Контакт

Забава

Стивнуваат тензиите помеѓу помеѓу Џоли и Пит

Објавено пред

Бред Пит и Анџелина Џоли имаа прилично тежок формален развод по нивната разделба во 2016 година, која ги натера и двајцата да се борат за адвокати.

Но, во последно време работите станаа полесни за некогашната златна двојка на Холивуд. Популарните актери се запознаа на снимањето на филмот „Г. и г-ѓа Смит“. Романсата ја крунисаа со брак, а во меѓувреме станаа родители на шест деца.

 

„Работите меѓу Бред и Анџелина се подобри отколку што беа“, изјави извор за „Ју-Ес викли“. „Тие се посрдечни, бараат решенија прифатливи и за двајцата“. Справувањето со старателството над децата стана полесно. Заедно ги имаат Медокс (18), Пакс (16), Захара (15), Шило (13), и 11-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Инсајдерот исто така рече дека Пит нема контакти со Медокс и Пакс.

На 18 години, на Мадокс му е дозволено да го направи она што го сака. Тој е на колеџ во Јужна Кореја, но се вратил дома поради пандемијата на коронавирусот. Неговата независност им помага на Бред и Анџелина да постигнат нов договор: Пит во моментот ги гледа помалите деца на неколку дена, изјави втор извор за списанието.

Имајќи предвид дека Џоли и Пит живеат на 10 минути оддалеченост еден од друг во своите куќи во Лоз Фелиз – тој во големата хациенда, која ја поседува 20 години, а таа во куќа вредна 25 милиони долари – заедничкото старателство е многу полесно.

Џоли е импресионирана и од постојаната трезвеност на Пит. Тој, наводно, престанал да пие по нивната разделба.

Изјавите на инсајдерите доаѓаат по тврдењата на таблоидите дека Пит (55) често се гледа со 31-годишната актерка Алија Шoкат. Таа била фотографирана додека излегува од неговата резиденција минатата недела. Таблоидите шпекулираат дека Алија многупати гостува кај Пит бидејќи живее во близина, но извори блиски до Пит тврдат дека тие се само пријатели и ништо повеќе.

Пред бурата: Бред и Анџелина Џоли во Германија (2014 година)

Забава

Совршено сочуван римски мозаик откриен под лозје во Италија

Објавено пред

Римски мозаик по кој археолозите трагаа повеќе децении е откриен под лозје во Италија, јави Би-би-си.

Истражувачите од општината Неграр ди Валполичела северно од Верона објавија фотографии од добро сочуван мозаик на длабочина од еден метар.

Експертите уште пред сто години на место во близина откриле делови од римска вила, пренесе Би-би-си.

Археолозите внимателно ја отстрануваат земјата со цел да го утврдат севкупниот размер на античката градба.

Истражувачите ќе соработуваат со сопствениците на лозјето и локалните власти со цел да изнајдат начин ова скриено археолошко богатство да го направат достапно за јавноста.

На техничарите ќе им требаат значителни ресурси, а локалните власти ветија секаква потребна помош за да продолжат ископувањата.

Прикажи повеќе...

Екологија

Најавен пробен лет на најголемиот авион на електричен погон

Објавено пред

Најголемиот авион на електричен погон треба денеска да полета на пробен лет, кој се очекува да трае 30-ина минути над американската сојузна држава Вашингтон, објави лондонскиот „Гардијан“.

Авионот „цесна“, тип карван, кој прима 9 патници, е опремен со електричен мотор, а денеска ќе се вивне на небото само со пилот, на пробниот лет со просечна брзина од речиси 180 километри на час.

Користењето електрични мотори во авионите би била револуција во воздушниот сообраќај, кој е смета за еден од најголемите загадувачи поради емисиите на јаглерод во атмосферата.

Прикажи повеќе...

Забава

Парче долна облека на Елвис Присли на продажба

Објавено пред

Парче меморијали на кралот на рокенролот, Елвис Присли, е на продажба, нешто типично за неговиот стил на облекување – суспензор со појас со вештачки дијаманти.

Суспензорот (заштитник за гениталии) го направил еден фан за Елвис, а подоцна завршил во колекцијата на Џими Велвет, пејач што го отвори музејот „Елвис“ во Мемфис.

 

Даниел Вејд, менаџер на „Пол Фрејзер колектиблс“, кој го нуди на продажба во Велика Британија за 30.000 фунти (52.300 долари) тврди дека Елвис го носел неколкупати во 70-тите, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа е екстравагантно, апсурдно, ама е апсолутно Елвис“, рече тој,

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

МВР набавува ремени за 300.000 евра, а во полициската станица во Танушевци нема струја и вода

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена е без вода, алармираше...

Македонија1 час

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири...

Македонија1 час

Независен синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија3 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија3 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија3 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион4 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија18 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа18 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа22 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион22 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија22 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија23 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија23 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија24 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија24 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет1 ден

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Досие