вести. Исто така, со засилениот процес на глобализација, локалните медиуми полека исчезнуваат.

Како позитивна вест во оваа приказна проструи информацијата дека компанијата „Фејсбук“ ќе инвестира 300 милиони долари во новинарството, со цел да придонесе за подобрување на квалитетот на вестите. Планот е најголем дел од оваа сума, во нареднинте три години, да се инвестира во локалните медиуми и во други разновидни програми. Парите првенствено се наменети за новинари кои обработуваат вести од терен и кои имаат проблем со финансирањето.

„Фејсбук“ инвестира во новинарството за да им овозможи на локалните медиуми да развијат модел на претплата. На овој начин тие ќе го подобрат бизнисот што ќе им донесе профит, а за таа цел се предвидуваат и инвестиции во непрофитните медиуми. Овој потег доаѓа во време кога интернетот е преплавен со непроверени вести, за кој често се користи и фразата лажни.

Кемпбел Браун, директор на „Фејсбук“ за партнерства за вести, смета дека компанијата не може да го промени интернетот, но може да им помогне на професионалните новинари да постигнат успех на социјалните мрежи, како и надвор од нив. Најпопуларната социјална мрежа тестира начини за зголемување на видливоста на локалните вести за кои ќе бидат заинтересирани корисниците

„Фејсбук“ на ваков чекор се одлучи и поради лоша репутација со која се стекна по американските претседателски избори и наводите за злоупотреба на кориснички податоци.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Патиките на иднината се врзуваат сами и се управуваат со мобилен телефон

Објавено пред

„Кажете им збогум на врвките за чевли“, ова се зборовите со кои на презентацијата на новите патики на присутните им се обрати Мајкл Донах, директор на „Најки“, задолжен за иновации. Така, овој голем гигант ги претстви на пазарот патиките без врвки, Nike Adapt BB, кои се подобрена верзија на нивните први патики без врвки – Hyperadapt 1.0.

Тие се создадени за кошарка, што може да се види и според додатокот во името BB. Според „Најки“, најважно е што овие патики совршено се приспособуваат на стапалото. За разлика од претходниот модел кој можеше да се контролира со притискање копче што се наоѓа на патиките, на новиот модел силата на врвките се определува исклучиво со апликација, пишува „Бизнис инсајдер“.

Патиките се доволно паметни за да се приспособат на самата нога, а со помош на апликацијата може да се замени и бојата на дното на патиките. Ќе се продаваат од февруари за цена од 350 долари за чифт. Патиките се со безжично полнење, а по три часа полнење, може да се носат две недели без ново полнење.

„Најки“ со ова ги најавува новите технолошки можности на обувките, кои исто така ќе се користат за да се соберат низа податоци за корисниците на обувки, се разбира, ако тие го дозволат. Податоците може да се користат за следење на нивните движења и ефекти, кои би можеле да помогнат во развојот на нови производи и услуги, што сигурно ќе биде поинаку во иднина отколку што го знаеме денес.

Ова е исто така почеток на Adapt-платформата за која се надеваат дека, освен кошаркарските патики, ќе ги опфати и оние за трчање и други.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија1 час

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија која го смени полот

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур денеска за прв пат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и...

Македонија3 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија3 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет3 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет3 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести4 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет5 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет6 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет6 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион16 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа17 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија18 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија21 час

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија21 час

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија22 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија23 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија23 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија23 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија24 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Досие