Забава
Синот на Оливер Мандиќ во притвор поради насилство

Основениот суд во Белград по предлог на Обвинителството му одреди мерка притвор на Даријан Мандиќ, осомничен за семејно насилство, до 30 дена. Обвинителството објави дека побарало притвор по презентирањето докази во кривичната постапка против Мандиќ, синот на пејачот Оливер Мандиќ.
39-годишниот Даријан е обвинет за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга и неодамна се бранеше со молчење на рочиштето во Обвинителството. Тој беше сослушан во Третото основно јавно обвинителство во Белград затоа што ја прекршил мерката за забрана за пристап кон неговата сопруга. Имајќи предвид дека се бранеше со молчење, тричлена комисија донесе одлука да изврши неговото психијатриско вештачење.
Тој беше уапсен на 10 ноември затоа што го демолирал автомобилот на Јелена Мандиќ во Нов Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Барби Хсу ги воодушеви фановите со младешки изглед

Тајванската телевизиска водителка Ди Хсу сподели фотографија од нејзината сестра Барби Хсу како позира пред камера, привлекувајќи големо внимание на социјалните мрежи.
44-годишната актерка доби пофалби за нејзиниот изглед кој им пркоси на годините, и дека изгледа како тинејџерка додека стои пред сив ѕид во долго црно палто и чизми до колената.
Водителката во својата објава на Фејсбук напиша: „Изгледа толку шик! Која е оваа девојка?”
Објавата привлече многу коментари од корисниците на социјалните мрежи, многумина велеа дека тие ја помешале Барби со најстарата ќерка на Ди.
Забава
Адвокатите на војвотката од Сасекс бараат пресуда без судење во спорот со британски весник

Правната битка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, против весникот „Мејл он сандеј“ продолжува, а најновата вест денес е дека Меган и нејзиниот адвокатски тим се надеваат дека ќе спречат случајот да дојде до суд.
Според британските медиуми, тимот на Меган во вторникот побарал од судијата Џастис Варби да донесе одлука за правно постапување во случајот за приватност и авторски права, без потреба да се продолжи со целосно судење.
Поради ограничувањата за коронавирусот, адвокатскиот тим на Меган во моментот се наоѓа на виртуелно рочиште или судско сослушување преку видео, што почна во вторникот наутро и се очекува да заврши до четврток.
Адвокатите на Меган поднесоа барање за скратена пресуда со образложение дека весникот нема изгледи да ја брани својата одлука да објави писмо што војвотката му го напишала на својот татко Томас Маркл веднаш по нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година.
Забава
Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Тој стекна светска слава со бодибилдинг кога го препознаваа под псевдонимот австриски даб.
И децении потоа Арнолд Шварценегер одржува форма, па така и оваа недела ја почна со вообичаеното возење велосипед покрај плажа.
73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија ги покажа мускулестите нозе додека се движеше по велосипедската патека на плажата Вил Роџерс. Терминаторот се погрижи да преземе мерки на претпазливост и заштита со носење маска на лицето во тек на пандемија на коронавирусот.
Пред неколку дена Шварценегер се појави на „Инстаграм“ со својот син Џозеф Баена, кој оди по стапките на својот татко во бодибилдингот.
На фотографијата објавена од Џозеф (23) таткото и синот стојат пред мурал на кој се гледа Арни во најславните денови кога го нарекуваа австрискиот даб.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот