Контакт

Забава

Следната сезона на „Современо семејство“ ќе биде последна

Објавено пред

Популарната серија „Современо семејство“, која има освоено 22 награди „Еми“, се ближи до својот крај. Продуцентите најавија дека следната, 11. сезона, ќе биде последна.

Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој го глуми Мичел, на „Твитер“ напиша: „Тешко ќе ми биде да се простам. Го сакам моето семејство“.

Нолан Гулд, кој го глуми Лук, им се заблагодари на фановите преку официјалниот профил на серијата на „Твитер“.

„Современо семејство“ освои многу награди за овие 10 години. Меѓу другото, и „Еми“ за најдобра комедија, „Залтен глобус“ и четири награди од Здружението на филмските актери.

Претседателката на одделот за забавна програма на телевизијата Еј-би-си, на која премиерно се емитува „Современо семејство“, ја опиша серијата како една од најоригиналните комедии во историјата на телевизијата.

„Во последната сезона може да очекувате изненадувања што не смеете да ги пропуштите“, им порача таа на фановите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џони Деп повторно соло

Објавено пред

И покрај тоа што се разведоа пред три години, Џони Деп и Амбер Херд сè уште не ги расчистиле односите. Освен тоа, славниот актер решил да ја тужи Херд поради измама во износ од 50 милиони долари, но тоа не ја спречило да продолжи да го повикува јавно за насилство во бракот.

На почетокот на годината Деп беше фатен во страсна прегратка со тогаш непозната убавица во хотел во Белград. Набргу потоа беше откриено дека таа е руска го-го танчарка Полина Глен, а странските медиуми тогаш тврдеа дека Џони планирал да се ожени со неа.

Сепак, љубовната среќа не траеше долго.

Се чини дека постојаниот притисок врз нејзиниот партнер и животот под лупа на јавноста ѝ здосадил на згодната бринета, па таа се иселила од нивниот заеднички стан во Лос Анџелес. Според странските медиуми, Глен решила да го напушти Деп и да се врати во родниот Санкт Петербург.

Прикажи повеќе...

Забава

Изгледот на Кејт ги загрижи Британците

Објавено пред

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (37), е една од модните икони на 21 век, а освен тоа, таа многу внимава да не добие некој килограм повеќе. Сепак, со најновиот изглед, таа ги загрижи Британците затоа што е многу слаба, пишува „Дејли мејл“.

Иако носеше широко здолниште и палто какво што обично носат жени кои сакаат да сокријат вишок килограми, сепак можеше да се види колку е слаба. Поради тоа почна да се зборува дека нешто се случува со неа. Постојат неколку теории почнувајќи од онаа дека се работи за стрес до таа дека Кејт, всушност, страда од хипертироидизам, болест на тироидната жлезда, поради која постојано губи тежина без оглед на количината на калории што ја внесува во организмот.

Сепак, има и такви кои, секој пат кога Кејт ќе промени нешто на себе, било да е тоа нијанса на косата или конфекциски број, шират гласови дека е бремена.

Но, се чини дека шпекулациите за бременоста на војвотката се неточни со оглед на тоа што таа се појави на насловната страница на „Пипл“ заради многуте кралски обврски што ги има во моментот.

Прикажи повеќе...

Забава

Југo на списокот со најлоши имиња на бебиња во Велика Британија за 2019 година

Објавено пред

Порталот „Парентс“ состави список со најлоши имиња за момчиња и девојчиња и изрази надеж дека тие нема да се најдат на списокот со најпопуларни имиња в година за доброто на општеството и на самото дете.

На неславниот список со имиња на момчиња, покрај Аксис, Менсон (кое секогаш се поврзува со бруталниот сериски убиец) или Клитус (што секогаш асоцира на ликот од Симпсонови), се најде и името Југо.

Интернет-порталот објаснува дека името Југо е создадено според легендарниот лош автомобил направен од откачен производител.

„Дали сакате вашето сакано бебе да се вика така?“, ги прашува порталот потенцијалните родители.

Другите машки имиња на оваа листа се кралот Месија, Данџер (опасност) и Пинчиз.

Што се однесува до имињата на девојчињата, во списокот нема ниедно што асоцира на стара Југославија, но и тие се доволно бизарни.

На списокот со најлоши женски имиња се најдоа Шеј (срамежлив), Мател (по примерот на производителот на барби-играчки), Вегас и многу други.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата31 минута

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија33 минути

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа1 час

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет15 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија16 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија18 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија22 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија22 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија22 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија23 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа2 дена

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Досие