Забава
Сопругата на Шон Пен поднесе барање за развод

Сопругата на Шон Пен, Лејла Џорџ, поднесе барање за развод, пренесуваат американски таблоиди.
61-годишниот актер се венчаше со 28-годишната Лејла на 30 јули минатата година, а нешто повеќе од една година од нивниот брак, Лејла сега поднесе документи за легален прекин на нивната врска.
Според „ТМЗ“, австралиската актерка – која е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио – поднела документи за развод до Високиот суд на Лос Анџелес во петокот на 15 октомври.
Истиот извор наведува дека не е позната причината за ваквата одлука на Лејла.
Веста доаѓа откако таблоидите неодамна пишуваа дека и двајцата морале да работат напорно на поправање на нивната врска.
Ова ќе биде трет развод за Шон … тој претходно беше во брак со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година, а неговиот прв брак со Мадона траеше од 1985 до 1989 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мидлтон повеќе не живее со принцот Вилијам

Сега кога семејството на Кејт Мидлтон повеќе не престојува во Бакингемската палата, принцезата од Велс продолжува да предизвикува разговори на социјалните мрежи.
Идната кралица-консорт наводно веќе се преселила во скромна куќа со четири соби заедно со децата, а принцот Вилијам моментно не живее со нив.
Кејт не е во Бакингемската палата, според најновите изјави на членови на британското кралско семејство.
Таа и нејзините три деца сега живеат во скромен дом надвор од Лондон.
Сепак, среде толку многу шпекулации за потенцијалното разделување од Кејт, медиумите тврдат дека одлуката на Вилијам може да биде мотивирана од тековните грижи за протоколите на кои работи кралот Чарлс Трети.
Иселувањето без нејзиниот сопружник е она што уште еднаш ги крена црвените знамиња и поттикна нови шпекулации за разделба. За овој скандал, кој е тесно поврзан со фотографиите на принцот Вилијам и Роуз Ханбери, што излегоа во 2019 година, сè уште се зборува со месеци.
Тука доаѓа и веста што ја објавија некои таблоиди дека на Денот на вљубените принцот наводно бил со Роуз.
Забава
Кејт Мидлтон морала да направи тестови за плодност пред венчавката

Том Квин фрла уште повеќе бомби за принцот и принцезата од Велс во својата нова книга „Позлатена младост: Историја на растење во кралското семејство“.
И кога сите мислеа дека доволна бомба е кога испливаа на површина ужасните кавги помеѓу принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (41) – каде што наводно дури и си фрлале работи еден на друг – сега е откриено уште нешто, што остави доста луѓе без текст.
Според Квин, имало неколку правила што Кејт и Вилијам морале да ги следат пред нивната голема кралска венчавка во Вестминстерската опатија во април 2011 година поради фактот што Кејт требало да биде невеста надвор од кралското семејство или аристократијата и во суштина се сметала како обичен човек.
А да се осигури дека Кејт може да раѓа деца било една од најголемите правила и, како што тврди авторот на книгата, Кејт морала да направи тестови за плодност пред да се омажи за Вилијам.
„Тие секогаш сè прават за да се осигури дека идната кралица ќе може да има деца“, пишува Квин. „Ако Кејт не беше плодна, нема сомнеж дека бракот немаше ад биде склучен“.
Авторот исто така додава дека принцезата мора точно да знаела што се случува, но дека таа не е, ниту некогаш била бунтовничка.
Книгата открива дека и принцезата Дијана, мајката на Вилијам, морала да помине низ слични тестови пред да се омажи за тогашниот принц Чарлс во 1981 година.
„Веќе знаеме дека можноста да забремени и да раѓа наследници на тронот е толку важна во кралското семејство. И веќе знаеме дека принцезата Дијана беше помлада и имаше поголеми шанси да му даде наследници на идниот крал Чарлс, всушност ова беше една од главните причини што тој избра да се ожени со неа наместо со својата вистинска љубов, Камила“.
Квин го спомнува тестирањето на покојната принцеза Дијана: „Дијана се пожали во куса средба со сегашниот автор (алудирајќи на себе) и со сета наивност мислела дека нејзините предбрачни прегледи се поврзани со општото здравје, дури подоцна сфатила дека била тестирана за плодност. „Бев толку наивна што во таа фаза се согласував со сè“, рекла принцезата Дијана.
Забава
Адам Сендлер добитник на награда за американски хумор

Актерот и комичар Адам Сендлер стана 24. добитник на наградата „Марк Твен“ за американски хумор од Кенеди Центарот во неделата, на настанот на кој настапуваа Џенифер Анистон, Крис Рок и Конан О’Брајан за да ја прослават неговата комедија и кариера.
Сендлер, кој глуми во Spanglish, The Wedding Singer, The Waterboy и многу други, се прослави со своите комични вештини кои – иако не секогаш ги освојуваа срцата на критичарите – и ги воодушевуваа фановите. Неговите филмови заработија милијарди долари.
Невообичаено облечен во костум наместо неговите познати шорцеви и маица, Сендлер (56) рече дека неговиот костум е премногу широк. „Не знам дали овој костум ми стои или не, само го облеков… по втор пат“, им рече тој на новинарите на црвениот тепих пред настанот.
„Но, сè друго… таква чест, никогаш во животот не размислував за ова, никогаш не очекував вакво нешто“, додаде тој.