Контакт

Забава

Со една фотографија на која едвај се гледа, Џенифер Анистон го запали интернетот

Објавено пред

Актерката Џенифер Анистон неодамна отвори Инстаграм и таа преку ноќ стана кралица на социјалните мрежи. Во прилог на ова говори и фактот што за помалку од еден ден таа собра четири милиони лајкови.

Имено, ѕвездата од популарната ТВ-серија „Пријатели“ по години противење реши да отвори профил на Инстаграм, а се чини дека одлично сфатила како функционира сето тоа.

Неодамна објави фотографија на која се гледа одзади, и за кратко време собра дури 4 милиони лајкови.

Нејзините фанови кои ја следат на Инстаграм со нетрпение чекаат нова објава.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Здравје

Британска студија: Децата се сè подебели и физички неактивни

Објавено пред

Нивото на физичка активност кај децата е значително намалено во текот на основното образование, покажува студија на научниците од Универзитетот Бристол.

Во неа се посочува дека времето кое децата на возраст од шест до единаесет години го минуваат во физичка активност од година во година се намалило под 17 минути, пренесува Би-би-си.

Студијата ја следела физичката активност на 2.132 деца од 57 основни училишта во југозападниот дел на Англија во периодот меѓу 2012 и 2018 година. Децата носеле специјални уреди кои ја мереле нивната физичка активност во текот на пет дена во неделата.

На овој начин научниците се здобиле со прецизна слика за тоа колку минути на ден децата биле физички активни, но и за тоа дали нивните активности биле умерени или интензивни, односно доволни за малку да се задишат или испотат.

Студијата, финансирана од Британската фондација за срце (BHF), покажува дека 61 процент од децата во текот на првата година од следењето, дневно со интензивни физички активности се занимавале најмалку еден час.

Но, до шестата година само 41 процент од нив ја продолжиле истата активност.  Физичката активност особено е намалена кај девојчињата, поточно од 54 на 28 проценти во моментот кога завршиле основно училиште.

„Забележавме значителна разлика во нивото на физичка активност кај момчињата и девојчињата на возраст од шест години. Во споредба со момчињата, девојчињата вежбаат многу помалку и во работните денови и викендите поминуваат повеќе време  седејќи“, се вели во студијата.

„Девојчињата престануваат со интензивна физичка активност порано, така што јазот меѓу девојчињата и момчињата постепено се проширува на возраст меѓу шест и 11 години“.

Студијата исто така покажува разлики во телесната маса по единаесетгодишна возраст.

На пример, дете кое било полничко на шест години и останало такво на единаесетгодишна возраст, со интензивна физичка активност се занимавало десет минути пократко за време на работните денови, во споредба на дете со здрава телесена тежина од шест до единаесет години.

Авторите на студијата забележуваат дека податоците се собрани во области околу еден британски град каде што живеат главно етнички Британци, што ја ограничува можноста за генерализација во однос на други делови од земјата и други етнички групи.

Прикажи повеќе...

Забава

Собрани 47,9 милиони фунти на ТВ-програма за деца со потреби

Објавено пред

Ѕвездите од Strictly Come Dancing, Star Wars и EastEnders помогнаа да се соберат 47.9 милиони фунти на овогодишниот ТВ-апел за деца со потреби,  добротворна иницијатива на британскиот јавен сервис Би-би-си.

На петчасовниот телетон, маратонска телевизиска програма, се најдоа и фудбалери на Англија, како и славеничко издание на музиката и песнита од хит-листата на Луис Томлинсон и Вестлајф.

Гледачите исто така видоа кратки филмови за некои од 3.000 локални проекти поддржани од добротворната организација Сhildren in Need.

Минатата година беа собрани 50,6 милиони фунти на иста таква вечер.

BBC Сhildren in Need или Деца со потреби е официјална британска добротворна организација и собира пари за загрозени млади луѓе или млади луѓе во неповолна положба, како на пример оние кои живеат во сиромаштија, со хендикеп или се жртви на злоупотреба.

Оваа година,комичарот Том Ален му се приклучи на тимот презентери во кој беа и Греам Нортон, Тес Дели, Мел Гидроис, Аде Адепитан и Марвин и Рошел Хумс.

Актерите на EastEnders Рики Шам, Луиза Литон, Мејзи Смит и Рудолф Вокер ноќта го заменија лондонскиот сквер Алберт со сала за бал.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Аријана Гранде ја прекина турнејата поради болест

Објавено пред

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде ја прекина турнејата поради влошено здравје. Таа на „Инстаграм“ објави дека е болна, а на фановите им откри дека чувствува остра болка во грлото уште од настапот во Лондон во август.

Пејачката вели дека гласот ѝ звучел добро, но дека поради болест не можела да дише на сцената и од тогаш се посомневала дали ќе може да продолжи со концертите. Таа порача дека состојбата ѝ се влошила и дека ќе мора да го откаже настапот во Кентаки.

Аријана вели дека болест без дијагноза е грозно чувство и дека не може да голта ниту да ја крене главата.

Иако сè уште не е сигурна што ги предизвикало нејзините здравствени проблеми, таа им вети на фановите дека ќе им се обрати веднаш штом ќе открие што ѝ се случува со организмот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија3 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија4 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија14 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет14 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа15 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет17 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија19 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет20 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет21 час

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија22 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион23 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Досие