Контакт

Hitech

„Спејс икс“ го има првиот патник за приватниот лет до Месечината

Објавено пред

Илон Маск, Спејс икс

Американската компанија „Спејс икс“ на Илон Маск соопшти дека го запишала првиот светски патник за пат околу Месечината со вселенската ракета со кодно име БФР.

Сепак, името на патникот не е откриено. Од „Спејс икс“ лани најавија дека околу Месечината ќе патуваат двајца туристи, а пред да заминат на оваа несекојдневна авантура, ќе мора да поминат обука.

„Дознајте кој ќе лета и зошто в понеделник, 17 септември“, објавија од „Спејск икс“ на „Твитер“.

Замислен како меѓупланетарен брод кој би служел за испраќање луѓе на Месечината, БФР („Биг фалкон рокет“) е ракетен систем темелен на комбинација од ракета и вселенскиот брод наречен БФС („Биг фалкон спејсшип“).

Маск минатата година најави дека главната ракета ќе биде опремена со 31 мотор „Раптор“ и деќа во првата фаза ќе може да пренесува до 150 тони товар во Земјината орбита, а во втората фаза и до 100 патници на Марс.

Hitech

Илон Маск вели дека „Тесла“ ќе има роботакси-возила в година

Објавено пред

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на настан за инвеститори најави дека очекува компанијата да работи со роботакси-возила в година.

Возилата што комплетно самостојно ќе управуваат ќе се натпреваруваат со сервисите како „Убер“ и „Лифт“. Роботакси-возилата ќе заработуваат тогаш кога сопствениците на „Тесла“ нема да го користат возилата.

Програмата на „Тесла“ ќе му дозволи на сопственикот да го изнајми своето возило со тоа што дел од приходите ќе одат кај „Тесла“, а преостанатиот дел од средствата кај сопственикот на возилото.

„Од финасиски аспект е лудо да купиш нешто друго, освен од ‘Тесла’“, рече Маск. ,„Тоа ќе биде како да имате коњ за три години“.

„Тесла“ предвиде дека роботакси-возилата ќе траат 11 години, ќе возат 1 милион милји и ќе остварат бруто-профит од едно возило од 30.000 долари годишно. Тоа е уште една агресивна прогноза од Маск за технологијата на „Тесла“. Тој рече дека очекува да ги убеди регулаторите до крајот на следната година дека самостојните возила се побезбедни отколку кога се управувани од човек.

Прикажи повеќе...

Hitech

Европска држава воведува забрана за анонимни коментари на интернет

Објавено пред

Онлајн-коментарите, и покрај тоа што се само зборови, може да бидат злонамерни и штетни, па така веќе имавме можност да видиме како т.н. интернет-тролови откажаа неколку познати личности од користење на социјалните мрежи. Засега останува нејасно дали ваквите злонамерни коментари некогаш целосно ќе се искоренат од глобалната мрежа, но во Австрија е поведена иницијатива да се преземе нешто во врска со тоа, пишува PC Press.

Имено, владата изготвила нацрт-закон, кој во суштина би ги направил незаконски анонимните коментари на интернет-страниците. Ваквата одредба од корисниците би барала да ги регистрираат своите вистински имиња и адреси при оставање коментар на интернет, што би требало да предизвика поголема одговорност кај оние што ги пишуваат коментарите.

Според законот, корисниците и натаму ќе може да користат јавни прекари, но во овој случај би биле регистрирани, па тоа би било олеснителна околност при следењето на злонамерните коментари сè до нивните креатори. Доколку законот биде усвоен, тој ќе се применува само на интернет-страници, кои имаат повеќе од 100.000 регистрирани корисници или кои заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно, односно добиваат парични субвенции поголеми од 50.000 евра.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Инстаграм“ набргу може да го скрие бројот на лајкови од вашите објави

Објавено пред

Сѐ повеќе се чини дека причината зошто луѓето поставуваат што било на социјалните мрежи е само поради лајкови.

Тоа е, всушност, начин да се добие потврда од другите, а популарноста се оценува според бројот на лаjкови што една објава ги добила. Сепак, во малку контроверзен и за многумина неочекуван чекор се чини дека „Инстаграм“ тестира промена во својот кориснички интерфејс, каде што лајковите под сликата ќе бидат скриени од вашите следбеници, пишува PC Press.

Ова го откри Џејн Манчун Вонг, која на својот твитер-профил сподели дека постои можност во иднина никој, освен самиот корисник, да не знае колку лајкови има одредена негова фотографија на „Инстаграм“. Наместо тоа, она што следбениците ќе може да го забележат во ваков случај е дека вашиот пост бил лајкуван, меѓутоа без прецизирање конкретна бројка.

Многумина сметаат дека станува збор за контроверзна одлука бидејќи голем број познати личности на социјалните мрежи се потпираат токму на бројот на лајкови за да покажат колку се популарни со цел да може да ги контролираат цените што ги наплаќаат за одредени маркетинг-промоции.

Меѓутоа, од „Инстаграм“ имаат интересно гледиште, кое гласи: „Сакаме вашите следбеници да се фокусираат на суштината на она што го споделувате, а не на вашиот пост да се гледа како на генератор на лајкови“.

Засега не е јасно дали плановите на „Инстаграм“ поврзани со оваа промена навистина ќе станат реалност или станува збор само за тест со цел да се испита пулсот и да се добијат повратни информации од корисниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите во Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 час

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија4 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет4 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион5 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет5 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет6 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ16 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа19 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201920 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет21 час

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201922 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија24 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Досие