Контакт

Естрада

Сопругата на Серхио Рамос најсексипилна жена на фудбалер

Објавено пред


Пред секој важен меч на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, шпанските новини се преплавени со фотографии на Пилар Рубио, сопруга на Серхио Рамос, која навивачите ја сметаат за најубава жена на фудбалерите во Реал на сите времиња.

Пилар е атрактивна водителка и комичарка, а од познатиот фудбалер е повозрасна цели осум години. Тие се заедно од 2012 година и двајцата велат дека се вљубиле „на прв поглед“. /крај/мф/вс

Естрада

В четврток ќе биде објавено кои ѕвезди ќе настапат на „Ентер-фест“ во Скопје

Објавено пред

Од

Организаторите на музичкиот фестивал „Ентер-фест“ в четврток напладне ќе одржат прес-конференција на која ќе ги откријат имињата на регионалните ѕвезди што ќе настапат на фестивалот.

„Македонскиот Вудсток“, како што го нарекуваат, ќе почне на крајот на мај и ќе трае шест дена. Билетот за сите шест вечери од фестивалот ќе чини 1.100 денари.

За оваа сума посетителите ќе може да уживаат во настапот на големи музички ѕвезди и над 60 бенда од целиот регион. Фестивалот ќе се одржи на две големи сцени, отворена и затворена, во и околу спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ова е првпат Скопје да биде центар на ваков голем музички хепенинг. Организаторите очекуваат на фестивалот да дојдат љубители на добрата музика од целиот регион. Тие исто така открија дека поради намерата ова да биде забава за сите, пивото ќе се продава 80 денари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Најгледаниот спот во историјата за песната „Деспасито“ избришан од „Јутјуб“

Објавено пред

Само пет дена откако беше објавено дека спотот за песната „Деспасито“ на Луис Фонси и Деди Јенки официјално стана најгледаниот спот на „Јутјуб“ со 5 милијарди прегледи, хакери успеале да го избришат.

Пред да биде избришан, се појавувала слика од маскирани луѓе со вперени пиштоли кон камерата, што сугерирало на хакерски напад, пренесува „Индепендент“. Хакерската група што го извршила нападот се потпишува како Prosox and Kuroi’sh, а под клипот испишала Free Palestina во превод „Слободна Палестина“.

Шпанскиот хит „Деспасито“ беше објавен во јануари 2017 година и ги урна сите рекорди во музичката индустрија. На британската листа на најпопуларни песни „Деспасито“ 16 недели по ред беше на врвот. Исто така, „Деспасито“ е најсимнувана песна во историјата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Аки Рахимовски доживеал мозочен удар

Објавено пред

Фронтменот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (62), доживеал полесен мозочен удар, а сите концерти на бендот се откажани, соопштено е на официјалните страници на групата на Фејсбук и на Инстаграм.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи.

Рахимовски за 24сата.хр изјавил дека се чувствува добро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија13 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија13 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион14 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија14 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија14 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет15 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие