Контакт

Забава

Софија Вергара сподели емотивна фотографија од „Модерно семејство“ пред финалето на серијата

Објавено пред

Последната епизода на хит-серијата на Еј-би-си, „Модерно семејство“, се емитуваше во средата вечерта.

А неколку часа пред финалната епизода, Софија Вергара, една од главните протагонисти, на својот „Инстаграм“ сподели приватна снимка од последниот ден на актерската екипа.

„Последното модерно семејство вечерва!“, напиша Вергара над фотографијата, на која може да се види како се забавува во групна прегратка со актерите од популарната комедија.

Џеси Тајлер Фергусон, Ариел Винтер, Сара Хиланд, Џули Боувен, Тај Бурел, Ерик Стоунстрит, Ед О’Нил, Нолан Гулд и Рико Родригез се на групната фотографија што Вергара ја објави за своите 18,6 милиони следачи.

Хит-серијата „Модерно семејство“, која има пет награди „Еми“ за најдобра комедија, годинава заврши со снимање по 11 сезони.

Серијата стана хит веднаш по дебито во 2009 година и пет години по ред ја добиваше наградата „Еми“ за најдобра комедија, која, според статистиките, неделно ја следеле речиси пет милиони гледачи.

Забава

(Видео) Триото од „Пријатели“ – Анистон, Кокс и Кудроу – повторно заедно

Објавено пред

Трите ѕвезди на култната ТВ-серија „Пријатели“ Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиза Кудроу се собраа во неделата вечер во куќата на Џенифер, каде заедно ги гледаа виртуелните „Еми“ награди.

Тие го изненадија водителот Џими Кимел кога Џенифер откри дека заедно ја гледале церемонијата.

Зборувајќи преку видео врска со Џенифер, која претходно се појави лично во Стејплс центарот во Лос Анџелес, Џими беше изненаден кога ја виде Кортни со неа.

Кортни одговори: „Секако дека сум тука, живееме заедно“, одговори Кортни, а Џенифер додаде: „Ние сме цимерки од 1994 година, Џими“. Лиза потоа зачудено праша: „Дали е ова телевизија во живо?“

Триото глумеше во популрната серија со Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Прикажи повеќе...

Забава

Алесандра Амброзио ужива во игрите во вода и на песок

Објавено пред

Таа не дозволи чадот од пожарите во Калифорнија да ја спречи да ужива во играње одбојка на плажа во Малибу минатата недела.

И во саботата супермоделот Алесандра Амбросио повторно беше забележана додека поминува уште еден убав летен ден со пријателите, овој пат во областа Санта Моника во Лос Анџелес.

Атрактивната Бразилка (39) ја покажа својата беспрекорна фигура додека се занимаваше со разни активности – сурфање, џогинг на песок и играње одбојка со семејството и пријателите.

Прикажи повеќе...

Забава

Кортни Кардашијан ја разлутија коментари за дружбата со новата пријателка

Објавено пред

Ѕвездата на раеалното шоу Кортни Кардашијан (41) одговори на коментарите на Инстаграм во саботата, откако објави секси фотографии во бикини со нејзината нова блиска пријателка Адисон Ре (19), која е двојно помлада од неа.

Некои од нејзините следачи на Инстаграм ги критикуваа новите објави во фото-галеријата, пишувајќи критички коментари како „има 41 година и се дружи со 19-годишнички во базен“ или „ова пријателство сè уште ме чуди“.

Кортни им одговори: „Дали предлагате некое подобро место. Барам идеи…“

Малата контраверза доаѓа во време кога најстарата сестра Кардашијан и Адисон се нераздвојни со месеци.

Кортни, мајка на три деца, и Адисон воспоставија неверојатно пријателство, пишуваат таблоидите, и додаваат дека тие го поминуваат секој ден заедно.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите Нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија42 минути

Собраниска седница за избор на заменици-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министрите...

Македонија2 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија11 час

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија17 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет17 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија18 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија18 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија19 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија20 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија21 час

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа23 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија23 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија23 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет1 ден

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија1 ден

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет2 дена

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија2 дена

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија2 дена

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Досие