Забава
Сија изрази поддршка за Џони Деп, ја обвини неговата поранешна сопруга дека лаже
Додека Џони Деп го чека почетокот на судењето за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот доби поддршка од пејачката Сија.
44-годишната пејачка се огласи на „Твитер“ во четвртокот покажувајќи ја својата поддршка за 57-годишната sвезда на „Пиратите од Карибите“.
„Сакам да ја покажам мојата јавна поддршка за Џони Деп“, напиша Сија во својот твит, кој доби над 1.700 лајка.

„Би сакала да биде чист, тој е очигледно жртвата откако ги слушнав снимките“, додаде таа. Пејачката најверојатно алудира на аудиоснимките што беа пуштени во судог во февруари, а биле снимени во 2015 година кога Херд призна дека го удрила Деп.
Таа остро ги критикува неговата поранешна сопруга и нејзиното поранешно момче Илон Маск во друг твит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
