Контакт

Забава

Според британските медиуми, Меган Маркл се породи во тајност

Објавено пред

Војводата и војвотката од Сасекс пред неколку дена најавија дека деталите од раѓањето на своето прво дете ќе ги чуваат во тајност, а јавноста ќе биде информирана дури откако семејството ќе го прослави раѓањето. Британските медиуми почнаа да шпекулираат дека детето е веќе родено бидејќи Меган отишла на породилно отсуство на 20 март.

„Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на прекрасните желби и честитки кои се добиени досега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука дека самото раѓањето ќе биде приватно. Јавноста ќе биде информирана за раѓањето на детето кога тој настан ќе се прослави во тесен кругот на семејството”, напишаа Меган и Хари, а многумина овие зборови ги протолкуваа како знак дека бебето е веќе родено, пишува „Експрес“.

Бидејќи помина еден месец откако Меган е на породилно отсуство, не е невозможно дека бебето веќе пристигнало. А за ваквите шпекулации придонесе и доаѓањето на пријателот на Меган, Даниел Мартин (кој е можно да биде кум на детето), во Лондон.

Двојката, исто така, направи профил на Инстаграм на кој најверојатно ќе ги објават првите фотографии на детето. Профилот не е активен три дена, а последното објавување се однесува на посетата на Хари на едно здружение.

Забава

(Видео) Кристен Стјуарт на јахта разменуваше страсни бакнежи со својата девојка

Објавено пред

Американската актерка Кристен Стјуарт летува на јахта во Италија со девојката Стела Максвел и неколку заеднички пријатели. Папараците направија слики на кои Кристен се бакнува, гали и забавува со познатата манекенка додека нивните пријатели уживаат на јахтата.

Ѕвездата на филмот „Самрак“ и моделот на „Викторија сикрет“ беа во врска две години. Тие ја прекинаа врската лани пред крајот на годината, но од неодамна се повторно заедно.

29-годишната Кристен пред еден месец го заврши снимањето на филмот „Чарлиевите ангели“. Премиерата на овој филм се очекува в година.

Прикажи повеќе...

Забава

Анџелина Џоли најде нова љубов, се однесува како заљубена тинејџерка

Објавено пред

По разводот од Бред Пит, поради што таа беше во центарот на вниманието на јавноста веќе три години, Анџела Џоли не можеше да се види во машко друштво, туку само во придружба на децата.

Јавноста ја поврзуваше Анџелина со неколку мажи – прво со британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, а во поново време и со колегите Колин Фарел и Кијану Ривс, што никогаш не беше потврдено.

View this post on Instagram

Which movie? 🔥

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolieofficial) on

Како што објави американското списание National Enquirer, Анџелина сега се заљубила во телохранителот и, како што се наведува, тој е причината за нејзиниот добар изглед и расположение.

„Анџелина и тој секогаш се заедно. Секогаш кога е во негова близина, таа се однесува како заљубена тинејџерка“, откри неименуван извор за гореспоменатото списание.

Актерката и телохранителот се запознале на снимањето на филмот Those who wish me dead во Њу Орлеанс, а потоа се појавила неговата девојка.

„Девојката се појави и како орел ги набљудуваше Анџелина и него“, завршува изворот.

Прикажи повеќе...

Забава

Легендарниот стрип-цртач Алан Мур потврди дека се повлекува

Објавено пред

Иконата на стрипот, Алан Мур (65), потврди дека оди во пензија, пишува „Гардијан“. Автор е на неколку стрипови, како V For Vendetta, Watchmen и From Hell, според кои се снимени и многу успешни филмови, а работи и во American DC Comics и на големи суперхерои како Бетмен и Супермен.

Мур е еден од најценетите писатели во историјата на стрипот и најдобриот писател на графички новели.

Во својата 40-годишна кариера тој го промени поимањето на стрипот и неговите суперјунаци и најверојатно дојде до заситување, па големиот автор ќе се обиде во други форми.

„Мислам дека направив доволно за стрипот, сè што можам. Идеите би страдале ако продолжам, читателите заслужуваат подобро и затоа решив да се повлечам. Не морам повеќе да се докажувам во стрипот. Ќе почнам да работам на филм или да пишувам романи“, изјави Мур во поранешно интервју за „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија16 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија17 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија17 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија17 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија20 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија20 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија21 час

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија23 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет23 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт24 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија1 ден

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет2 дена

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ2 дена

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион2 дена

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија2 дена

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија2 дена

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие