Контакт

Забава

Соло тато: познати самохрани татковци

Објавено пред

Кога станува збор за селебрити родители, фокусот е поголем на самохраните мајки. И со право, имајќи предвид дека е вистински подвиг да се воспитува дете самостојно, особено во ера каде разликата во платите меѓу половите е очигледна.

dobivaj vesti na viber

Но, каде се слободните татковци? Традиционално, тие добиваат помалку медиумско внимание, а сепак има многу татковци кои биле самохрани родители на своите деца во одреден момент.

Лиам Нисон – овој актер таблоидите го ставаат на врвот на листата соло татковци. Тој е  самохран родител со два сина, Мајкл (роден 1995) и Даниел (роден 1996). Според многумина, тој е брилијантен и прилично заштитнички татко. Актерот остана вдовец во 2009 година кога неговата сопруга, актерката Наташа Ричардсон, загина во трагична несреќа на скијање.

Том Круз – пред разводот со Кејти Холмс, Круз веќе беше сaмохран родител со полно работно време. Круз претходно беше во брак со Никол Кидман. Бидејќи Кидман првично имаше проблеми со зачнувањето, тие одлучија да посвојат. Посвоените две деца, Изабела Џејн Кидман Круз е родена во 1992 година и Конор Ентони Круз, роден во 1995 година. Кидман отворено призна дека никогаш немала многу силна врска со двете деца. Всушност, ниту едно не ја нарекло „мама“. Беше сосема нормално децата да изберат да останат со Круз, кога тој поднесе барање за развод во 2001 година.

Џони Деп – овој актер е познат е по тоа што игра неконвенционални улоги, но она што многу луѓе не го знаат е дека тој ја живее улогата на самохран татко на своите две деца, Лили-Роуз и Џек.

Самохрани татковци се и Ал Пачино, Џејми Фокс, Колин Фарел, Идрис Елба, Рајан Филип, пејачот-текстописец Сил, пејачот Рики Мартин и многу други.

 

Рики Мартин

Забава

„Топ Ган: Маверик“ ја надмина заработката од една милијарда долари во светската каса

Објавено пред

„Топ Ган: Маверик“ на Том Круз постигна уште еден импресивен резултат на киноблагајните овој викенд бидејќи ја премина границата од 1 милијарда долари.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, стана најуспешниот филм на сите времиња на 59-годишниот актер.

Со таа продажба на билети филмот го собори суперхеројскиот филм на „Марвел“ – Doctor Strange in the Multiverse of Madness (943 милиони долари) како филм со најголема заработка на годината на коноблагајните, пишува „Дејли мејл“.

Spider-Man: No Way Home, кој заработи повеќе од 1,89 милијарда долари, е единствениот друг филм што достигна 1 милијарда долари за време на пандемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Забава

Додека барал злато, откопал мумифициран мамут

Објавено пред

Рудар во северна Канада копал во потрага по злато, но нашол нешто неверојатно – мумифициран мамут.

dobivaj vesti na viber

Локалните палеонтолози пронајдокот го опишаа како „неверојатно животно од ледената доба“ за кој се смета дека е постар од 35.000 години.

„Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка“, вели Грант Зазула, палеонтолог.

Мамутот на поголемиот дел од телото ги има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека тој имал околу еден месец кога пцовисал. Долг е околу 140 сантиметри, пишува „Гардијан“.

Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште.

Неговото тело е добро зачувано затоа што, најверојатно, малиот мамут останал заробен во мочуриште пред да смрзне.

Прикажи повеќе...

Забава

Шерон Стоун: Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите

Објавено пред

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.

dobivaj vesti na viber

„Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак, прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех наместо да ги добиеме толку потребните сочувство, емпатија и исцелување што ни требаат“, напиша глумицата.

Стоун (64) има три посвоени сина, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.

Признанието на глумицата дојде откога американската танчарка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.

„Не знаев дека сум бремена. Крвавев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ30 минути

Две лица загинаа во Струмичко, со трактор излетале од патот

Две лица загинаа кога со трактор излетале од локалниот пат од с. Трибичино кон с. Едрениково, Струмичко, на местото наречено...

Македонија51 минута

Скопјанец со столче ја тепал сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став...

Свет2 часа

Лидерите на Г7 сакаат да ја ограничат цената на руската нафта

Лидерите на Г7, индустриски најразвиени земји, планираат да ја ограничат цената на руската нафта и да усвојат пакет координирани акции...

Регион3 часа

Турција за Русија: Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Ердоган, во интервју за телевизија „Хабертурк“ изјави дека Турција нема да се приклучи на...

Регион3 часа

Петков ја поднесе оставката

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката до Владата, јави репортерот на „Бгнес“. Оставката е поднесена по курир, велат за...

Топ3 часа

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, повредени се и три лица

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа, која вчеравечер се случи на скопската обиколница. Таа била сопатничка на мотоцикл, кој се...

Свет4 часа

(Видео) Падна трибина за време на борба со бикови во Колумбија – има загинати, меѓу кои и дете

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени кога во неделата се урна дел од трибината на арената...

Свет4 часа

Наркобанда опремена со тешко оружје ја нападна полицијата во Мексико

Шест полицајци загинаа, а четворица се ранети во пограничната држава Њу Леон на северот на Мексико кога биле нападнати од...

Свет4 часа

Од хемиската фабрика „Азот“ евакуирани 250 луѓе, меѓу кои и многу деца

Припадниците на милицијата на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) евакуирале уште речиси 250 цивили од комплексот на хемиската фабрика „Азот“...

Регион16 часа

Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните...

Свет17 часа

Путин ќе посети поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова...

Свет19 часа

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин. Тие...

Свет20 часа

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија...

Свет20 часа

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите...

Македонија23 часа

„Брисел ја поддржа бугарската позиција“ – Петков образложи што ќе се случува ако Македонија го прифати францускиот предлог

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите...

Топ23 часа

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени...

Свет1 ден

Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата. Авионот на...

Свет1 ден

(Видео) Би-Би-Си во база на странските борци во Украина, ги има околу 20.000 од повеќе од 50 земји

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во...

Свет1 ден

Вирусот добива ново име – „Да бев мајмун, би протестирал, тоа навистина не е мајмунска болест“

Мајмунските сипаници наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела...

Европа1 ден

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Како што...