Контакт

Забава

Снешко Белчо се „замонаши“ на Света Гора

Објавено пред

Снешко Белчо се „замонаши“ на Света Гора, јавија со преубава фотографија монасите на еден од манастирите на Атос.

„Заиста вам кажем: Који не прими Царства Божијега као дијете, неће ући у њега.“Мк. 10, 15Светлопис је настао на Бадњи дан ове године у једној од Светогорских светиња

Gepostet von Пријатељи манастира Хиландара am Dienstag, 8. Januar 2019

На Бадник, во пресрет на најголемиот христијански празник, неколку свештеници ја изразија божикната ведрина кај портата на манастирот и направија нов брат од снегот.

Му ставија монашка капа скуфија, црн шал, но исто така и традиционална метла, која обично се става во рацете на Снешко Белчо. Наместо морков, на овој медитерански монах како нос му послужи лимон.

Она што некој би го протолкувал како несериозност на монахот, всушност, е детска разиграност и невиност, која вистинските христијани никогаш не треба да ја изгубат.

„Вистина ви велам, кој не го прими Царството Божјо како дете, нема да влезе во него“, потсетија тие на зборовите на Исус Христос од Евангелието по Матеј.

Зима у светогорском манастиру Ватопедуhttps://asceticexperience.com/

Gepostet von Пријатељи манастира Хиландара am Freitag, 11. Januar 2019

Инаку, фотографиите од животот во завеаните со снег манастири на Света Гора даваат посебен мир за сите што ги гледаат. Монасите, кои под снегот берат сѐ уште свежи лимони и портокали, покажуваат колку е хармонична природата на ова свето место.

Од друга страна, пејзажите на Атос во зима го одземаат здивот со својата убавина.

Забава

(Видео) Во Кина родена првата клонирана мачка

Објавено пред

Клонирањето миленичиња добива сè поголема популарност во Кина. Според информациите од компанијата „Синоген“, која се занимава со клонирање животни, во 2018 година биле направени 20 клонови од кучиња и уште толку во првиот квартал од 2019 година. Компанијата планира во рок од пет години да почне да клонира по 500 кучиња на годишно ниво.

Неодамна беше објавено дека компанијата „Синоген“ е прва во земјата која клонирала мачка. Мачето Чеснок на 21 јули било родено од сурогат мајка, а тоа носи ДНК на мачка која умрела.

【Video】

【Video】Cat lovers mourning the death of their beloved felines may soon be able to bring their pets back to life, following the birth of China's first cloned #kitten (Video: Courtesy of Sinogene) http://www.globaltimes.cn/content/1161960.shtml

Posted by Global Times on Понеделник, 19 август 2019

Претседателот на управниот одбор на компанијата „Синоген биотехнологии“, Ми Џидунг, за „Спутник“ изјавил дека во Кина е сè поголема побарувачката за клонирани животни. Според него, тоа е во корелација со зголемената побарувачка за домашни миленици.

„Пазарот за миленичиња во Кина се развива многу брзо, и сега околу 100 милиони луѓе чуваат куче или мачка. Токму оваа група луѓе ја формира побарувачката за клонирани животни, затоа што милениците живеат во семејства многу години и се формира посебна емотивна приврзаност. Многу луѓе не можат да се справат со загубата на мачката или кучето кое го чуваат како миленик или, пак, со фактот дека животното има здравствени проблеми. Всушност, гледано на овој начин, веројатно од секогаш би имало голема побарувачка, само порано технологијата не можела да ги задоволи ваквите желби“, изјавил Џидунг.

Цената за клонирање на домашно милениче изнесува околу 250.000 јуани (32.000 евра), што значи дека не секој човек може да си ја дозволи оваа необична услуга.

Прикажи повеќе...

Забава

Квентин Тарантино во шестата деценија од животот првпат ќе стане татко

Објавено пред

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.

„Даниела и Квентин се многу среќни што може да потврдат дека го очекуваат своето прво дете“, изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.

Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката. Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по девет години врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.

Прикажи повеќе...

Забава

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Објавено пред

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.

„Таа е промената“, рече Бардем.

Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.

Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија2 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет3 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа5 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ9 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ10 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија11 час

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија11 час

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија12 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет12 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија13 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа13 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија1 ден

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија1 ден

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија1 ден

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Досие