Забава
Скарлет Јохансон промовира бренд за нега на кожа

Скарлет Јохансон ќе лансира сопствен бренд за чиста и ефективна нега на лице, The Outset, на 1 март.
Линијата производи беше претставени во вторникот преку официјална инстаграм-страница и веб-сајт. На секоја од нив има црно-бели фотографии од промотивната кампања, со ликот на Јохансон во преден план.
Таа ја основаше линијата за нега на кожа со претприемачката Кејт Фостер од Бруклин.
The Outset (Д’ аутсет“) е само еден од многуте брендови за убавина во сопственост на славни личности кои беа објавени во текот на изминатата година, вклучително и Lolavie на Џенифер Анистон и r.e.m beauty на Аријана Гранде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шантел Џефрис: Животот е плажа

Шантел Џефрис ги намачи нејзините 4.7 милиони следачи на Инстаграм во понеделникот, кога се огласи со нова дрска објава.
29-годишната диџејка и модел сподели неколку фотографии на кои позира во бебешко сино бикини на одмор на Бахамите.
Поранешнaта девојка на Џастин Бибер ги покажа своите облини, а и безгрижниот дух со необичен опис на објавата: „Животот е плажа“.
Инфлуенсерката стои на бел песок за секси фотографија покрај море.
Џефрис ја покажа својата природна убавина без шминка за денот на плажа со пријателката Сара Снајдер.
Забава
Илон Маск убеден дека роботите на „Тесла“ ќе можат да готват и да се грижат за стари лица

Неодамна, статија на Илон Маск за изгледите за развој на технологии кои го менуваат начинот на живот на луѓето се појави во официјалната публикација на кинеската управа за прашања поврзани со киберпросторот. Оваа управа ги надгледува прашањата за безбедност на информации.
Меѓу другото, милијардерот ги сподели своите идеи за примена на хуманоидни роботи развиени од „Тесла“.
Во својата статија, Маск пишува дека роботите на „Тесла“ ќе опслужуваат милиони домаќинства со тоа што ќе учествуваат во процесот на готвење, грижа за тревниците и за постарите граѓани.
Сонот на Маск, како што е објаснето во статијата, е живот на Марс, односно самодоволен град во кој живеат луѓе. Меѓутоа, овде тој, на негов вообичаен начин, не ги именува условите за колонизација на Марс на ова ниво.
Милијардерот, исто така, припишува одредена улога на компанијата „Неуралинк“ во светот на иднината. Оваа компанија е специјализирана за имплементирање на интерфејс помеѓу човечкиот мозок и компјутерот.
Забава
Џенифер и Бен планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе продолжат да ја слават својата љубов со тридневна свадбена екстраваганца, по нивната импровизирана венчавка во Вегас минатиот месец.
Пејачката и актерот, кој го прослави својот 50. роденден во понеделникот, ќе приредат свадбена прослава од соништата на имотот на Бен, Рајсборо, во Џорџија овој викенд, според „Пејџ сикс“.
Импресивниот имот располага со централна вила дизајнирана во стил на плантажа на површина од околу 4.000 акри, според „Хоумс енд гарденс“.