Контакт

Забава

Стив Џобс беше груб и ужасен човек, открива неговата ќерка

Објавено пред

Ќерката на Стив Џобс го опишува татко ѝ како расипан човек кој успеал во животот. Вели дека неговото однесување било неподносливо за луѓето околу него – вработените, деловните партнери, семејството и пријателите. Книгата „Small fry“ со сите нејзини сеќавања за татко ѝ ќе биде објавена на 4 септември, а „Бизнис инсајдер“ објави неколку детали.

Најстарото дете на основачот на „Епл“, Стив Џобс, Лиза Бренан Џобс, која ја добил на 23-годишна возраст и негирал дека ѝ е татко сè додека тоа не било потврдено со ДНК анализа, вели дека со мајка ѝ живееле сиромашно и дека нејзиниот татко ретко ѝ посветувал внимание. Кога судот го принудил да плаќа алиментација, прво се осигурал случајот против него да биде готов пред јавно да го објави основањето на „Епл“ и да стане мултимилионер.

Како тинејџерка Лиза отишла да живее со Стив, и како што пишува во книгата, ѝ забранил да ја види мајка ѝ шест месеци. Кога се пожалила на татко ѝ и на маќеата дека се чувствува осамено и ги замолила да ѝ посакаат добра ноќ пред спиење, Стив ѝ рекол: „Ние сме ладни луѓе“.

Таа пишува дека Стив еднаш додека имал секс со сопругата барал и Лиза да биде во собата и да присуствува на тој „семеен момент“. Во повеќе наврати ѝ ги земал парите и ѝ велел дека нема да добие денар од него.

Суштината на книгата е всушност дека Стив Џобс на деловен план имал неверојатни достигнувања, но дека во приватниот живот бил многу груб и ужасен човек.

„На крајот – дали неговите достигнувања ја надминаа неговата грубост кон другите? Не знам. Знам дека често ги славиме луѓето поради нивните достигнувања без поблизу да погледнеме какви се како човечки суштества и како нивните амбиции влијаат на луѓето во светот“, пишува Лиза.

Сеќавањата на Лиза драстично се разликуваат од спомените на втората сопруга на Стив, Лорен Џобс, и неговите сестри.

Забава

Британските медиуми открија зошто Меган Маркл се смее на семејниот портрет

Објавено пред

На седумдесеттиот роденден на принцот Чарлс кралската палата објави официјални фотографии од целото кралско семејство.

На фотографиите позираа Чарлс, неговата сопруга Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните три деца, како и принцот Хари и сопругата Меган Маркл. На една од фотографиите сите се смешкаат, што не е вообичаено на официјалните портрети на кралството, пишуваат биртанските медиуми. На една фотографија, со нејзината насмевка, најмногу се истакнува Меган. Сега, британските медиуми открија и што толку ја насмеало.

Зад фотографот стоела дадилката Марија Борало, која се обидувала да ги насмее децата. Дадилката толку многу се потрудила што успеала да ги насмее и возрасните. Наводно сликањето траело само 15 минути и тоа поради децата кои не можеле да останат мирни.

Прикажи повеќе...

Забава

Сестрите од кланот Кардашјан-Џенер највлијателни ѕвезди во светот според „Лист“

Објавено пред

Ким Кардашјан Вест и нејзината помлада сестра Кајли Џенер се највлијателните личости во светот кога станува збор за модата.

„Лист“ ја објави својата годишна листа на највлијателни ѕвезди меѓу модните икони, а сестрите од кланот Кардашјан-Џенер ги зазедоа првите две места.

View this post on Instagram

KKW X KYLIE COMING NOV 23 KYLIECOSMETICS.COM

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Помладата Кајли (21) со 115 милиони следбеници и повеќе од два милиона пребарувања со нејзиното име оваа година го зазеде тронот. Колкаво е нејзиното влијание најдобро се гледа од случајот кога Кајли се појави во розов фустан на својот роденден, а потоа во пребарувањата со терминот „розов фустан“ е забележан пораст од 107 проценти во следните 48 часа.

View this post on Instagram

t-minus two hours

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Веднаш зад најмладата Кардашјан се наоѓа најпознатата Кардашјан – Ким. Таа стана првата личност што ја доби наградата за највлијателна личност на годината што ја доделува CFDA. Оваа година Ким ги врати во мода неонските костими за капење и тангите што се носеа во деведесеттите години и поради неа велосипедските панталони повторно станаа модерни. Таа му помогна на брендот „Фенди“ кога се појави од глава до петици во облека со нивното лого.

View this post on Instagram

I’ll just leave this right here…

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Третото лице на оваа листа е новодојдената војвотка на Сасекс – Меган Маркл. По правило, кога Меган ќе облече парче од некој бренд, следната недела се забележува пораст од 200 отсто во пребарувањата што се однесуваат на тој бренд.

Четвртото место го зазеде раперката Карди Б, а петтото Бијонсе.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џони Штулиќ даде интервју од 22 минути

Објавено пред

Иако со години тврди дека се повлече од јавниот живот и не сака да се занимава со земјите на поранешна Југославија, рок-легендата Џони Штулиќ во последно време често може да се чуе во српските медиуми.

Така, легендарниот фронтмен на „Азра“ даде 22-минутно интервју објавено на каналот YT Balkan Info. Џони зборуваше за политиката, за авторските права, па дури и за шпионирање преку компјутер.

„Сè е политика. Додека човекот живее, сакаш-нејќеш политика е. Ако не сте во политиката, тогаш политиката се занимава со вас. Не може да се избега од тоа“, рече Џони за политиката и заклучи дека хигиената е единствениот спас.

„Немаше ни во мое време никој, освен јас“, вели Џони кога новинарот Александар Павковиќ му рече дека на Балканот веќе нема луѓе како него.

Потоа се сети на Јосип Броз Тито. „Тито беше навистина голем човек“, рече тој. „Видете што направи со ист квалитет на луѓето, тие никогаш нема да може да го направат тоа“, додаде тој.

Инаку, Штулиќ се огласи во српските медиуми за да му одговори на актерот Раде Шербеџија, кој турнејата ја нарече по една песна од Бранимир (Џони) Штулиќ – „Мени се душо од тебе не растаје“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет6 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија8 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски9 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија9 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија20 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија24 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие