Забава
Синот на Стив Ирвин го прослави 16. роденден хранејќи крокодили

Роберт Ирвин, син на ловецот на крокодили Стив Ирвин, наполни 16 години.
„Среќен роденден! Веќе постигна толку многу, од наградуваните фотографии до глобалното ширење на пораката за заштита на природата. Ти си воин на дивината!” му порачаа преку инстаграм-профилот на „Australia Zoo“ што го води неговото семејство.
Роберт го прослави својот роденден во зоолошка градина, хранејќи ги крокодилите пред толпа посетители. „Знаеш дека роденденот ќе биде одличен кога ќе започне со хранење крокодили“, напиша тој на својот Инстаграм, каде што го следат повеќе од 1,6 милион луѓе.
За роденденот, тој доби торта во облик на нилски коњ со свеќички во облик на бројот 16.
Роберт имаше само три години кога неговиот татко трагично загина. Од неговиот татко тој ја наследи љубовта кон дивиот свет, но и кон камерите. Денес тој има свое ТВ-шоу „Robert’s Real Life Adventures“, а со сестрата Бинди и мама Тери се појавува во емисија која го следи нивното семејство „Крики! Ние сме Ирвини!“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Анонимен купувач ѝ ја врати култната кожена јакна на Оливија Њутн-Џон

Пејачката Оливија Њутн-Џон (71) се бори со рак веќе со години, а во ноември минатата година лошата болест ѝ се врати третпат. Таа тогаш рече дека не сака да знае уште колку време ѝ останува и дека нејзините шанси за оздравување се мали.
На почетокот на ноември таа организира аукција на предмети од својата долга кариера за да собере пари за лекување на ракот. Култната кожена јакна што ја носеше во филмот „Брилјантин“ беше меѓу избраните 500 артикли и почетната цена ѝ беше 200.000 долари.
„Воопшто не сум тажна што ќе се разделам со тие работи“. Тоа се само работи и се обидувам да не бидам приврзан кон нештата. Ќе ги задржам убавите спомени и фотографии во моето сеќавање“, рече пејачката во оваа пригода.
Анонимен клиент ја развесели Оливија со тоа што ѝ ја подари нејзината јакна и донира дополнителни 185.000 фунти за австралискиот центар за лекување од рак, што го отвори во 1992 година кога првпат ѝ беше дијагностициран карцином на дојката.
„Јакната не треба да биде во плакарот на милијардерот кој само би се фалел со неа во кантри-клуб“, ѝ рече актерот кога ѝ ја предаде јакната на состанокот во Калифорнија.
Забава
(Видео) Жежок танц на шипка во изведба на Џеј Ло

Актерката Џенифер Лопез (50) беше воодушевена од веста дека е номинирана за „Златен глобус“ за улогата на Рамона во филмот Hustlers. Таа игра стриптизета која заработува пари за себе и своето дете со танцување во клуб.
Сцените ги воодушевија нејзините следбеници, а нејзиниот свршеник Алекс Родригез (44) го пофали нејзиниот труд на социјалните мрежи. Неодамна на „Јутјуб“ се појави видео во кое Џенифер танцува на шипка, мрда со задникот, се забавува со гостите, а околу неа има многу банкноти што ги добива од нив.
Нејзините следбеници напишаа многубројни коментари под видеото, а се чини дека Џенифер овој пат ги шокира со својот танц и талент.
За потребите на улогата, пејачката мораше да тренира и напорно да вежба за да биде во совршена форма. Исто така, таа посети и неколку стриптиз-клубови за да дознае повеќе за работата на девојките што танцуваат на шипка.
Забава
На Тајланд е родено маче со две лица

Маче со две лица се роди во село во провинцијата Рачабури на Тајланд, пренесува „Бангкок пост“. Според сопственичката на невообичаеното маче, 52-годишната Чабапраи Нилпет, нејзината персиска мачка во понеделникот омачила само едно маче, а поради компликации, не можела да ги роди и другите мачиња.
Нилпет потоа го однела своето милениче во ветеринарна клиника, каде што мачката имала царски рез. Лекарите извадиле две мачиња од нејзината матка, од кои едното имало две муцки. Мачето имало проблеми со дишењето, но ветеринарот ги вентилирал белите дробови по што необичното маче успеало да си ја поврати силата и да дише нормално.
„Неговата лева муцка ја нареков злато, а десната сребро. Јас ќе се грижам за тоа, така што тоа ќе живее што е можно подолго бидејќи никогаш не сум видел таква љубопитна мачка“, изјави Нилпет.
Сопственичката сега го храни своето специјално милениче со шприц бидејќи неговата состојба го спречува да цица од својата мајка.
Дипросопијата е абнормалност во која лицето на мачката се проширува додека се развива и потоа се појавува второ лице, а сето тоа се случува во ембрионалната фаза. Состојбата е предизвикана од прекумерно количество од еден многу специфичен протеин, кој се нарекува СХХ и кој се произведува додека мачињата се уште во матката. Овие мачки истражувачите ги нарекуваат и јанус-мачки зашто нивната состојба ги потсетувала на Јанус, римскиот бог со две лица.
Многу мачиња со ваква состојба не преживуваат и повеќето умираат само неколку часа по раѓањето, а некои по неколку дена зашто им е речиси невозможно да цицаат од своите мајки како нормалните мачиња.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми