Забава
„Спајдермен“ постави рекорд на денот на отворање во кината

„Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-man: No Way Home) заработи 50 милиони долари на американскиот и канадскиот боксофис во четвртокот пред очекуваниот голем викенд за киносалите.
Продажбата на денот на отворањето постави рекорд во ерата на Ковид-19. Аналитичарите на киноблагајните предвидуваат дека вкупните домашни приходи за „Далеку од дома“ во текот на викендот ќе достигнат дури 240 милиони долари, што ќе го вклучи во петте најдобри филмски дебија на сите времиња.
Во високобуџетнскиот филм, копродукција на „Сони“ и „Волт Дизни“, глумат Том Холанд како суперхерој Питер Паркер и Зендаја како негова девојка, Емџеј. Филмот се прикажува исклучиво во киносали.
Раниот успех на филмот беше добредојдена вест за синџирите на кина, вклучително и „AMЦ ентертејнмент холдингс“, „Синемарк“ и „Синеворлд регал“. Од „Синемарк“ наведоа дека „Далеку од дома“ ја испорача најголемата продажба на вечерта на отворањето на сите времиња.
Филмот привлече многу кинопосетители среде пандемија, дури и со ширењето на новата варијанта на коронавирусот, омикрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џонатан Мејџорс уапсен под обвинение за напад

Aктерot Џонатан Мејџорс бил уапсен во Њујорк во текот на викендот под обвинение за напад и вознемирување, што доведе до тоа американската армија да ја повлече новата реклама со ѕвездата на „Крид 3“ (Creed III).
Мејџорс, кој неодамна додели награда на „Оскарите“ заедно со својот колега од „Крид 3“, Мајкл Б. Џордан, бил приведен во саботата наутро на Менхетен по домашна расправија, според полицијата и неговиот адвокат.
30-годишната жена се здобила со полесни повреди на главата и вратот и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопшти њујоршката полиција. Мејџорс (33) се појавил пред истражен судија подоцна во саботата и бил ослободен без кауција.
Во кривичната пријава се наведува дека ја удрил жената по лицето, ѝ нанел расекотина зад увото, и потоа ја фатил за вратот, предизвикувајќи ѝ модрици.
Забава
Ќе се вратам: Адел ќе го продолжи престојот во Лас Вегас

Адел го продолжува престојот во Лас Вегас.
34-годишната пејачка во саботата го заврши последниот од нејзините 34 настапи во „Цезар Палас“, и во текот на концертот им кажа на фановите дека има намера да се врати во градот подоцна оваа година.
Ѕвездата добитничка на Греми ѝ рече на публиката во Вегас: „Пеењето пред 4.000 луѓе 34 ноќи не е доволно. Знам дека не е доволно, па се враќам.“
„Ќе се вратам неколку недели во јуни, и повторно на крајот на август до есен“.
Забава
Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Откако беше објавена веста дека директорот на едно училиште во Флорида бил принуден да поднесе оставка по бунтот на родителите кои се пожалиле дека нивните деца се изложени на порнографија бидејќи на часот по историја на уметност им била покажана слика од Давид на Микеланџело, некој се сетил дека авторите на популарната анимирана серија за семејството Симпсон предвиделе речиси идентично сценарио пред повеќе од 20 години.
Директорката на училиштето во Телахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.
Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.
Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.
Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.
„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.
По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.
„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.