Забава
Сопругата на Хју Џекмен смета дека шпекулациите за неговата сексуалност се глупави

Австралискиот актер Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес мислат дека шпекулациите за неговата сексуалност се многу глупави.
Ѕвездата на „Најголемиот шоумен“ (The Greatest Showman) го следат шпекулации дека го привлекуваат мажи, но неговата сопруга – со која е во брак 26 години – инсистира на тоа дека нема причина да го чува својот личен живот во тајност доколку тоа навистина е случај.
Говорејќи на поткастот „Нема преку ноќ успех“, Дебора рече: „Хју бил геј? Еј момци – ако сакал да биде геј, можеше да биде геј.“
„Не мораше да се крие во плакар, и ќе се забавуваше со Бред Пит или кој и да е. Не дека Бред е геј, но знаете што мислам! Не читаме такви работи. Тоа е толку глупаво, а луѓето продолжуваат со глупости и тоа е досадно.“
На почетокот на овој месец, 53-годишниот актер ѝ оддаде почит на својата сопруга (66) на нивната годишнина од брак.
Хју на Инстаграм напиша: „Денес славам 26 години брак со мојата извонредна сопруга. Секој ден е исполнет со толку многу смеа, радост и играње табла!!!! Деб, ми го осветлуваш животот. Те сакам со сето мое срце!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Откриена причината зошто некои сцени со Амбер Херд сe исфрлени од новиот „Аквамен“

Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не ѝ помага на нејзината кариера. По појавувањето во „Лига на правдата“ во 2017 година, а потоа го сними и хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира.
Амбер е свесна за лошиот период во кариерата и тоа го потврди во сведочењето пред судот минатата недела.
Медиумите објавија дека некои нејзини сцени се отфрлени од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе в година.
Главната улога ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш покрај него. Но, според претставници на студиото „Ворнер брос“, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја правдаат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема никаква хемија иако тие глумат пар.
Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина и дека главна причина е петицијата. Имено, на веб-страницата Change.org се собрани над 4,3 милиони потписи против Амбер. Со оваа петиција луѓето бараат Амбер да биде исфрлена од новиот „Аквамен“.
Забава
Одложен концертот на „Дајте музика“

Поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на новиот датум – 18 јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје!
„ Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа се одлучивме концертот да го презакажеме за 18 јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед-екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени „старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новиот датум, 18 јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).
Оние што сèуште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk“ велат организаторите на настанот.
Забава
Славните личности испратија порака: Доста е, земјата мора да се промени

Американски актери и музичари го кренаа гласот по трагедијата што се случи во основно училиште во Тексас и повикаа на построга контрола на оружјето во земјата.
Актерката Блејк Лајвли сподели серија твитови со податоци за деца што настрадале од оружје во САД и порача дека е крајно време да се стави крај на насилството предизвикано со оружје.
„Доколку чекавте знак за да се вклучите во движењето EndGunViolence, ова е тоa“, твитна Лајвли.
Клинт Смит твитна: „Ова беа ученици од основно училиште. Тие се разбудиле ова утро, ги изеле своите омилени житни зрна за појадок, се смееле со своите другари во автобусот, а сега повеќе од 10 се мртви. Ова не е нормално. И не мора да биде вака. И не смее да биде вака“.
„Мака ми е. Испраќам љубов и молитви до семејствата погодени од оваа трагедија“, напиша Кендал Џенер.
Моделот Криси Тајген исто така повика на посилна контрола на оружјето.
Се огласи и Ким Кардашјан. Таа сподели графичка порака дека ништо не се презема систематски за да се спречат вакви настани.
Се огласи и актерката Кери Вашингтон. „Како мајка, ова ми е трагично незамисливо. Училиштето треба да биде БЕЗБЕДНО место. Моето срце се кине од болката и страдањето на секој член на семејствата и личностите поврзани со денешните настани во Тексас. Моите молитви се со вас“, напиша таа.
„Нешто треба да се промени во оваа земја!“, порачаа членовите на бендот Chainsmoker. „Ние сме единствената земја во која децата одат на училиште и може да завршат застрелани“.